Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
1Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
КултураОфицијално отворање на „Дојран – град на култура” на 19 мартНа отворената летна сцена на плоштадот „Под јаворите” во Стар Дојран, на 19 март попладне официјално ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на култура”. Општината е носител на титулата Град на културата за 2016 година откако беше избрана на конкурс на Министерството за култура. За отворањето на манифестацијата е најавено двочасовно шоу со настап на Каролина Гочева, дуото ДНК и Даниел Кајмаковски. За забава на најмладите ќе настапат членовите од детскиот фестивал „Калинка” и од Студиото за модерен балет „Sweet Dance”. Со неколкуминутен огномет ќе биде означен крајот на концертот и почетокот на целогодишната манифестација „Дојран – град на култура 2016”. - Во рамки на манифестацијата предвидени се над педесетина настани во текот на целата година, со акцент на летниот период. Мода, концерти, филмски проекции, летно кино на отворено, денови на театар, стендап комедии, ликовни колонии, поетски вечери, фолклорни викенди, Д фестивал, фестивал на боите итн. Целта на манифестацијата е да привлече домашни, но странски туристи, соопшти Општина Дојран. За манифестацијата ќе има и специјално лого кое Општината ќе го презентира на прес-конференција во недела напладне во „Порта Македонија“ во Скопје, каде што ќе биде претставена и целата програма на „Дојран - град на културата 2016“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброзаДецата од две до 12 години со цистична фиброза се вклучени на терапија и имаат одлични резултати. Вкупно има 79 деца, додека седум деца не се бидејќи имаат одредени мутации за што лекот не може да помогне.Најважно е што за сите пациенти има лекови и нема на листа на чекање, објасни министерот за здравство Сашо Клековски. Од 2027 година на листата за лекување на цистична фиброза ќе има нови лек што треба да им помогне на сите пацинети кои имаат гентески мутации. По објавувањето на ревизорскиот извшетај со забелешки за системот „Мој Термин“ што во периодот од 2021 до 2026 година, од вкупно 1.945 дена, системот „Мој Термин“ поминал дури 737 дена без активен договор. Министерот Клековски објасни дека побарал да се видат сите недостатоци и ќе реагираат за тоа која фирма ќе продолжи да работи. Конечниот извештај на ревизорите открива дека државното здравство се потпира на застарена опрема, додека листите на чекање за хируршки интервенции се манипулираат со упати без термин, оставајќи илјадници пациенти во неизвесност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРуска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформацииПропагандна мрежа која преку клонирани псевдо-портали со македонски интернет-домени ширела лажни вести и дезинформации во функција на руски интереси е предмет на истрага на безбедносните институции. Агенцијата за национална безбедност во координација со МВР и Обвинителството преземаат опсежни активности за откривање и попречување на мрежата, која работела во корист на странски интереси, наведуваат од АНБ. Во рамки на истрагата, на 18 септември бил извршен и претрес во домот на македонски државјанин, за кого постои основано сомнение дека бил дел од странскиот пропаганден апарат.При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се на дополнително вештачење, А лицето е осомничено за три кривични дела... -Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. ---Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во фунција на руски интереси се кријат преку креиорани псевдо портали, регистрарни преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. – соопштија од АНБ Според информации на „Слободен печат“, лицето во чиј дом бил извршен претресот е А.С., македонски државјанин кој бил во постапка за добивање бугарско државјанство и бил поврзан со мрежа интернет-портали преку кои се пласирале пробугарски содржини. Истото лице се поврзува и со сомнежите за оддавање службена тајна, односно со дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, која подоцна беше објавена и споделувана низ бугарски и македонски портали. Од АНБ велат дека актуелните активности се продолжение на претходно попречени проруски хибридни активности поврзани со македонски државјанин, против кого претходно била поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаКостадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор ПрескерПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и заменик-амбасадорката Ника Ротар.Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот. На средбата беше нагласено и значењето на добрата соработка меѓу уставните судови на Македонија и Словенија, како и потребата таа и во иднина да се развива преку организирање на заеднички активности и настани на кои ќе се разменуваат искуства и добри практики. Соговорниците ги истакнаа традиционално пријателските односи меѓу двете земји како добра основа за натамошно продлабочување на соработката, соопштуваат од Уставниот суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter