ОФМ нема да дозволи да биде нарушен угледот на репрезентацијата - Канал 5

ОФМ нема да дозволи да биде нарушен угледот на репрезентацијата

 Одбојкарската федерација на Македонија се огласи по одлуката на Македонскиот олимписки комитет предвреме да ги врати дома репрезентативците кои ја претставуваа државата на медитеранските игри во шпанија.

ОФМ нема да дозволи да биде нарушен угледот на репрезентацијата

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ОФМ:

- Нашите репрезентативци во секоја прилика, на и вон теренот го давале максимумот за да достојно ја претстават Македонија.

ОФМ нема да дозволи имиџот на репрезентацијата да биде нарушен со паушални изјави, без никакво покритие за истите.

За сето време на наводниот настан биле присутни и официјални лица од МОК и останати спортисти од делегацијата.

Доколку имало било каков инцидент, поединците кој што го предизвикале ќе бидат санкционирани.

Репрезентативците се враќаат во Скопје во четврток, по враќањето ќе има официјален извештај за настанот, се вели во соопштението на ОФМ.

Македонските одбојкари беа обвинети за недолично однесување и нарушување на јавниот ред и мир во „Медитеранското село“ по што генералниот секретар донесе одлука да ги врати назад во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притвор

Закани по живот и навреди кон премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. 

Мицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притвор

39-годишен жител на кумановското село Черкези заврши во осумдневен притвор, откако на објава на профилот на премиерот на социјалнта мрежа Инстаграм оставил коментар со заканувачка и навредлива содржина по животот на премиерот и неговото семејство.

Обвинителството во Куманово веднаш реагираше и поведе постапка против осомничениот за кривичното дело „загрозување на сигурноста“.

Од МВР за случајот информираат дека настанот бил евидентиран на 14 септември 2026 година, но објавата на социјалните мрежи на заканувачот била пред три дена на 11 септември, утврдиле надлежните институции.

-Отсекот за компјутерски криминал при СВР Куманово во содејство со Секторот за компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Д. од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик. изјави на портпаролката на СВР-Куманово, Ивана Младеновска.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри детали за заканите.

-Јас дознав во текот на вчерашниот ден за заканите на социјалните медиуми коишто се напишани од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад и упатил пцофки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција и кога не би бил знам како се решаваат овие работи. Но, претпоставувам инститцуциите си ги преземале своите надлежности и преку МВР е обезбедено лицето и се надевам правосудниот систем ќе го спроведе лицето онаму каде што му е место - изјави Мицкоски.

Од Обвинителството објаснија дека притвор за лицето од с. Черкези побарале поради ризик од бегство и можност осомничениот повторно да го стори делото. Според досега обезбедените докази, тој и претходно бил поврзуван со насилен криминал, насилство, лихварство и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

-Согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, додаваат од ЈОРМ.

На приведениот според Кривичниот законик доколку се утврди одговорност, му се заканува казна затвор од пет години.

Инаку, и претходно во јавноста беа регистрирани случаи и информации за заканувачки пораки, упатени кон семејството на премеирот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот

Контролор од ФЗОМ може во секој момент да дојде на врата и да провери дали осигурникот на фондот кој е на боледување е дома.

Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот

На овој начин ќе се проверува релевантноста на боледувњето, соопшти првиот човек на фондот Златко Перински. Само за август исплатени се 623 милиони денари, од кои 414 милиони се за трудничко боледување.

„Може да биде и контрола по случаен избор а може да биде и по барање на работодавач доколку се сомнева за отуство на вработен. Истотака кога ќе дојде контролорот и не го најде осигурениот тогаш остава барање да се јави и да каже каде бил во моментот“, вели Златко Перински директор на ФЗОМ.

Директорот на фондото посочи дека овој предлог ќе биде поднесен до управниот одбор на фондот. Тој очекува да биде спроведено едно од новините, тоа е боледувањето од седум дена, да биде скратено на пет работни дена со образложение дека осигуреникот ќе има можност и време за проверки и евентуално продолжување на боледувањето.

Новина од фондот е користењетот на рецепт даден од дежурен лекар да важи и до 24 часа за да се земе лекот. Од ФЗОМ објаснија дека во фокус на предлози до управниот одбор и да се стават повеќе ин витра обиди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САД

Новиот развој на настаните на Блискиот Исток ја вивна цената на нафтата на највиско ниво од мај, засега без сигнали дека состојбата може да се стабилизира. 

Кризата на Блискиот Исток доведе до скок на цените на нафтата и до 107 долари за барел, расте нервозата во САД

Нафтата од типот Брент преку ноќ скокна за три проценти и се продава за 107 долари за барел, сериозно доближувајќи се на рекордот од 118 долари, од март годинава. Освен на со месеци блокираниот Ормутски Теснец, драстичниот скок на цените се должи на молскавичниот продор на злогласените Јеменски Хути кои зазедоа клучни острови кај теснецот Баб ал-Мандаб, кој е најкусиот поморски пат меѓу Европа и Азија. Саудиска Арабија го затвори најголемиот нафтовод кој беше цел на напади од бесопилотни леатала, а низ кој дневно се транспортираат седум милиони барели или 4 проценти од светските протреби на нафта.

-Пазарот ќе биде шокиран, цените ќе се зголемуваат, а само Саудијците можат да кажат колку време е потребно за поправка на нафтоводот. Цената на нафтата веројатно ќе достигне 120 долари за барел. , вели Јоханес Бенигни, енергетски експерт од Виена.

Паралелно со светските берзи, расте и нервозата во САД, каде што прв пат во историјата дизелот надмина шест долари за галон, односно 1,65 долари за литар, што е поскапување од 60 проценти за една година.

-Машината зад мене троши 200 галони дневно. Мораме да жнееме и да ги користиме машините и да користиме дизел. Суштината е дека тоа влијае на нашиот профит. , жител на Вашингтон.

-Кога овие цени вака вртоглаво растат, тоа им ја зема храната од уста на вашите деца. , вели жител на Вашингтон.

Американскиот претседател Трамп, смета дека скокот на цените на нафтата не е резултат од случувањата на Блискиот Исток, туку од конфликтот меѓу Украина и Русија.

-Г-н Зеленски мора да направи една работа. Да престане да го онеспособува дизелот горивото во Русија. Нека таргетира други цели, но не дизелот, бидејќи предизвикува недостиг од дизел гориво. Ова не го прави Блискиот Исток, ова (поскапувањата) се резултат на случувањата со Русија и Украина. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Украинскиот претседател Зеленски засега е без одговор на барањато на Трамп Украина да се воздржи од нападите врз руските рафинерии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер