Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза
1Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза
3Уставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирање
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
ЖивотОгромен дијамант ископаа Канаѓани во Боцвана, претседателот сепак позираше со него (ФОТО)Канадската рударска компанија Lucara Diamond Corp објави дека ископале масивен камен од 2.492 карати (или 498,4 грама) во својот рудник за дијаманти Карове во североисточна Боцвана.Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси во четвртокот позираше со овој џиновски дијамант, објави ДВ. Овој дијамант е најверојатно вториот по големина досега пронајден на Земјата, по 3.106-каратниот дијамант Кулинан, откриен во Јужна Африка во 1905 година. Поголем црн дијамант исто така бил пронајден над земјата во Бразил кон крајот на 1800-тите, но се верува дека бил дел од метеорит. Лукара не ја процениле вредноста на дијамантот ниту коментирале за неговиот квалитет, но го нарече „еден од најголемите необработени дијаманти некогаш откриени“. Лукара рече дека дијамантот е откриен и извлечен со помош на неговата технологија „Mega Diamond Recovery X-Ray Transmission“, инсталирана во 2017 година. Оваа технологија овозможува идентификација на големи камења во карпата пред вадењето, со цел да се избегне нивно случајно оштетување или кршење при екстракција, што претходно беше честа појава во индустријата. „Воодушевени сме од откритието на овој исклучителен дијамант од 2.492 карати“, рече претседателот на Лукара, Вилијам Ламб, додавајќи: „Ова откритие не само што го демонстрира извонредниот потенцијал на нашиот рудник Карова, туку ја потврдува и нашата стратешка инвестиција во напредната технологија [пренос на Х-зраци]. Способноста да се извлече таков масивен, висококвалитетен камен во целост ја покажува ефикасноста на нашиот пристап кон обновувањето на дијамантите и нашата посветеност да ја максимизираме вредноста за нашите акционери и засегнати страни. Тобијас Корминд, управен директор на 77 Diamonds, најголемата онлајн продавница за дијаманти во Европа, изјави за АФП дека со оглед на оваа нова технологија, „веројатно ќе видиме повеќе вакви откритија во иднина“. Владата на претседателот Мокгвици Масиси го опиша дијамантот како втор по големина во светот, а Масиси позираше со скапоцениот камен во неговата канцеларија во главниот град Габороне. Индустријата за ископување дијаманти е од суштинско значење за Боцвана, при што дијамантите сочинуваат повеќе од половина од финансиската вредност на вкупниот извоз на земјата. Лукара во изјавата рече дека индустријата за дијаманти „обезбедува широк спектар на социо-економски придобивки за земјата кои го надминуваат рударскиот сектор“, наведувајќи ги „критичните области како што се образованието и здравството“ како корисници. Ова е трет многу голем дијамант откриен во рудникот Карове во последните неколку години. Дијамантот од 1.758 карати, откриен во 2019 година, претходно беше најголемиот ископан во Боцвана и го доби името Sewelô, што значи „ретко откритие“ на јазикот сецвана. Рудникот Карове, исто така, откри дијамант од 1.174 карати во 2021 година, користејќи ја истата технологија со рендген.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берзаМакедонските компании во следните неколку недели ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза. Проектот се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој, а како што посочи директорот на Македонска берза Иван Штериев во периодот кој следи ќе се разговара и со компании од ИТ секторот. Оттаму велат до 10 домашни компании ќе добијат стручна подготовка за пристап до пазарот на капитал, преку можност за финансирање со издавање акции и обврзници .. Во првиот проект ќе има одреден број компании, а ако некоја од нив реши и го направи овој чекор, ќе има втор проект, условно договорен, за конкретна поддршка и на таа оперативна фаза.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеаКога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите .Кога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите додека пријавувате семејно насилство се одвишок и наскоро можат да станат минато. ЦУК најави дека 112 ќе биде надграден со апликацијата „Where are U“ - систем, кој треба да направи разлика меѓу навремената интервенција и трагичниот исход. Таа ќе овозможува прецизно испраќање на локацијата, како и видео и фотографии до службите од местото на настанот или несреќата, воедно и ќе овозможи видео повик со Оперативниот центар. На оние кои се под закана од семејно или било какво друго насилство, ќе им даде можност тивко и безбедно да побараат помош. -Наскоро, нашите граѓани ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where are U“, која ќе им овозможи да го споделуваат точното место, фотографии и видеа од местото на настанот, како и директна комуникација со оперативниот центар во случаи на итност. Воедно ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата во опасност да побараат помош на тивок начин,- -Мухамед Али – Директор на Центар за управување со кризи. Оваа апликација постои во повеќе земји со повеќе имиња, односно над 25 земји членки веќе имаат активирани системи за автоматско и прецизно испраќање на локацијата, на кој се базира и конкретната апликација „Where are U“, која е италијански модел, кој тежи шест мегабајти, и кој веќе има над еден милион преземања и широко е распространета во Европа. -Со активирање на „локацијата“ на вашиот телефон мобилен телефон, а потоа со кликнување на апликацијата, за неколку секунди ќе се појави вашата позиција таму каде што се наоѓате. Во овој момент, ако ви треба помош, притискате 112 да ни пријавите итен случај. На мониторот на нашиот оператор ќе се појави каде е повикувачот пронајден и ќе знаеме точно каде истиот се наоѓа,- - Фабио – Вработен во 112 – Италија. Годишно, според податоците на Европската комисија, најмалку 300.000 луѓе не можат да ја наведат точната локација кога повикуваат 112, а дури 82% од повиците на овој број за итни случаи се направени од паметни телефони, што е клучно за брза интервенција и пресудно за спасување на живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирањеУставниот суд не обезбеди мнозинство при гласањето за да се прифатат иницијативите од Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Од Уставен соопштија дека од вкупно 9 уставни судии, седуммина биле присутни, но ги немало потребните 5 гласа ЗА, за да донесат било каква одлука и затоа по предметот ќе се гласа на некоја од следните седници. Подносителите во иницијативите наведуваат дека оспорените одредби промовираат дискриминаторски пристап за помалите партии, додека четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите се потполно исклучени. Судијата известител Осман Кадриу предложи да се поведе постапка за двете иницијативи и да се оценуваат спорните одредби со аргументи дека изборната регулатива што се оспорува е штетна, противуставна и непропорционална, а помалите партии се дискриминирани за разлика од поголемите кои се привилигерани. Поддршка дадоа и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, судијките Ана Павловска Данева и Добрила Кацарска, иако имаше забелешки за неговата содржина. - Сметам дека оспорувањето е основано, прави градација помеѓу политичките партии на тој начин што за поголемите партии предвидува привилегиран пристап до медиумите и до државните средства за рекламирање. На помалите партии на дискриминаторски начин им се оневозможува фер начело во изборната кампања за сите видови на избори што ги имаме, локални, парламентарни и претседателски. Оваа дискриминација се забележува посебно во нееднаквиот пристап и во можностите во изборните процеси на сите политички партии, изјави Кадриу. – За плурализмот од суштествено значење е резултатот од слободните и демократски избори да биде резултат до кој е дојден низ еден процес во кој сите засегнати имале еднакви и фер шанси да ги понудат своите политички понуди. Дали со овие норми е тоа така направено? – Апсолутно, не. – изјави Костадиновски. – И во овој модел на пропорционално плаќање и претставување треба да постои еднаквост, можност за сите, а сообено ако ОБСЕ тврди дека се исклучени одредени политички субјекти, тоа веќе зборува и за дискриминација и нееднаквост, изјави Павловска-Данева. За разлика од овие ставови, дел од уставните судии се изјаснија против поведување постапка за иницијативите, а меѓу нивните аргументи беа дека на таков начин ќе се појави правна празнина за политичкото рекламирање, а Уставниот суд пред три години одлучувал по истите оспорени членови и веќе се произнел со неповедување постапка. Сметаат дека Собранието, а не Уставен е надлежно за промена на спорните законски решенија. -Со оглед на тоа дека во услови кога тешко се постигнува консензус за измени и дополнувања на новиот Изборен законик со евентуалното потенцијално наше носење на одлука за поведување постапка, подоцна и за укинување на тие решенија ние ќе оставиме ден простор којшто нема да биде регулиран и во недостиг на законски одредби всушност нема да постои според мене платеното политичко рекламирање, изјави судијката Татјана Васиќ Бозаџиева. -Судот ќе ги отфрли овие иницијативи ако за ова веќе одлучувал, а не постојат основи за поинакво ослучување, изјави судијата Насер Ајдари, а со сличен став беше и Фатмир Скендер. Од Левица денеска предупредија дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Според нив Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик, а проблемот велат не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter