Огнен Здравковски отсега на сцена со „ОЗ бенд“

На Огнен Здравковски од неодамна друштво му прават момчињата кои на јавноста ѝ се претставуваат како „ОЗ бенд“.

Во составот што ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара и Гоги Мицевски, тапани, соопштија денеска од неговиот тим.

За јавноста да ги запознае подобро, тие снимиле и видео со омилени песни на Здравковски.

Во писмената изјава на Здравковски, тој најавува дека следува претставување на неговата авторска музика пред публиката.

- Дел од проектите се веќе завршени, дел се во изработка и веќе нема назад - дојде време за убава македонска забавна музика, наведува тој во писмената изјава.

За видео реализацијата на проектот се погрижила „Скендеровски продукција“.

За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час

Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ за МИА. 

Најголем интензитет на сообраќај има на Граничниот премин „Табановце“, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини од АМСМ велат дека се чека по околу еден час.

Од АМСМ нагласуваат дека зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на отворено, кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење беше вклучен еден полициски хеликоптер.

Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи брзо вода кон опасниот крак на пожарот што се доближи дој селото Сушево, Струмичко..

Инаку, полнењето вода и дејствувањето по пожарот храбрите пилоти на МВР го извршуваат во интервал од три до пет минути, информираа од Центарот за управување со кризи.

На терен се екипи на струмичката Територијална противпожарна единица.

Бисерко: Вучиќ нема да го спроведе Бриселскиот договор, го чека Трамп

Бисерко вели дека Вучиќ чека промена на политичките околности во меѓународен контекст, особено доаѓање на власт во Соединетите Американски Држави на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, Соња Бисерко, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ не е подготвен да ги спроведе бриселскиот основен договор и охридскиот анекс постигнати во косовско-српските преговори на почетокот на минатата година.

Во интервју за новинската агенција КосоваПрес, Бисерко вели дека Вучиќ чека промена на политичките околности во меѓународен контекст, особено доаѓање на власт во Соединетите Американски Држави на поранешниот претседател Доналд Трамп.

- Многу зависи од меѓународниот контекст. Како прво, изборите во Белата куќа, ова е нешто што го чека Белград, со надеж дека Трамп ќе се врати. Второ, Европската унија и она што го постигна десницата е исто така нешто што Белград го смета за позитивен потег во однос на нивните интереси. Од друга страна, овие групи, овие партии можат да влијаат и на политиката на проширување, повеќето од нив се против него. И трето, зависи и од тоа како Русија ќе продолжи со окупацијата на Украина, вели Бисерко.

Проблемот, според неа, е што оваа руска агресија „се чини не е само против Украина, туку и против целиот Запад и неговите вредности“.

- Нивната цел (на Русија) е навистина да го уништат овој европски концепт, кој е единствен концепт во историјата, мировните договори итн., што е исклучително важно за нашиот регион, имајќи ги предвид минатите децении не само на војни, туку и на недоразбирања и неподготвеноста на Србија да се вклучи во процесот на нормализација и подоцна помирување, смета Бисерко.

Таа е песимист дека ќе има напредок во дијалогот меѓу Приштина и Белград и покрај можните средби на високо ниво, но и на главните преговарачи во Брисел.

Српската активистка за човекови права нагласува дека меѓународната заедница треба да го види потенцијалот за дестабилизација што доаѓа од Белград, бидејќи, како што вели, западњаците не ја притискаат Србија да ги исполни барањата во смисла на изведување пред лицето на правдата на одговорните за минатогодишниот терористички напад во Бањска во северно Косово.

- Случајот Бањска навистина беше предупредување за западната заедница, дека постои потенцијал за дестабилизација што доаѓа од Белград. Тие брзо реагираа и спречија оваа ситуација да ескалира. Но, за жал, Србија не одговори соодветно според она што се бараше од неа, и од ЕУ и од САД. Таа го третира ова како реакција на српската заедница на дискриминацијата во Косово, што секако не е реално. Затоа, Србија не одговара на барањата, а од друга страна, Западот навистина не ја притиска Србија да го исполни тоа што се бара од неа, вели Бисерко во интервјуто за КосоваПрес. /MИА

притисни ентер