МакедонијаОгњеновиќ: Младите до Мицкоски - нема да бидеме децениски заложници на твојот режимСите млади луѓе во Македонија го слушнаа предавникот Мицкоски. Подготвен бил да чека децении за влез во Европската Унија, истакна на прес-конференција Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ.Децении да стоиме во место, во изолација. Децении загубени генереции, повеќе млади со билет во еден правец. Децении за празни градови и празна иднина. Децении Македонија да биде во изолација а нас младите да не држи како заложници, додека тој и неговата Организирана криминална група ја пљачкаат. Ние младите немаме децении за губење, немаме резервни животи. Ова е наша држава. Ова е наша иднина. Секој млад човек сака да живее во држава што се движи напред. Членството во ЕУ е македонски национален интерес. ЕУ е интерес пред се на младите. За систем што функционира за младите, за подобри услови за образование, работа, повисоки плати, правда и секако, безброј можности за младите. Младите имаат порака до предавникот Мицкоски: Нема да нè држиш како заложници додека ја ограбуваш Македонија и продаваш лажен патриотизам. Некогаш ти клечеше, а сега Македонија е на колена. Нема да дозволиме да си играш и да ја крадеш нашата иднина! Тагови: Огњеновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДвајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во ТајландВо пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачињаГодинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти ЈаневскаВо новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти. Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...Тагови: Весна Јаневска МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter