Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
ТехнологијаОгромен астероид ја смени траекторијата, би можел во 2068 да удри во Земјата Научниците по најновите пресметки, утврдиле дека постои веројатност Земјата да биде погодена од огромниот астероид Афофис во 2068 година.Ова не е прв пат астероидот со име 99942 Apophis да ги загрижува астрономите. Во декември 2004 година, првичните мерења покажале дека постои веројатност дека во 2029 година ќе ја погоди нашата планета. За среќа, последователните анализи на неговата траекторија откриле дека таа година во април на петок 13-ти (да, петок 13-ти) ќе лета многу близу до Земјата, но дека нема да има судир. Астрономската заедница по некое време се смири. Точно, вселенските агенции порано објавуваа дека е забележан астероид кој е категоризиран како потенцијален опасен објект (PHO) или како објект близу Земјата (NEO), но тоа не значи автоматски дека таквото тело претставува закана за нашата планета. Ова би било случај само доколку било во исто време на списокот на предмети што би можеле да ја погодат Земјата - како што е случајот со Афофис. Астероидите или NEO објектите, честопати прелетуваат релативно близу до Земјата, а медиумите имаат тенденција да претеруваат со изјави за нивната опасност само врз основа на тоа што тие се класифицирани во категориите PHO и NEO, кои се звучни имиња. Но, што воопшто значат овие категории? NЕО е секој објект што поминува покрај Сонцето на растојание помало од 1,3 AЈ (AU, астрономска единица). AЈ ја означува приближната оддалеченост на Земјата од нашата sвезда и изнесува 150 милиони километри. Ова значи дека се работи за тела што ќе поминат близу до нашата планета во релативна смисла. На пример, некој астероид од категоријата NEO може да помине на растојание од 6,3 милиони километри од нашата планета, што е всушност далеку. За споредба, Месечината е во просек од нас оддалечена 384.400 километри. Афофис, пак, ќе помине низ областа низ која минуваат сателитите во 2029 година - што ќе биде прилично блиска средба за објект од категоријата NЕО. Потенцијално опасен објект (ПХО) е вселенски објект чиј дијаметар е поголем од 140 метри и кој поминува на растојание од 0,05 AJ (7.500.000 км) или помалку од Земјата. Научниците од Институтот за астрономија на Универзитетот во Хаваи пред неколку дена објавија дека откриле дека Афофис бил под влијание на ефектот Јарковски, што значи дека некои делови се загреваат побрзо од другите и забрзуваат на патот кон Земјата. Поради ова забрзување, имало мала промена на траекторијата и постои мала можност да ја погоди Земјата во 2068 година. Општо земено, веројатноста да ја погоди Земјата за оваа големина на астероид е една во 80.000 години. Ударот на Земјата би создал регионална катастрофа и ќе уништи и изгори област широка стотици километри, а штетните последици би биле глобални, со влијание врз климата. Овој астероид припаѓа на карпестите астероиди и може да содржи околу 20 проценти железо. Не е позната неговата внатрешна структура и се проценува дека неговата просечна густина е нешто под 3 тони на метар кубен. Кога огромната карпа именувана по египетскиот бог на хаосот Афоф ќе помине покрај нас во 2029 година, ќе можеме да ја видиме и со голо око, пишува 7News.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook