Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КултураОгромен мурал на фасадата на МКЦ изработен од од култните „ЗЕРО“Ликовната група ЗЕРО во моментов го завршувата своето уметничко дело - мурал, на надворешниот ѕид на кино Фросина во Младинскиот културен центар - Скопје.Истата ликовна група, пред 30-ина години го наслика култниот мурал во холот на МКЦ.Овој убав момент, ќе го одбележиме на 7 септември со коцертен настап на неколку бендови - информираат од МКЦ.По три децении од култниот мурал на ликовната група ЗЕРО во ЈУ Младински културен центар, тогашен Дом на млади 25 мај, ЗЕРО, повторно обединети (Александар Станкоски, Беди Ибрахим, Златко Трајковски, Синиша Цветковски, Зоран Јаневски, Роберт Михајловски, Горанчо Ѓорѓиевски, Стефан Шашков и Владо Манчевски - Марсо; со духовен и творечки благослов на Перица Георгиев - Пепси и Миодраг Десовски – Мишко, кои повеќе години се вон Македонија), пред нов предизвик: мурал со грандиозни димензии, 7,8 х 7.6 м. или вкупно 60м2 површина, од надворешниот ѕид на киното Фросина при ЈУ МКЦ . Знајно, потребата од каков било натамошен обид за експликација за значењето и големината на ваквиот зафат е целосно непотребна. Несреќен и брутален е суровиот факт дека градот Скопје, историска, географска, инфраструктурна, популациска..., според сите мериторни курентни параметри, во дваесет и вториот век, е сè уште град без ниту еден мурал! Си споменувате, во минатото муралот на ЗЕРО на фасадата кај боемската меана ЈОЛЕ, и муралот на „Куќата на зелените“ во градскиот парк, беа трајно уништени; истоветно и муралот на Мирослав Масин, Тања Балач, и Предраг Пепи Урошевиќ на некогашната стара железничка станица; како и муралот на ЗЕРО во штипскиот Дом на млади, иронично пребојадисан со поликолор „гнила вишна“. Подготовките за изработка на првиот мурал во градот Скопје се веќе завршени. Почетокот е денес, на 2 август, на Свети Илија, а пак на 7 септември, како сегмент од одбележувањето на дваесетипетте год. независна Македонија - официјалната промоција муралот, в блиската иднина ќе биде осветлен и ќе биде поставена урбана опрема и зеленило (согласно веќе изработениот проект од архитектот Јован Ивановски). Покрај овој мурал, ликовната група ЗЕРО во исто време, додека го создава муралот на надворешниот ѕид од киното Фросина, ќе го реставрира и веќе постоечкиот нивни култен мурал во холот на ЈУ МКЦ, кој исто така, планираме да го заштитиме и осветлиме со соодветна светлосна опрема со што во иднина ќе претставува постојана, трајна изложба, за што е и првично создаден во средината на 80-тите. Во текот на настанувањето на муралот, сиот процес ќе биде забележан од Стефан Шашков, за што во наредната година, ќе биде промовиран документарен филм во режија на Александар Станковски. ГРУПА “ЗЕРО” Групата „0“-Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма за вонинституционално генерациско дејствување на македонската ликовна сцена. Нивниот ироничнокритички уметнички став го означи методолошкиот и интерпретативен пресврт со раскинувањето на стереотипите на „големите модернистички наративи“. Преку интертекстуалноста, интермедијалноста, пародијата или субверзијата на историскo-идеолошките дискурси со различните стилски пристапи, групата стана препознатлив знак за македонската постмодерна. По долгогодишната апстиненција и одржувањето на нивната ретроспектива (2010), таа повторно се реконституира со својот цинично-ироничен необароктен проект „Досие-шлепер“. Од протозеро друштво произлезе „Зеро“ (нула, ништо, безначајност, бесконечност...), која е формирана во 1985 година во ориенталниот амбиент и институциите на Старата скопска чаршија. Групата има хетероген состав и отворен карактер. Со првата изложба беше најавена нивната ориентираност кон мултимедиумски истражувања и излегување од етаблираните норми. Групата дејствуваше заеднички пет години и во тој период оствари специфичен спој на западната и на источната уметност и духовна традиција (неоекспресионизмот, поп-артот, стрипот, графитите итн.). Заедничкото цртање и сликање даде свежи и впечатливи примери на надреалистички „автоматски ракопис“. Во сликите и муралите остварија сложена и послободна експресивна и декоративна структура. Хибридните ликови, форми и знаци се колажно или монтажно поврзани на неочекуван и инвентивен начин. Светлиот топол колорит некаде е комбиниран со темни тонови. Групата „Зеро“ го помина патот од непризнавање (од т.н. „музејска критика“) до признавање од поширок круг публика и познавачи. За нив различноста значеше припадност кон една друга Европа - Une autre Europe, сознание добиено по изложбата во Келн во 1990 година. Учеството во делата на групата се разликуваше меѓу членовите и публиката, се разликуваше од активност до активност, од настан до настан, од година до година. Важно е да се напомене дека, освен уметниците што ја сочинуваа срцевината на „Зеро“, многу други сликари, скулптори, музичари, писатели, критичари, поети, филозофи, новинари и студенти од различни факултети случајно, но постојано беа инволвирани во овој мошне редок феномен (барем што се однесува до Македонија) и ризоматски модел на партиципирачки и колаборативен уметнички проект. Затоа, кога се зборува за постконцептуалната тенденција на „Зеро“, од големо значење е да се потенцира нивниот интерес за современата уметничка практика и средина (видео, инсталација, збиднување, аудио и видеоперформанс, мурална и јавна уметност, воопштено), како и за отворената, колективна, колаборативна и партиципирачка структура на нивното дејствување (на пр., нанесување разни сликовни „сигнатури“ на ѕидна слика или, пак, заеднички потписи на проекти итн.). Иако не постои манифест за „Зеро“, ниту, пак, пишана програма, за нивната партиципација и мултиплицитет може да проговорат непишаните принципи на нивната уметничка практика. Мноштво креативци од таа област, професионалци или аматери, беа добредојдени да учествуваат во остварувањето на одредени настани и да придонесат кон групните перформанси или јавни сликања. Поради фактот што во годините по нивното разединување, во 1990 година (последната година пред Македонија да ја стекне својата независност), не постоеја никакви колективни уметнички збиднувања, Во 2010 година се случува нивната ретроспективна групна изложба во Националната галерија на Македонија и нивно враќање на уметничката сцена, а во 2011 се македонски претставници на 54-то Венециско биенале, а истата година следи и нивна изложба во Њујорк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМајка избоде три деца во Австралија, едното починаВо областа Блу Маунтинс во Австралија, мајка ги избоде своите три деца, а потоа и себеси. Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат потресната глетка Први на местото на настанот наишле велосипедисти кои минувале низ областа. Тие пружиле прва помош и повикале итна помош, но петгодишното дете починало пред пристигнувањето на медицинските екипи. Другите две деца – двете на возраст под пет години – и мајката биле пренесени во болницата Вестмид и во Детската болница во Вестмид. Сите се во критична состојба. Џули Сукар изјавила за „Најн њуз“ дека едно од повредените деца било бебе. „Видов жена како лежи во грмушките и бебе во носилка, а друга жена се обидуваше да ѝ помогне“, вели таа. „Од другата страна имаше уште едно дете. Не сфатив веднаш дека се три, сите само се обидуваа да помогнат.“ Мајката ќе се соочи со обвиненија за убиство Заменик-комесарот на полицијата, Питер Меккена, за „news.com.au“ потврди дека осомничената е мајката на децата. „Веруваме дека таа сама си ги нанела повредите“, рече тој. Тој додаде дека истрагата трае помалку од 24 часа. Полицијата планира да ја обвини мајката за убиство доколку таа закрепне од повредите опасни по живот. Според досегашните информации, насилството се случило на влезот од празен плац во близина на противпожарен пат во градот Вали Хајтс, каде што мајката го паркирала автомобилот. „Се чини дека локацијата била избрана случајно“, рече Меккена. „Ќе ја товариме за запирање на возилото таму, а доказите од местото на настанот укажуваат дека целиот инцидент се случил токму на таа локација. Немам објаснување зошто таа ја избрала токму таа локација.“ Полицијата потврди дека таткото на децата бил известен за инцидентот. Тој бил на работа во моментот на нападот. „Најтрагичните 48 часа“ Меккена истакна дека овој настан е дел од „најтрагичните 48 часа“ во неговата кариера, во текот на кои биле регистрирани четири сериозни случаи на семејно насилство. Во сите случаи, сторителите претходно не ѝ биле познати на полицијата. „Немавме сознанија за семејно насилство во тие врски, ниту пак постоеја какви било судски налози за забрана за приближување. Ниту едно од вклучените лица не ни беше познато во контекст на овој вид насилство“, изјави Меккена. „Не можеме да спречиме нешто за што не знаеме, но ова докажува дека такви работи можат да се случат насекаде и во секое време. Токму затоа ни е потребна помош од заедницата – ако се грижите за некого, известете нè.“ Тој наведе дека при убиствата било употребено ладно оружје и дека полицијата се сомнева оти сторителите биле во роднинска врска со жртвите. „Сè започна во саботата во близина на Вага, каде што 31-годишен маж наводно ја убил својата 23-годишна партнерка со ладно оружје“, рече Меккена. Мажот е обвинет за убиство. „Ужасот продолжи на плажата Бонди, каде што 47-годишен внук наводно ја убил својата 90-годишна баба, исто така користејќи ладно оружје“, продолжи тој. И тој е обвинет за убиство. „Потоа имавме случај во Мол Ривер, близу Тентерфилд, каде што 37-годишен маж ја убил својата 70-годишна мајка со ладно оружје.“ И тој маж е обвинет за убиство. Апел од полицијата и активистите Меккена нагласи дека семејното насилство останува главен приоритет за полицијата на Нов Јужен Велс. „Ако некој се чувствува заробен во врска и мисли дека нема излез, ве молиме знајте дека излез постои“, рече тој, повикувајќи ги таквите лица да стапат во контакт со полицијата или со други надлежни служби. Тој додаде дека полицајците кои интервенирале во овие случаи ќе ја добијат сета потребна стручна поддршка. „Овој викенд беше вистински ужас. Секое место на настаните беше навистина страшно. Им пружаме поддршка на колегите кои беа таму и кои, во некои случаи, се обидуваа да спасат животи со свои раце. Човек би морал да биде од камен за да не биде погоден од ова.“ Табита Акрет, чија ќерка била избодена 78 пати од нејзиното поранешно момче, изјави за „news.com.au“ дека викендот ја истакнал сериозноста на проблемот со семејното насилство во Австралија. „Ова е најлошиот викенд досега и живописно ја прикажува целосната ужасност на семејното насилство. Итно ни се потребни ресурси – средства за безбедност на жртвите, но и сериозни вложувања во превенцијата“, рече таа. Извор: Индекс.хрТагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп, сепак, нема да помогнеЗа време на телефонски разговор со јеменскиот претседател Рашад ал-Алими, американскиот претседател Доналд Трамп не дал директно ветување за американска воена поддршка во борбата против Хутите, потврдија денес за Ројтерс повеќе независни извори.Еден јеменски и еден западен извор наведоа дека Алими побарал американска поддршка за својата влада – која е поддржана од Саудиска Арабија – во борбата против Хутите, кои зазедоа клучни области долж теснецот Баб ел-Мандеб за време на офанзивата овој месец. Трамп претходно изјави дека САД се во контакт со Хутите и дека групата сигнализирала оти нема да ги напаѓа американските бродови. Тој, исто така, ги одби барањата на Саудиска Арабија за воена поддршка против Хутите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00