Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
1Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотОгромен кит е ослободен, откако повторно се насука на гребен во Балтичкото Море (ВИДЕО)Грбав кит кој со денови беше насукан покрај балтичкиот брег на Германија, успеа да се ослободи доцна во саботата.Грбав кит кој со денови беше насукан покрај балтичкиот брег на Германија, успеа да се ослободи доцна во саботата откако се заглави на друг песочен нанос, изјави портпаролот на министерството за животна средина на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Го следеше поморска полиција Китoт го следеше поморската полиција, рече Клаус Танцен, додавајќи дека се плашат дека, со оглед на тоа што водите во областа се многу плитки, животното би можело повторно да се заглави. Несреќното животно привлече големо медиумско внимание откако се насука на песочен нанос кај германското одморалиште Тимендорфер Штранд во близина на Либек рано наутро во понеделник. Неколкудневните напори за ослободување на китот, долг помеѓу 12 и 15 метри, се покажаа неуспешни сè додека спасувачите не ископаа канал во околното песочно подрачје со пловечки багер во четвртокот, дозволувајќи му на китот слободно да отплива следната ноќ. Китот повторно се насука, но успеа да се извлече Но, екологистите и морски експерти изразија страв дека китот повторно би можел да се заглави во плитките води во Балтичкото Море, бидејќи по пливањето бил виден како се враќа во поплитко подрачје. Тоа се оствари во саботата. Китот повторно се насука на песочна ридка во заливот Висмар, околу 40 километри источно од Тимендорфер Странд, соопшти Гринпис. Но, на крајот сè заврши добро кога животното сепак успеа да излезе од плитките води и да отплива. Големите китови, како што се грбавите китови, не се родени во Балтичкото Море, но повремено завршуваат таму откако ќе следат јата риби во потрага по храна.Тагови: Балтичкото Море китови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во СрбијаПретседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
БалканСтудентите ја прославија победата во центарот на БелградВеднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter