Одржани поединечните младински првенства во шах - Канал 5

Одржани поединечните младински првенства во шах

Во Струмица во завршија поединечните младински првенства во шах во возрасни категории до 8, 10, 12, 14, 16, и 18 години.

Одржани поединечните младински првенства во шах

По неколку денови неизвесност познати се победниците по категории кои ќе ја претставуваат Македонија на наредните европски и светски поединечни првенства.

Првенството во категорија девојчиња до 18 години не се одржа затоа што имаше пријавено само една учесничка. Па така титулата и припадна на Моника Жежовска од ШК Алкаклоид, без игра.

По бројот на освоени титули, за прв пат по неколку години, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ и ШК Алкалоид се изедначени и имаат освоено по пет први места.

Во вкупниот број на освоени медали во младинските конкуренции и овој пат е Гамбит Ассеко СЕЕ со 5 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали.

Редоследот на најдобрите младински клубови по бројот на освоени медали:

ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, Скопје – 5 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали.

ШК Алкалоид, Скопје – 5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали.

ШК Цареви Кули, Струмица и ШК Куманово, Куманово со по 1 златна, и 1 бронзен медал

ШК Прилеп, Прилеп – 1 сребрен медал

ШК Стево Патако, Битола и ШК 13-ти Ноември, Битола со по еден бронзен медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува конститутивната седница на српското собрание

По два бурни дена,  продолжува дискусијата во Собранието на Србија. Пратениците денес го избираат претседателот на Собранието.

Продолжува конститутивната седница на српското собрание

Пратениците во Собранието на Србија денеска ја продолжуваат конститутивната седница на новиот, 15-ти состав на Парламентот.

На дневен ред е изборот на претседател на Собранието, а кандидатите се: пратеничката група „Студентска листа“ го предложи Александар Чупиќ за претседател на Собранието, додека „Александар Вучиќ – Србија победува“ го предложи Стојан Раденовиќ.

Со конституирањето на Собранието на Србија, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на нова Влада.

На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна историскиот состанок Трамп, Путин, Си Џинпинг

Започнува историска средба во Кина, на претседателите на САД, Русија, и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. 

Започна историскиот состанок Трамп, Путин, Си Џинпинг

Пред средбата домаќинот Си ручал со американскиот претседател Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа историска трилатерална средба во Шенжен, Кина.

Клучните теми вклучуваат војната во Украина, нуклеарното оружје и меѓународната безбедност. Трамп изјави дека тројцата лидери „испишуваат историја“, Путин ги истакна заедничките интереси во однос на решавањето на војната во Украина, а Си повика на соработка во справувањето со глобалните прашања.

За време на своето воведно обраќање на трилатералната средба со Си Џинпинг и Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп ја истакна важноста на соработката меѓу трите нуклеарни сили. „Се наоѓаме во единствена позиција да разговараме за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на Земјата“, рече Трамп.

Тој додаде дека е „клучно“ САД, Кина и Русија да соработуваат за да се спречи ширењето на нуклеарното оружје кон други држави. „Токму тоа го правиме во однос на Иран. Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје“, изјави Трамп.

Потоа се осврна на војната во Украина, напоменувајќи дека веќе имал „долг разговор“ со Путин на таа тема. „Мислам дека Путин – а се надевам и другата страна – би сакале да видат крај на таа војна“, рече американскиот претседател.

Во своето воведно обраќање на трилатералната средба со Доналд Трамп и Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна „заедничката одговорност“ на трите нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

„Како победници во Втората светска војна, Кина, Русија и САД мора да го зачуваат и зајакнат системот на меѓународното право“, рече Путин. Рускиот претседател нагласи дека трите земји имаат „бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина“.

Тој додаде дека Русија, САД и Кина можат „значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста“.

На трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека трите земји мора да соработуваат за да се справат со глобалните проблеми. „Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој е навистина подготвен да преземе одговорност“, рече Си, како што пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, придружуван од офицер кој – пред камерите на руските државни медиуми – го покажа „нуклеарното куферче“.

Путин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во Виетнам

Во меѓувреме, во Виетнам се појавија два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Овие случувања доаѓаат пред денешните средби меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Ова е прва заедничка средба меѓу лидерите на овие три нуклеарни сили. Потезите на Русија привлекоа внимание, бидејќи Москва во последно време ги демонстрира своите воени капацитети далеку надвор од границите на Украина – земја во која веќе речиси пет години води војна.

На видеоснимка објавена од руските државни медиуми се гледа припадник на придружбата на Путин како носи црна актовка. Новинарот го праша дали станува збор за нуклеарна актовка, а службеникот тоа го потврди.

Актовката, позната како „Чегет“, е дел од системот преку кој рускиот претседател одржува врска со воената команда и учествува во донесувањето одлуки за употреба на нуклеарно оружје.

Иако нуклеарната актовка обично го придружува рускиот претседател на патувањата, таа ретко се прикажува јавно пред камерите.

Видеото беше објавено непосредно пред средбата на која се очекува да се разговара за нуклеарното оружје и односите меѓу трите големи сили.

Во последните денови, Русија исто така ја зголеми својата воена активност во Источна Азија.

Сателитски снимки покажаа два руски стратешки бомбардери „Ту-95“ – познати според ознаката на НАТО како „Мечка“ (Bear) – на аеродромот Да Нанг во Виетнам. Тие беа придружувани од уште два руски воени транспортни авиони „Ил-76“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер