ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
СветОфицијален Пекинг му одговори на Трамп: Тајван е внатрешно прашање за КинаТајван претставува внатрешно прашање на Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп.Тајван претставува внатрешно прашање на Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговиот кинески колега Си Џинпинг го уверил дека нема да ја нападне островската територија додека Трамп е на власт. Тој ми рече: ‘Никогаш нема да го направам тоа додека ти си претседател’,“ изјави Трамп во интервју за американската телевизија Фокс Њуз пред разговорите во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина. „Претседателот Си ми го кажа тоа, а јас одговорив: ‘Добро, го ценам тоа’“, додаде тој. Ова беше прв официјален разговор меѓу двајцата лидери во рамки на вториот мандат на Трамп, кој се одржа во јуни годинава. На денешната редовна прес-конференција во Пекинг, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, истакна дека Тајван е неразделен дел од кинеската територија. - Прашањето за Тајван е чисто внатрешна работа на Кина и начинот на негово решавање е прашање што го засега кинескиот народ, изјави таа. - Ќе направиме сè за да се избориме за перспективата на мирно обединување, но никогаш нема да дозволиме некој или некаква сила да го оддели Тајван од Кина, додаде Мао. Кина го смета Тајван за своја територија и повеќепати се закани дека ќе го „обедини“ со копното, дури и со употреба на сила доколку е неопходно. Тајван, пак, категорично се спротивставува на овие претензии. Во Тајпеј, Министерството за надворешни работи на Тајван вчера соопшти дека внимателно ги следи интеракциите меѓу високите претставници на САД и Кина. „Тајван ќе продолжи да работи со државите кои имаат значајни интереси во Индо-Пацифичкиот регион за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец,“ наведоа од тајванското МНР. САД остануваат најважен меѓународен поддржувач и снабдувач на оружје за Тајван, иако двете земји немаат официјални дипломатски односи. Пекинг, кој никогаш не ја исклучи употребата на сила за да го стави демократски управуваниот остров под своја контрола, редовно го опишува Тајван како најчувствително прашање во односите со Вашингтон. Тагови: Кина Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаПлутон го губи статусот на планетаПлутон беше една од деветте планети во Сончевиот систем во текот на 20-тиот век. Иако е откриен во 1930 година, за неговото постоење се претпоставувало и претходно. На овој ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прекласификуваше Плутон само како џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Плутон бил откриен во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо поминал една година во потрага по претпоставената деветта планета. Децении претходно, Персивал Ловел го предложил постоењето на деветта планета – која ја нарекол „Планета X“ – но не успеал да ја открие. По 14 месеци потрага, Томбо конечно го забележал големото небесно тело. Името му го дала Венеција Барни, млада девојка од Англија. По откривањето на „Планета X“, таа предложила таа да го носи името на римскиот бог на подземниот свет. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, исто како и самиот Томбо. Дополнителна причина за изборот била тоа што првите две букви од името се совпаѓале со иницијалите на Персивал Ловел. Планетата веднаш беше прифатена како деветта планета во Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар изнесува само 2.377 километри – што ја прави помала од Земјината Месечина. Тоа беше значајно откритие, а Плутон стана симбол на мистериите во оддалечените предели на Сончевиот систем. На почетокот на 21-от век, астрономите открија бројни објекти во Кајперовиот појас – регион од Сончевиот систем што се наоѓа зад орбитата на Нептун – од кои некои беа дури и поголеми од Плутон. Ова откритие поттикна преиспитување на статусот на Плутон како планета. Ширум светот се водеа дебати за Плутон, кои кулминираа на 24 август 2006 година, за време на состанокот на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планета е небесно тело што кружи околу Сонцето, поседува доволна маса за да добие сферичен облик и ја има „исчистено“ својата орбита од други објекти. Плутон не го исполни овој последен критериум; следствено на тоа, тој беше прекласифициран во џуџеста планета, а од тој ден, Сончевиот систем официјално се состои од само осум планети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter