Официјална Софија продолжува со истата реторика кон Македонија

Бугарија бара смирување на емоциите, но ја обвинува Македонија дека шири говор на омраза.

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервју за тамошниот медиум „clubz.bg“ повторно ја обвини земјава дека не го почитува Договорот за добрососедство. Според неа, Бугарија цело време инсистира на состаноци и на историската комисија и за проектите за Коридорот 8, но дека кочничар е Македонија. Уверува дека антимакедонскиот однос и националната реторика не се дел од предизборието во Бугарија, но во Македонија, како што вели, се добиваат избори на антибугарска реторика.

„Не, не сакам да остане надвор од ЕУ. Сега не ја одобривме рамката за преговори, тоа е различно. Не случајно Бугарија го направи проширувањето на Западен Балкан приоритет за време на нејзиното претседателство и направи многу за Македонија и Албанија. Сепак, повторувам, создавањето генерација по генерација на омраза кон Бугарија не може да продолжи. Ова нема да запре ако тие утре станат членки во ЕУ, изјави Захариева.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, коментирајќи го ветото и македонско-бугарските односи во интервју за белгискиот весник „Ла либр" оценува дека земјава останува посветена на реформите, се до усвојувањето на преговарачката рамка.

„Со Софија можеме да дебатираме за историјата, не од перспектива на ревидирање на идентитетите, туку од аспект на едукативна перспектива во насока на отстранување на стереотипите од минатото што создаваат нетрпеливост меѓу општествата. Сето ова, за да се користи историјата како мост, а не како ѕид, вели Османи.

Според директорката на институтот за европски политики Симонида Кацарска, тешко дека до министерскиот состанок во ЕУ на 25 март, може да се очекува приближување на позициите од бугарска страна, особено заради изборите во Бугарија и реториката на тамошните челници.

На крај на месецов членовите на мешовитата комисија за историски прашања ќе имаат нов обид да најдат заеднички јазик за историските настани и личности. На средбата закажана за 25 и 26 февруари се очекува да се разговара за учебниците и идентитетот на револуционерот на Гоце Делчев. Во 2021 година се планира Комисијата да има пет состаноци.

Се спушти низ најбрзиот тобоган во Европа, забранет за жени и доби 41 милион прегледи (ВИДЕО)

Австралијката Рианан Ифланд е седумкратна светска шампионка во клиф дајвинг, која споделува видеа од нејзините подвизи со своите следбеници на TikTok, а неодамна покажа како се спушти на најбрзиот европски тобоган.

Тобоганот се наоѓа во забавниот парк Area 47 во Австрија, може да достигне брзина и до 80 километри на час, а на него има и натпис дека е забранет за жени, што Австралијката решила да го игнорира.

„Очигледно ова кажува дека жените не треба да одат на овој тобоган“, напишала таа во видеото и додаде: „Сепак решив да одам. Само еднаш, но успеав!“

@rhiannaniffland Went for it anyway. Just once but i did it! 😂 #waterslides #budgysmuggler @Budgy Smuggler ♬ original sound - Rhiannan Iffland

Снимката од девојка која вреска додека се спушта по тобоганот забранет за жени стана вирална и собра дури 41,5 милиони прегледи и 2,4 милиони лајкови, а следбениците во коментарите истакнаа дека објавениот знак укажува на „висок ризик од повреда. "

Инаку, најбрзиот тобоган во Европа беше отворен во 2009 година и првично не беше забранет за жени, но забраната беше поставена по бројните пријавени повреди и консултации со лекарите.

Десетици вработени на аеродромот во Мелбурн се обвинети за поврзаност со шверцери на дрога

Повеќе десетици членови на персоналот на аеродромот во Мелбурн се обвинети дека работеле за организирани криминални групи кои шверцуваат дрога во Австралија.

Истрагата на граничните сили насочена кон соработници на криминалци во синџирите на снабдување на аеродромот откри дека 70 вработени на аеродромот во Мелбурн ги прекршиле безбедносните проверки во изминатите 12 месеци, а некои се осомничени за криминални активности, објави денеска Гардијан.

Граничните сили соопштија дека екипажот на неименувана авиокомпанија бил вклучен во дистрибуција на дрога, додека членовите на екипажот на друга авиокомпанија шверцувале цигари и тутунски производи во куфери со двојно дно, наводно за да избегнат плаќање царина.

Утврдено е дека двајца членови на екипажот на меѓународен лет биле под дејство на нелегални супстанци на должност, што доведе до откажување на најмалку една виза за Австралија.

Началникот на австралиските гранични сили, Кели-Ен Периш, рече дека истрагата користела преносливи рендген машини за скенирање на места за складирање на авиони, места за складирање на аеродроми и места за екипаж.

Периш додаде дека истрагата се уште е во тек и дека на удар се неколку лица во авијацијата со наводни врски со транснационални организирани криминални групи.

Момче се разбудило во шок- во боксерките му влегла кобра,снимена е акцијата за спасување(ВИДЕО)

Млад Тајланѓанец имал непријатно изненадување кога се разбудил во кревет и сфатил дека нешто му навлегло во боксерките.

Испаничен му се јавил на пријател, а потоа сфатил дека „непоканетиот гостин“ е всушност една од најопасните змии на светот – кобра.

Пријателот веднаш повикал експерт за диви животни, а инцидентот е снимен во градот Рајонг, пренесува The Star.

Нер Кваи Таи пристигнал на местото на настанот во придружба на колега и го пронашол младиот човек како лежи на душек поставен на бетон.

Со помош на специјален стап ја фатил опасната отровна змија, додека видеото од спасувачката акција е објавено на Фејсбук на 8 јуни.

За краток период видеото било прегледано повеќе од милион пати, со коментари од бројни корисници.

„Никогаш повеќе нема да спијам“, напишал еден, очигледно преплашен од необичната сцена.

притисни ентер