Официјално е потврдено во која земја ќе се одржи Евросонг 2023. - Канал 5

Официјално е потврдено во која земја ќе се одржи Евросонг 2023.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави официјално соопштение на социјалните мрежи дека улогата на домаќин на Евровизија 2023 наместо Украина ќе ја преземе Обединетото Кралство.

Официјално е потврдено во која земја ќе се одржи Евросонг 2023.

„Сега е официјално: Обединетото Кралство ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023. Би-Би-Си ќе ги преземе должностите на домаќин и ќе работи заедно со UA:PBC за да ги вклучи симболите на Украина во претстојното шоу“, напишале тие.

За потсетување, во соопштението објавено од ЕБУ кон средината на јуни, беше наведено дека поради војната во Украина, во соработка со експерти, извршиле целосна проценка на изводливоста и безбедноста на организирањето на натпреварот во таа земја и заклучиле дека „со оглед на сегашните околности, безбедносните и оперативните гаранции потребни на телевизиска куќа да биде домаќин, организирање и продуцирање на Изборот за песна на Евровизија според правилата, украинската телевизија во моментов не е во можност да го организира настанот“.

Тогаш било откриено дека преговарале со Би-Би-Си за преземање на улогата на водител, а сега е потврдено дека постигнале договор.

„Да се ​​биде домаќин на најголемиот и најкомплексен музички натпревар во светот е голема привилегија. Би-Би-Си е посветена да го направи овој настан вистински одраз на украинската култура, притоа прикажувајќи ја различноста на британската музика и креативност. Би-би-си сега ќе го започне процесот на наоѓање град домаќин за партнер во обезбедувањето на највозбудливите настани што ќе се одржат во Британија во 2023 година“, рече Тим Дејви, генерален директор на Би-Би-Си.

Да потсетиме, многумина беа незадоволни од одлуката Украина да не биде домаќин на претстојниот Избор за песна на Евровизија. Дури и Борис Џонсон еднаш рече дека верува дека „Украина треба да го организира натпреварот за песна на Евровизија бидејќи нивните претставници победија и тие го заслужуваат тоа“.

„Верувам дека тие можат да го организираат тоа и дека тоа треба да им биде овозможено“, изјавил тој по неговата посета на Киев.

„Тоа е за една година, сè ќе биде добро за време на Изборот за песна на Евровизија и се надевам дека Украинците ќе го добијат тоа“, додаде тој.

YouTube video

По многубројните критики поради одлуката да се смени домаќинот, се огласи и ЕБУ дека безбедноста на учесниците и публиката сепак им е најважна.

„ЕБУ го разбира незадоволството што произлегува од најавата дека Изборот за песна на Евровизија 2023 не може да се одржи во Украина, земјата победничка оваа година. Одлуката е донесена врз основа на одговорноста на ЕБУ да обезбеди услови кои ја задоволуваат заштитата и безбедноста на сите што работат и учество на настанот, чии планови треба веднаш да започнат во земјата домаќин.

Најмалку 10.000 луѓе треба да работат на Изборот за песна на Евровизија, кој вклучува продукциска екипа, персонал и новинари. Се очекува да пристигнат дополнителни 30.000 евровизиски фанови од целиот свет. Нивната безбедност е нашата најважна грижа“, напишале тогаш.

Калуш Оркестар триумфира на годинешниот Евросонг и доби 439 поени од публиката.

Европа, се чини, на овој начин ја изрази својата солидарност со Украина, која е во војна, а момците од оркестарот Калуш со недели беа на врвот на обложувалниците. Пред крајот, обложувалниците им дадоа повеќе од 60% шанси за победа.

Калуш е украинска рап група основана во 2019 година. Бендот се состои од основачот и рапер Олег Псиук, мултиинструменталистот Игор Диденчук и танчерот Влад Курочка. Диденчук е член и на електрофолк бендот Go_A, кој минатата година ја воодушеви Европа на Евровизија.

Второто место за Обединетото Кралство го освои Сем Рајдер со песната Space Man, која што набрзо стана хит.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. 

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски.

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ.

Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот.

Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија.

Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ.

Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре.

Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници.

ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски.

Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови.

Сега сите се на исто место. Им благодариме.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер