МакедонијаOфицијална Софија се огласи во врска со изјавите на премиерот Мицкоски за Акцискиот планOфицијална Софија се огласи во врска со изјавите на премиерот Мицкоски за Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците подготвен од македонската влада, изразувајќи притоа загриженост.Oфицијална Софија се огласи во врска со изјавите на премиерот Мицкоски за Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците подготвен од македонската влада, изразувајќи притоа загриженост за, како што велат од бугарското министерство за надворешни работи , последните измислени тези од властите во Скопје што „остро се разликуваат од суштината на европскиот консензуз од 2022 година“. Бугарското МНР реагира по изјавите на премиерот, во кои тој наведе дека акцискиот план бил завршен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но оти Софија го одбила, бидејќи планот е напишан на македонски јазик. Од друга страна, во соопштението на бугарското МНР објавено на официјалната веб-страница, се вели дека прашањето на кој јазик треба да биде планот за правата на малцинствата и заедниците што се очекува од Скопје е внатрешно прашање на Македонија и оти тоа не е тема на билатералните односи. „. Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е дека треба да биде на јазик достапен за нив. Изборот на скопјe да им го претстави нацрт-планот на своите граѓани на англиски јазик е тешко за објаснување, особено ако се планира планот да биде реално спроведен“,се вели во соопштението на бугарското МНР и се додава дека планот за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во уставот во земјава, што сè уште претостои да биде направено и што ќе ѝ овозможи на Македонија да ги отвори преговорите за пристапување., Мицкоски изјави дека акцискиот план за правата на малцинствата е изготвен, но оти наишол на забелешки, односно не бил прифатен од Бугарија.Тагови: Софија Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година. Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации. Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината. Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата. Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09