3Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ЕкономијаОфицијалната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство е во завршна фаза на изработка, вели ДурмишиВладината потрошувачка кошница ќе биде за четири, наместо за тричлено семејство како што претходно беше најавено. Ова го изјави министерот за економија Бесар Дурмиши, кој кажа дека оваа одлука доаѓа по направени анализи од повеќе релевантни институции. Дурмиши вели дека изработката на потрошувачката кошничка веќе е во завршна фаза, а што точно таа ќе опфаќа и нејзиниот износ ќе бидат познати по формирањето и првата седница на Економско-социјалниот совет..Според него оваа кошница ќе биде реална , за разлика од онаа на синдикатите, која како што рече содржи производи кои не спаѓаат во основни.. -Крајното е дека одиме со четири члена и со реални податоци. При крај е ќе биде доставена како прва точка на економско-социјален совет за да се дискутира врз основа на потрошувачка кошница. Таа што сега ја објавуваат синдикатите има цени кои ги земаат само од еден маркет, оваа потрошувачка кошница ќе земе предвид од 3 до 5 маркети,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд . Во однос на ценовните шокови, Дурмиши вели дека во фокус периодов вели ќе бидат мерки за подршка на домашните производители и земјоделци , со цел да се намали увозот и цените на основните прехрамбени производи. Најави и дека се размислува домашните производи да бидат посебно означени во маркетите. Во меѓувреме, доколку се покаже енормно зголемување на цените Владата повторно ќе оди со краткорочни мерки како замрзнување на цените. - Ако ги направиме и имплементираме овие мерки ќе бидат и среднорочни и долгорочни решенија поради тоа што ќе се намалуваат цените на прехрамбените основни производи и на земјоделските производи поради тоа што ќе се произведуваат дома. Ние сме увозна држава и повеќе од 70 речиси 80% увезуваме производи. Имаме капацитети, имаме можности треба да се фокусираме да ги подржиме нашите производители, нашите земјоделци и индиректно ќе влијаеме врз намалување на цената на основните производи,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. На прес-конференција за отчет од првата година од мандатот на министерството за економија и труд, Дурмиши меѓудругото информираше дека до сега во рамки на владиниот Оперативен план за вработување преку четири јавни повици се поднесени над 6.000 апликации. Дополнително тој најави и четири нови инвестиции во индустриската зона во Тетово. Тагови: економијата цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуски дрон погоди мост на реката Днепар во ЗапорожјеПет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје. Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа. Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош. Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook