3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаОфицијална став на СКРМ по вчерашните изјави и случувања во НОБСо оглед дека СКРМ беше директно споменат во сите овие јавни настапи, чувствуваме институционална и морална обврска пред нашето членство и пред јавноста, јасно и недвосмислено да ја појасниме улогата и постапувањето на СКРМ во овој случај.СКРМ внимателно и одговорно ги следеше сите случувања во текот на вчерашниот ден, вклучително и прес-конференциите на колешката Татијана Петрушевска и директорот на Националната опера и балет, г. Оливер Арсовски, како и јавните реакции на уметниците од оркестарот на Операта. Со оглед дека СКРМ беше директно споменат во сите овие јавни настапи, чувствуваме институционална и морална обврска пред нашето членство и пред јавноста, јасно и недвосмислено да ја појасниме улогата и постапувањето на СКРМ во овој случај. На прес-конференцијата, колешката Татијана Петрушевска изјави дека е благодарна за понудената помош од СКРМ. Веруваме дека оваа изјава е дадена ненамерно, бидејќи создава впечаток дека СКРМ самостојно и без повод се вмешал во работата на синдикалната организација при Оркестарот на МОБ. Заради коректно информирање на јавноста, укажуваме дека фактите се следни: помошта од СКРМ беше побарана директно од колешката Петрушевска и беше обезбедена откако правниот тим на СКРМ утврди сериозни и груби прекршувања на постапката, со елементи на директно непочитување на Законот за работни односи, Законот за култура и релевантните колективни договори. Во таа насока, документите кои СКРМ ги објави не се произволни, ниту извадени од контекст, туку се составен дел од постапка што е активна од моментот на суспендирањето на колешката Петрушевска и изрекувањето мерки со кои ѝ се забранува пристап до институцијата. Дополнително, укажуваме дека реакцијата на синдикалната организација на Оркестарот при МОБ, согласно основните синдикални принципи и воспоставената практика, требаше најпрво да биде доставена до СКРМ, а потоа јавно објавена преку официјалните синдикални канали. Наместо тоа, беше пласирана како јавна објава на официјалната страница на Националната опера и балет, со содржина која манипулативно алудира дека ставот на СКРМ бил избрзан и донесен без консултација со членството. Потсетуваме дека ниту една јавна позиција на СКРМ не претставува личен или индивидуален став. Сите ставови се донесуваат со согласност на највисокото одлучувачко тело – Советот на СКРМ, во кој членуваат претседателите на сите синдикални организации, ВКЛУЧИТЕЛНО и претставници на Оркестарот при МОБ. Очекувањето дека СКРМ пред секоја јавна објава треба да спроведува поединечни консултации со секој член што има претставник во највисокиот орган на синдикатот е неосновано и не постои како пракса во ниту еден функционален синдикален систем. СКРМ не навлегува во причините или оправданоста за покренување постапка против колешката Петрушевска, ниту расправа дали постапката требало или не да биде иницирана. Единствената и доследна позиција на СКРМ е дека секоја постапка мора да се води строго во согласност со законите, колективните договори и начелата на правна сигурност. Постапка спроведена спротивно на законските прописи е незаконска, независно од функцијата или позицијата на инволвираните страни. Во таа смисла, јавните изјави на директорот на институцијата се суштински контрадикторни. Нејасно е како едно лице може „да не биде казнето“, а истовремено да биде суспендирано, со забрана за влез во институцијата и со намалување на платата за 50 проценти. Доколку ова не претставува казна, тогаш станува збор за правен апсурд. Суспензијата од работа, според добрите практики во трудовото право, претставува исклучителна и привремена мерка, чија примена мора да биде строго оправдана, фактички и правно прецизно образложена, и пропорционална на наводното дејствие. Секое отстапување од овие принципи создава впечаток на несразмерност и го доведува во прашање легитимитетот на мерката. Дополнително загрижува фактот што директор на јавна установа јавно коментира и навестува оставка на претседател на синдикална организација во сопствената институција, што претставува директно мешање во синдикалната автономија и сериозно нарушување на синдикалните права, што е спротивно и на домашното законодавство и на меѓународните трудови стандарди. Имајќи ја предвид надлежноста на Министерството за култура како орган што врши основачки и управен надзор над националните културни институции, СКРМ очекува Министерството внимателно да ги согледа сите аспекти на случајот и во рамки на своите законски овластувања, да обезбеди почитување на законите, колективните договори и уставно загарантираните синдикални права, а не со својата веќе утврдена формална ноншалантност и оддалеченост од суштината на проблемот да остава впечаток дека повредите на законите се третираат како административен детал, а не како прашање на принципи. СКРМ очекува Министерството да ја напушти својата веќе позната позицијата на декларативна дистанца и во рамки на своите овластувања, активно да обезбеди почитување на законите, колективните договори и уставно загарантираните синдикални права. Рамнодушноста на надлежниот орган, во услови на јасно укажани повреди на закон и синдикални права, не претставуваат никаква воздржаност, ниту некој сака да ги поставува во улога на „суд или арбитер“, едноставно самите го потенцираат фактичко преземање страна, односно страната на посилниот. СКРМ нема да молчи пред самоволие, институционална незаинтересираност и кршење на законите. Молкот пред неправдата не е никаква неутралност, тоа претставува директно соучесништво. Како синдикат, ние дејствуваме и ќе дејствуваме одговорно, затоа што тоа ни е должност, не од корист, не од страв, и не од политичка или лична пресметка. Законот мора да важи еднакво за сите, или престанува да биде закон. СКРМ ќе продолжи решително и без отстапки да ги брани работничките и синдикалните права и нема да дозволи ничија функција, суета или позиција да се издигне над законите и колективните договори. СКРМ тежнее кон најдобар и законски исход за сите засегнати страни, во интерес на уметниците, институцијата и јавноста. СКРМТагови: НОБ СКРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден. Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“. Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт. На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир. Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот. Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата. Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето. Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“. Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна. Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател. Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди. Таа е осудена на две години затвор. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки. „Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.Тагови: кокаин мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00