Огромен интерес за премиерата на “Ана Комнена” во Велес

Премиерата на претставата „Ана Комнена“ се подготвуваше повеќе од две години - вели уметничкиот директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев.

На сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот “ во Велес вечерва ќе се одржи премиерата на претставата „Ана Комнена“ по текст на Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.


Во претставата учествува целокупниот ансамбл на Велешкиот театар, а главната улога ја толкува актерката Кети Борисовска.

Претставата ја следи личната драма на Ана Комнена - наследничка на Византискиот трон која никогаш нема да го добие жезлото поради тоа што е жена. Се работи за комплексна, интелигентна претстава која ќе најде свое место не само меѓу велешката публика туку и на многу фестивали - вели уметничкиот директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев за Канал 5.

Со него разговараше Ана Милевска Георгиева.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер