Граничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата
Невидено невреме ја погоди Италија- градот и торнадото оштетија катедрала, десетици луѓе се повредени (ВИДЕО)
1Граничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата
2Невидено невреме ја погоди Италија- градот и торнадото оштетија катедрала, десетици луѓе се повредени (ВИДЕО)
3Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
ЖивотОграбувачи на банка побарале помош од полицијата- заглавиле во ископаниот тунел (ВИДЕО)Банда ограбувачи на банки била принудена да ја повика римската полиција на помош, за да ги извлече од тунелот кој самите го ископале, но пропаднал при грабежот, кој очигледно лошо го испланирале, објавија денеска италијанските медиуми.Припадниците на спасувачката служба вчера вечер околу 20 часот од урнатиот тунел извлекле повреден маж и го пренеле во болница, додека полицијата привела тројца негови соучесници во грабежот. Се претпоставува дека повикот за помош го испратил еден од разбојниците. Членовите на бандата, двајца Римјани и двајца Наполитанци, го искористиле долгиот викенд среде Ферагосто, кога повеќето италијански бизниси се затворени, за да упаднат во банката и во околните бизниси. Но, нивниот план не се исполнил откако го ископале тунелот до банката, кој се урнал, па биле принудени да повикаат полиција на помош. „Помогнете, ве молам, дојдете да не ослободите“, бил повикот на човек до спасувачката служба откако се урнал тунелот што го ископал заедно со колегите. Припадниците на спасувачката служба, вклучително и експерти обучени за помош по земјотреси, морале да ископаат втор, паралелен тунел за да им помогнат. 🔴 #Roma, dopo 8 ore di lavoro i #vigilidelfuoco sono riusciti ad estrarre ancora in vita l’uomo rimasto sepolto per il crollo durante l’esecuzione di uno scavo sotterraneo in via Innocenzo XI. Accertamenti sulle cause [#11agosto 19:30] pic.twitter.com/vfSHSs64IO — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) August 11, 2022 Медиумите јавуваат дека за време на спасувањето на заробените им биле дадени течности и кислород кои ги одржувале во живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГраничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата Страшно злосторство го потресе денеска Велико Градиште откако граничниот полицаец Б.К. ги убил својот зет и внука. Тој, исто така, ги застрелал мајката на неговата сестра и зет, а потоа извршил самоубиство, дознава Telegraf.rs.Тој го убил својот зет и неговата деветнаесетгодишна внука со пиштол, а лекарите се борат за животите на неговата сестра и мајката на неговиот зет, објави Телеграф. Според информации на Телеграф, ужасното злосторство се случило во семејна куќа на мирна улица во Велико Градиште во Србија, денеска околу 13:30 часот. Се слушнале истрели, а злосторството го открила девојка која возела велосипед во близина. Таа забележала тело во дворот. Мажот Б.К., граничен полицаец, со пиштол ги застрелал својата сестра, нејзиниот сопруг, кој е пожарникар-спасувач, нивната ќерка и мајката на пожарникарот. Внуката и зетот починале на лице место, додека сестрата и нејзината свекрва се борат за живот. После тоа, полицаецот извршил самоубиство. Според нашите информации, на ова злосторство му претходел конфликт околу нерешени имотно-правни односи. На местото на злосторството, моментално се наоѓаат двајца обвинители, заменик-главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Пожаревац и дежурниот обвинител. Сè е преполно со полиција. Истрагата е во тек, а соседите се загрижени. - Еден сосед правел скара и слушнал два истрели. Бидејќи куче шетало таму со денови и некој го пуштил, прво помислил дека некој всушност го убил тоа куче“, изјавиле мештаните за Telegraf.rs, додавајќи дека во тој момент кучето почнало да лае - рекол соседот.Тагови: србија зетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМладински фудбалски турнир во Бардовци Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево, во организација на ФК „Лепенец“, на фудбалските терени на клубот , во населеното место Бардовци започна дводневниот младински фудбалски турнир.Во него учествуваат 32 екипи поделени во две генерации: 2016 (шеснаесет екипи) и 2017-та година (шеснаесет екипи). Овој настан има за цел да ги промовира спортските вредности, фер-плејот, другарството и здравиот развој на младите генерации преку спортот. На спортскиот турнир, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, кој истакна дека спортот е одлична можност младите да го развиваат својот потенцијал, да се учат на дисциплина, одговорност, правилни животни вредности и да ја насочуваат својата младешка енергија во вистински правец. Како знак на благодарност за поддршката и придонесот кон развојот и промоцијата на спортот, претседателот на ФК „Лепенец“, м-р Игор Божиновски, му врачи благодарница на градоначалникот Лукровски. Општина Карпош, како локална самоуправа е покровител на овој спортски настан. Општината и во иднина ќе инвестира во промоција на спортски настани, млади спорски таленти и спортски турнири. Саботното претпладне, градоначалникот Лукровски го искористи и за посета на црквата Св. Троица во Бардовци, каде ќе се одржи последната вечер од Карпошовото културно лето. Имено, во дворот на оваа црква, вечерва настапува фолклорниот ансамбл „Етнос“, а потоа карпошани ќе уживаат во веселите звуци на незаборавните фолк пејачи, Душко Георгиевски, Миле Кузмановски и Зуица Лазова. Општина КарпошКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПорше го претстави ексклузивниот 911 GT3- ќе се продава само во четири земји (ФОТО)Porsche подготвува една од најексклузивните верзии на актуелниот 911, која ќе се нуди само во четири европски земји. Porsche официјално ќе го претстави 911 GT3 Bergsport на 1 септември. Тоа е специјална верзија посветена на возење по кривулести планински патишта и алпски превои. Проектот е создаден со соработка на претставништвата на Porsche од четири алпски земји: Франција, Италија, Австрија и Швајцарија. Овие четири пазари ќе бидат единствените каде што официјално ќе се нуди Bergsport. Самото име потсетува на лесните тркачки автомобили на Porsche од 1960-тите, наменети за планински трки и планински патишта. За разлика од претходните Bergspyder, кои беа дури и без покрив поради намалување на масата, новиот GT3 Bergsport треба да ја задржи класичната, затворена форма на каросеријата со шофершајбна и покрив. Само 100 примероци Porsche сè уште не ги откри сите детали за автомобилот, но според досегашните информации, еден од неговите препознатливи елементи треба да биде задниот спојлер во стилот „ducktail“. Исто така, ќе се разликува од стандардниот 911 GT3 по посебни детали во ентериерот, вклучувајќи го и уникатниот кожен тапацир. Се очекува познатиот 4,0-литарски атмосферски шестцилиндричен боксер мотор од сегашниот 911 GT3 да остане под хаубата, но Porsche сè уште официјално не ги потврди неговите спецификации. Во исто време, Bergsport не треба да биде сосема одделен модел, туку специјално дизајнирана и подесена верзија на GT3 чиј карактер е фокусиран на возење по кривулести алпски патишта. View this post on Instagram A post shared by PORSCHE GT (@porsche.gt.br) Според досегашните информации, ќе се произведуваат само 100 автомобили. Доколку се распределат рамномерно помеѓу четирите пазари, секоја земја би добила само околу 25 примероци, иако Porsche сè уште не објави како ќе изгледа вистинската дистрибуција. Информациите за автомобилот се појавија дури и пред официјалното објавување, откако деталите беа накратко објавени на австриската веб-страница на Порше, а потоа отстранети.Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook