Официјално почна грејната сезона–радијаторите топло–ладно, ЕСМ апелира граѓаните да ги санираат дефектите - Канал 5

Официјално почна грејната сезона–радијаторите топло–ладно, ЕСМ апелира граѓаните да ги санираат дефектите

За над 60.000 домаќинства приклучени на системот за централно греење во Скопје денеска започнува грејната сезона, но дел од нив се жалат дека нивните радијатори останале ладни или млаки. 

Официјално почна грејната сезона–радијаторите топло–ладно, ЕСМ апелира граѓаните да ги санираат дефектите

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека не се задоволни од интензитетот на испораката на топлинска енергија..Тие потсетуваат и дека се соочиле со слични проблеми и за време на предвремениот старт на сезоната, кој се случи на почетокот на месецот поради пад на температурите.

- Не се грееме се мрзнеме..Беа топли ама не е тоа тоа. Смрзнавме една недела.

- Беа млаки просто така осеќаш дека е топличко само, но не осетивме топло. Со вакво греење е многу тешко, не го осеќаш, осекаш млако.

- Навреме и квалитетно. Таман е во однос на надворешната температура задоволува.

- Беа топли, ама кога беше најладно ние го изедовме стапот да ми извините од ладно се испомрзнавме и се јавував не се ни јавуваа да кажат што е..

Од ЕСМ дел од проблемите ги лоцираат во самите граѓани. Информираат дека во 88 објекти немаат обезбедени услови за испорака на топлинска енергија поради дефекти во внатрешната инсталација, оневозможен пристап до топлинските станици или прекини во снабдувањето со електричната енергија, за што апелираат потрошувачите да ги отстранат дефектите и редовно да ги плаќаат сметките за електрична енергија..

-Апелираме до потрошувачите и заедниците на сопственици што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации, да обезбедат непречен пристап до топлинските станици и да овозможат континуирано напојување со електрична енергија, вклучително и преку плаќање на сметките за електрична енергија. Во делови од градот каде се врши санација на дефекти на топлификациската мрежа, истите навремено се објавуваат на веб страницата ЕСМ Снабдување. – соопштија од ЕСМ.

Дополнително од таму веќе најавија и дека греењето може да биде послабо во период од 15 до 17 октомври, поради ремонтни активности на цевка од страна бугарскиот оператор НОМАГАС кој испорачува гас во Македонија.

ЕСМ потсетува и дека снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува или пак доколку достигне одредени гранични вредности таа се прекинува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!

 Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината.

Митовски: Доста е од голготата на граѓаните — Владата итно да прогласи кризна состојба во Крива Паланка!

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на прес-конференција побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток. Барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб и оцената дека надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблем од ваков обем.

На прес-конференцијата присуствуваа многубројни граѓани, меѓу кои и лица што претрпеле штети од добитокот. Нивното присуство ја нагласи сериозноста на состојбата и очекувањето институциите конечно да покажат слух за проблемите со кои секојдневно се соочуваат и да ги заштитат нивната безбедност, имот и труд.

„Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски.

Според информациите изнесени на Кризниот штаб, повеќе од 1.000 грла добиток неконтролирано се движат низ општината. Се уништуваат земјоделски насади, се оштетуваат приватни имоти и јавни површини и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот.

Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и точно утврдена одговорност.

Планот треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки што ќе спречат повторување на проблемот.

Тој посочи дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство се доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена е и кривична пријава за мачење животни, а собрани се докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини.

Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост. Досегашните делумни интервенции, истакна тој, не обезбедиле трајно решение.

Градоначалникот го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Побара одговори кој го следи добитокот за кој се донесени решенија за одземање, кога се извршени последните ветеринарни прегледи и дали се проценети здравствените и епидемиолошките ризици.

Митовски нагласи дека институциите мора да ги спроведуваат сопствените одлуки и дека ниту партиската припадност ниту приватните интереси смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните на нормален и пристоен живот.

„Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски до Владата.

Тој истакна дека останува со граѓаните во барањето за итно постапување и заштита на нивните интереси, нагласувајќи дека трпението е на крај и дека Крива Паланка очекува конкретно решение, сега и веднаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер