Ограбен домот на Крис Бош - Канал 5

Ограбен домот на Крис Бош

Додека Крис Бош крислниот центара на НБА лигашот Мајами во еден луксузен бар во Мајами го прославувал својот 29 роденден, каде се било во знакот на Мароко,имало и жива камила , крадци го посетиле неговиот дом и направиле штета од околу 340 000 долари.

Ограбен домот на Крис Бош


Среќниот ден на Крис Бош завршил со едно непријатно изненадување при неговото враќање во топлото фамилијарно гнездо . Засега непознати крадци го посетиле неговиот дом и од него однеле 12 часовници , 20 000 долари и неколку други ситници , се во вредност од околу 340 000 долари.
Бош во разговорот со полицијата им пренел дека веднаш по влегувањето во својот дом заедно со сопругата забележале дека некои ствари не се на своето место ,и тогаш сфатиле дека се ограбени .

По истрагата е утврдено дека не се забележани знаци на провалување во куќата на Крис Бош вредна 12,3 милиони долари , по што полицијата веднаш започна со испрашувањето на чуварот, бебиситерката ,мајсторот и сите оние кои имале пристап до сите простории во домот на кошаркарот на шампионот Мајами и знаеле каде се наоѓаат накитот и сличните вредности.

Бош може да биде задоволен што неговиот шампионски прстен освоен со Мајами сепак не бил украден.

Интересно во домот на Бош додека траела неговата роденденска прослава биле присутни две бебиситерки, еден тинејџер и две деца.
Крис Бош на журката за својот 29 роденден во луксузниот клуб во Мајами пристигна со хеликоптер и јахта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Нова улицa и над 100 нови паркинг места

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на асфалтирањето на новопроектираната улица СТУ 3 која ги поврзува улиците „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“. 

Општина Битола: Нова улицa и над 100 нови паркинг места

Улицата е со вкупна должина од 421 метар, а согласно проектот планирани се над 100 нови паркинг места во овој реон.

Вкупната вредност на инвестицијата во инфраструктурата изнесува 19.627.446 денари, а средствата се обезбедени од првиот повик на Владата преку Министерството за транспорт.

Претходно, во овој дел беше изведен сепаративен систем на канализационата мрежа за фекална и атмосферска канализација. Вкупната вредност на зафатот изнесува 7.469.131 денари, а изведувач на работите беше ЈП „Нискоградба“ со средства обезбедени од првиот владин повик.

Поставена е и нова водоводна инсталација чија вредност изнесува 2 милиони денари, изведена од ЈП „Водовод“ Битола со средства обезбедени од Буџетот на Општина Битола, како и комплетна електро инсталација за улично осветлување со вредност од 1.919.206 денари, финансирана од првиот повик на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, се подалеку од Барселона

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, трансферот во Барселона изгледа сè помалку веројатен.

Алварез им признал на соиграчите дека направил грешка, се подалеку од Барселона

По повеќенеделната сага, Аргентинецот го промени ставот и сега сè повеќе ја прифаќа можноста да остане во Мадрид.

Хулијан Алварез почна да ја прифаќа можноста дека ова лето нема да заврши во Барселона и направи важен чекор кон смирување на ситуацијата во соблекувалната на Атлетико Мадрид.

Аргентинскиот напаѓач разговарал со своите соиграчите и им признал дека направил грешка во начинот на кој постапил во врска со интересот на каталонскиот клуб.

Според извештаите на шпанските медиуми, Алварез претходно не разговарал со соиграчите за својата ситуација на овој начин.

Со признавањето на грешката Алварез го увери тимот дека неговата посветеност кон Атлетико нема да биде доведена во прашање, без оглед на тоа колку долго уште ќе остане во Мадрид.

Без разлика дали станува збор за неколку дена или за една или повеќе сезони, Аргентинецот нагласи дека интересите на клубот ќе ги става пред сè друго сè додека го носи неговиот дрес.

Овој став практично ја исклучува можноста за какви било бунтовнички потези доколку Атлетико продолжи да го блокира трансферот во Барселона.

Алварез конкретно призна дека неговото однесување и начинот на кој се изразувал за време на сагата околу трансферот не секогаш биле идеални.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чиј бил предлогот Струшките вечери на поезијата да се спои со Центарот за култура во Струга?

Чија била идејата Националната установа Струшки вечери на поезијата да се припои кон Центарот за култура „Браќа Миладиновци„ во Струга?

Чиј бил предлогот Струшките вечери на поезијата да се спои со Центарот за култура во Струга?

Поранешниот министер за култура – Зоран Љутков, во чиј мандат бил поднесен предлогот, а кој вчера од струга беше критикуван и од претседателката, појаснува дека оваа иницијатива била дел од Владината програма за оптимизација на културните установи кои немале доволен капацитет за самостојно функционирање.. Тој тврди дека во случајот претседатлката сиљановска давкова била погрешно брифирана.

-Начинот на кој што ова беше пренесено во јавноста е дезинформација. Се работи за оптимизација на установи кои што имаат по неколку вработени и работат по неколку дена во неделата а се во одделен објект, и ова е со цел да работат поефикасно и во поглед на ресурсите, но и да се зајакне стручниот кадар а не само административниот. Предлогот да се фузираат две институции во една дојде од двата директори на НУ Струшки вечери на поезијата. Кога побарав писмено да ја поднесат иницијативата пред предлогот да дојде на Владина седница, тие тоа не го сторија и точката се повлече,- - Зоран Љутков, поранешен министер за култура.

Од друга страна директорот на Струшките вечери на поезијата – Никола Кукунеш тврди дека од установата никогаш не поднеле такво барање, бидејќи како што вели, тоа би значело губење на независноста на установата.

-Ние не поднесовме такво барање, бидејќи не сакаме установата да ја изгуби својата независност. И во минатото и сега мислам дека покажавме дека оваа установа е важен културен фактор во државата. Иако би сакале во иднина да растеме како установа, засега немаме проблем со ресурсите во функционирањето,- -Никола Кукунеш, директор на НП Струшки вечери на поезијата.

Покровителката на Струшките вечери на поезијата – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, при вчерашната посета на Струга изрази силно незадоволство од ваквиот предлог, што го оцени како некултурен однос од страна на Министерството за култура.

-Страшно е да дојде тоа од некоја институција што не разбира што е култура, ама да дојде од министерство за култура, навистина е за мене целосно неразбирливо. Тогаш веројатно оние во културата не разбираат што е култура,- -Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија.

Со оглед на тоа што предлогот не поминал на владината комисија, засега статусот на националната установа Струшки вечери на поезијата не се менува.. инаку, Како културен фестивал Струшките вечери на поезијата се одржуваат веќе 65 години прераснувајќи во меѓународна манифестација на која присуствувале илјадници поети од целиот свет. За животна поетска дејност, од фестивалот се оддава и признание– наградата „Златен венец„ која ја добиле и светски реномирани поети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер