ТехнологијаОгромен експеримент:Кина ќе управува со времето на 580.000 квадратни километриКинеската влада вложува многу во развојот на технологијата, но соседите го обвинуваат Пекинг дека ги игнорира последиците за остатокот од светотКина започнала амбициозна програма за управување со временските услови, зафаќајќи површина од 5,5 милиони квадратни километри, што ја прави областа поголема од цела Индија. Станува збор за експериментална програма, која Пекинг се надева дека ќе ја заврши до 2025 година, која се занимава со управување со времето засновано врз нови технологии и истражувања на кинеските научници. Во текот на следните пет години, областа опфатена со програмата за вештачки дожд и снег ќе се зголеми за да се достигне планираната област, а во исто време околу 580.000 квадратни километри ќе има заштита од вештачки град.. Кинеските научници се надеваат дека програмата ќе резултира со технологија што ќе се користи насекаде, од помагање во случај на лошо време, до подобрување на земјоделското производство и одговор на итните случаи во случај на пожар и помагање во случај на невообичаено високи температури или суши. Кина веќе ја користи својата технологија за управување со времето. Пекинг е веќе познат по тоа што има небо без облаци на моменти на важни состаноци и ја применувал технологијата на сјај во облаците пред Олимписките игри во 2008 година за да го намали смогот и да се избегне дожд на важните натпревари. Сеидбата на облаци како концепт постои со децении, пишува Си-Ен-Ен. Едно американско истражување, финансирано од Националната фондација за науки на САД, објавено на почетокот на оваа година, заклучи дека сеењето на облак може да предизвика снег на голема површина кога атмосферските услови се поволни .Кина, од друга страна, и покрај недокажаните теории, значително ја финансирала работата на новата технологија, ставајќи многу надеж во неа. За пет години, меѓу 2012 и 2017 година, инвестирала повеќе од 1,34 милијарди американски долари во програми за управување со времето. Државната агенција Ксинхуа минатата година објави дека програмите за промена на времето помогнале да се намали големината на градот за 70 проценти во западната провинција Ксинџијанг, каде земјоделството е една од клучните гранки. Кинеските игри со времето создадоа проблеми во соседна Индија, чие земјоделство зависи од сезоната на монсуни, која и онака е во неволја и стана непредвидлива поради климатските промени. Прашањето се прелева и на чиста политичка територија, бидејќи многумина веруваат дека технологијата може да и донесе предност на Кина во случај на иден судир меѓу двата соседни титани. Двете земји неодамна влегоа во конфликт на нивната граница. И за многу други, оваа програма, а особено недостатокот на меѓународно, заедничко управување, е многу проблематична. Имено, иако Кина го користи за домашни цели, тоа има влијание врз соседните земји, а потенцијално и пошироко. Националниот универзитет во Тајван веќе пријавил дека Кина „краде дожд“ меѓу соседните региони. Клучниот проблем тука е недостатокот на систем за "провери и сопирачка". - Научните докази и политичките оправдувања за вештачка промена на времето не се предмет на дебата во Кина. Кинеското раководство се согласува со употребата на технологија за модифицирање на времето, а алтернативните ставови воопшто не се слушаат, се вели во извештајот на тајванскиот универзитет. Некои експерти веќе изразија загриженост за преамбициозната Кина, која страда од ефектите на климатските промени, и која ќе избере да игра со уште поголеми геоинженерски проекти и да примени радикални методи за намалување на температурите со непознати последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕрдоган: Членството во Европската унија повеќе не е приоритет за ТурцијаТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската унија повеќе не е приоритет за Турција..Во интервју за Ал Џезира, кое целосно треба ќе се емитува денеска, Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа. Претседателот на Турција во интервјуто изјави и дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со враќањето на Турција во програмата за воени авиони Ф-35 и дека чека да биде исполнето. Турција претходно беше исклучена од мултинационалната програма Ф-35 во 2019 година откако го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400, за кој Вашингтон тврдеше дека може да ги загрози „Стелт“ авионите..Тагови: Ердоган Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Изјавите за „намалена инфлација“, се наменети исклучиво за пропагандни целиСтандардот на граѓаните опаѓа - Мицкоски и ВМРО-OКГ немаат економски резултатиОваа Влада на Мицкоски од почеток во 2024 година се занимава само со пропаганда. Без ниту еден реален резултат на полето на економијата и европските интеграции - двете основни теми во нивните предизборни ветувања. Единственото во што се успешни е криминалот и корупцијата. Зошто Мицкоски постојано во медиумите ја споредува економијата со 2022 година? Затоа што во 2022 година беше пикот на енергетската криза, кога инфлацијата кај нас достигна рекордни 19,8 % ама и во целиот свет. Кога денешната состојба ја споредуваш со најлошиот можен период во поновата економска историја, секој резултат изгледа како „огромен успех“. Реалните податоци на Државниот завод за статистика за јули 2026 година покажуваат сериозен пораст на цените, транспортот и кај угостителските услуги. Овие поскапувања директно го јадат буџетот на граѓаните и ги зголемуваат трошоците за основните прехранбени производи. Анализата базирана на податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка покажува дека куповната моќ на денарот од 2022 година до денес е намалена за околу 30% кај основните производи. Она што во 2022 година можеше да се купи за 1.000 денари, денес чини 1.300 денари. Изјавите за „намалена инфлација“, објавите на статистики и графиконите што Мицкоски ги црта на табла се наменети исклучиво за пропагандни цели. Ниту еден збор, ниту графикон, не може да го убеди граѓанинот дека живее подобро - народот чувствува и живее многу полошо. Кумулативниот ефект е јасен: цените се заглавени на високо ниво. Ако еден производ во 2022 година поскапел за 16 %, а во 2026 година поскапел за дополнителни 2,3 %, граѓаните денес го плаќаат значително поскапо отколку пред кризата. Инфлацијата паѓа на хартија, но цените сè поскапени, и се уште растат. Падот од 16 % на 2,3 % значи само дека цените продолжуваат да растат, но со побавно темпо. За да поевтинат производите во маркетите, стапката на инфлација би морала да биде во минус (дефлација). Се додека бројката е позитивна - цените одат нагоре. Намалената инфлација во моментов не значи олеснување на животот, туку само стагнација на веќе паднатиот стандард. Заради својата неспособност и политика на криминални тендери, оваа Влада за само две години ја задолжи Македонија со повеќе од 2,5 милијарди евра. И тоа не во време на криза, кризата со нафтените деривати дојде многу подоцна. Посебно треба да се напомене дека Орбановиот кредит од 1 милијарда евра (кинески пари) е заем што е под истрага во Унгарија. Покрај тоа што земја кандидатка за членство во ЕУ зема кинески пари, во истрагата ќе бидат посебно разгледувани каматните стапки и сомнежите за исплатени провизии. Владата не усвои ниту една единствена мерка што ја предложи СДСМ во кризата, а со која ќе се заштити животниот стандард. Денес Владата предводена од Мицкоски продолжува со задолжувања секоја недела. Речиси не поминува недела без нов кредит. Пензискиот фонд е загрозен, тоа го констатираше и ММФ. Вториот пензиски столб е под знак прашалник, со реална опасност од национализација на парите што граѓаните ги уплаќале како дополнителна сигурност. Не е потребна никаква статистика за граѓаните да видат како живеат. Доволно е да погледнат во своите фрижидери и паричници. Сè е празно. Нема графикон што ќе им објасни дека живеат добро и дека сме трета економија во Европа. Статистиката, лажните вести и Гебелсовата пропаганда не полнат стомаци. Единствениот пат на Македонија е патот кон Европската Унија, отворање на нов пазар од над 450 милиони жители, претпристапни фондови, грантови и бесповратни средства. Европа нема алтернатива. Изолацијата што ја спроведува ВМРО-ОКГ и Мицкоски заради своите лични интереси носи богатство и сигурност само за нив. Граѓаните повеќе не сакаат пропаганда и лаги. Сакаат правда и подобар живот за себе и за своите семејства. Скопје, 16.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во 2022 година во јули инфлацијата била над 14 проценти, сега е 2,3 процентиИнфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски.Инфлацијата во Македонија е значително пониска од просекот во Европската унија, а земјава е втора во регионот според трошоците за живот за месец јули, вели премиерот Мицкоски, кој направи споредба со периодот од пред четири години кога, како што рече, инфлацијата била двоцифрена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06