ТенисОфицијално: Новак Ѓоковиќ потврди учество на турнир, каде неколку години беше омразен Организаторите на мастерсот во Мадрид објавија дека Новак Ѓоковиќ годинава ќе го има својот 13-ти настап во „магичната коцка“.Српскиот тенисер последен пат играше во шпанската престолнина во 2022 година, кога во полуфиналето беше поразен од Карлос Алкараз. - Ова ќе биде негов 13. настап во Мадрид, каде првпат играше во 2006 година, кога со победата над Ришар Гаске го започна долгиот и успешен пат. Оттогаш Ѓоковиќ три пати ја освојуваше титулата (2011, 2016, 2019 година), со импресивен учинок од 30 победи и 9 порази на тој турнир. Освојувачот на 24 Грен слем титули, кој минатата година освои и златен медал на Олимписките игри во Париз, повторно испиша историја со тоа што стана играч со најмногу победи на Мастерс турнирите - 411, а се уште е во игра во Мајами. Ѓоковиќ од 21 април до 4 мај во Мадрид ќе биде меѓу најдобрите играчи во светот – напишаа организаторите на турнирот. Да потсетиме, Новак не беше омилен тенисер во Мадрид во средината на минатата деценија, бидејќи имаше директен конфликт со публиката во 2013 година, кога на стартот на турнирот беше поразен од Григор Димитров, потсети Телеграф.Тагови: ѓоковиќ турнир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаСредношколци од Прилеп на Европски натпревар во најдобри ученички компании во Рига организиран од Џуниор Ачивмент ЛатвијаФестивалот се одржа од 7 до 9 јули во Рига, Латвија, и собра млади претприемачи, иноватори од повеќе од 40 земји низ Европа.По победата на Националниот натпревар за ученички компании, ученичката компанија Eco Bloom од СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп ја претстави нашата земја на GEN-E 2026, најголемиот европски фестивал за претприемништво организиран од Џуниор Ачивмент Латвија и Џуниор Ачивмент Европа. Фестивалот се одржа од 7 до 9 јули во Рига, Латвија, и собра млади претприемачи, иноватори од повеќе од 40 земји низ Европа. Учесниците на GEN-E 2026 беа избрани од повеќе од 400.000 млади луѓе кои годишно учествуваат во програмите на Џуниор Ачивмент низ Европа. На фестивалот тие ги претставија своите бизнис идеи, разменуваа искуства и создаваа контакти со врсници, претприемачи и претставници од бизнис секторот. Eco Bloom, ученичката компанија од СОЕПТУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Прилеп, го освои првото место на Националниот натпревар за ученички компании организиран од Џуниор Ачивмент Македонија и ја претставуваше својата идеја на европската сцена. Компанијата разви 3D биоразградлив освежувач за автомобили со вградено семе, производ кој по употребата може да се засади и е поврзан со принципите на циркуларната економија. Темата на GEN-E 2026, „Beyond Borders“ („Без граници“), беше насочена кон соработката меѓу младите и развојот на идеи кои одговараат на современи предизвици. Во рамки на фестивалот беа претставени компании и проекти од области како одржлив развој, циркуларна економија, дигитални иновации, вештачка интелигенција, климатски решенија и социјално претприемништво. Со учеството на Eco Bloom, Џуниор Ачивмент Македонија по деветти пат ја претстави земјата на GEN-E, продолжувајќи ја својата мисија за развој на претприемачките вештини кај младите и нивно поврзување со европската заедница на млади претприемачи.Тагови: Прилеп средношколци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Балкан Драма на небото: Прозорец на авион се скрши, патниците спасувале Србин (ВИДЕО)Вистинска драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот „Македонија“ во Солун до Минхен. Инцидентот, кој ги шокираше патниците, се случил кратко по полетувањето.За време на летот, се слушна силен тресок, по што еден од прозорците на авионот целосно се скрши, изјави еден од патниците за порталот „rthess.gr“. Кабината веднаш изгубила притисок и маските за кислород биле активирани. Според очевидци, најкритичниот момент се случил кога воздухот почнал да извлекува 61-годишен српски државјанин, кој седел веднаш до скршениот прозорец, пренесува „Proto thema“. Телото на мажот било речиси до рамената надвор од авионот, а го спасил безбедносниот појас, како и патниците кои седеле до него и го влечеле назад, велат очевидци за Радио Солун. Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, а успеал безбедно да го врати авионот на аеродромот „Македонија“ во Солун. Според последните информации, повредениот Србин бил однесен во болница со возило на брза помош поради повреда на вратот. Лекарска помош му е укажана и на бремена жена која е префрлена во болницата „Ипократио“, каде по детален ултразвучен преглед е утврдено дека сè е во ред со неа и бебето и таа е пуштена дома, пренесува „Euronews“. Тагови: авион драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаМФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓанитеЗголемена транспарентност и подобар надзор согласно европските стандарди.Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг. Новите правила носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки стандарди за заштита на корисниците.“ Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма, доколку се исполнети условите согласно прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи. Со измените се воведува можност корисникот на финансиски лизинг во секое време целосно или делумно да ги отплати преостанатите обврски согласно амортизацискиот план, без дополнителни трошоци. Со тоа се обезбедува и право на намалување на вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот. Дополнително, се зајакнува заштитата на корисниците преку прецизирање дека давателот на финансиски лизинг не може да го користи предметот на финансискиот лизинг како залог без претходна писмена согласност од корисникот. Согласноста треба да биде дадена пред нотар, во посебен документ – изјава, одвоена од договорот за финансиски лизинг и општите услови, со јасно наведување на правните последици од таквата согласност. Давателите на финансиски лизинг ќе имаат обврска да ги објавуваат годишните финансиски извештаи, заедно со извештајот и мислењето на овластениот ревизор, на своите интернет-страници. На овој начин, физичките и правните лица како корисници на лизинг ќе имаат можност за подобар увид во работењето на друштвата за лизинг пред воспоставување деловен однос. Со измените се зајакнува и надзорот преку унапредување на прекршочните одредби, како и финансиската стабилност на давателите на финансиски лизинг преку зголемување на минималниот износ на основната главнина од 6.000.000 на 30.000.000 денари. Во насока на зајакнување на интегритетот на субјектите што вршат финансиски лизинг, со измените се имплементираат и препораките на MONEYVAL Комитетот при Советот на Европа во областа на спречувањето на перење пари и финансирањето на тероризам. Се воведуваат критериуми за соодветност и репутација што треба да ги исполнуваат основачите и членовите на органите на управување на давателите на финансиски лизинг.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook