Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
МакедонијаОдржана првата работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина ИлинденСе одржа Првата работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина Илинден за периодот 2027–2031 година, документ што ги дефинира развојните приоритети, стратешките цели и клучните проекти за локалната заедница.На работилницата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека подготовката на новиот Стратешки план претставува значаен процес преку кој се утврдуваат насоките за понатамошен одржлив развој на општината. „Општина Илинден во континуитет бележи развој во повеќе области, а изработката на новиот стратешки план претставува можност заеднички да ги дефинираме приоритетите и потребите на граѓаните, стопанството и институциите. Само преку партнерски пристап и активно учество на сите релевантни чинители можеме да креираме реални и остварливи развојни политики што ќе придонесат за подобар квалитет на живот за сите граѓани“, истакна градоначалникот Георгиевски. Во рамките на работилницата беше презентирана методологијата за подготовка и динамиката на активностите што следуваат. Учесниците имаа можност да дадат свои предлози и согледувања во однос на клучните предизвици и потенцијали за развој на Општина Илинден, при што беа отворени повеќе теми поврзани со локалниот економски развој, инфраструктурата, животната средина, образованието, културата, спортот и јавните услуги. Изработката на Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2027–2031 година ќе се реализира преку инклузивен процес што ќе овозможи активно учество на сите релевантни чинители, со цел креирање на сеопфатен и одржлив документ кој ќе биде патоказ за идниот развој на општината. Општина Илинден останува посветена на транспарентно и одговорно планирање, со фокус на потребите на граѓаните и создавање услови за континуиран економски и општествен развој.Тагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на ПрилепДенешната посета на Христијан Мицкоски на Прилеп имаше само една цел: продолжување на континуираното ширење лаги за „невидените“ успеси на „третата економска сила во Европа“.Ширење на приказната за илјадниците градежни проекти ширум Македонија, изградените стотици километри автопатишта, модерните брзи пруги по кои возовите “летаат“ 200 км на час, незаборавајќи притоа да го спомене и “талогот“ како главен кочничар на економскиот развој и европскиот пат на Македонија. Вршејќи увид во работите на кружниот тек Табана, кој патем речено требаше да биде готов пред 2 месеца, Мицкоски зборуваше и за невидените успеси на градоначалникот Дејан Проданоски, кои постојат само во неговата фантазија и никаде на друго место. Добро е што премиерот дојде во Прилеп, во градот на театарот без театарска куќа, во градот на спортот без спортски сали и со најголемиот спортски бренд во изумирање. Бидејќи само така можеше да се увери во мизеријата од 5-годишното раководење на ДПМНЕ со општина Прилеп. Мицкоски ја пропушти шансата да го посети опожареното Мариово и да види како преморените пожарникари, со несоодветна опрема и механизација, петти ден со натчовечки напори се справуваат со огнената стихија. Да им каже на пожарникарите дека нема да има набавка на нови воздухоплови за гаснење на пожарите, оти приоритет е купување нов авион за Владата. Мицкоски не ги посети ниту реализираните изборни ветувања на градоначалникот Проданоски: обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“, реновираната Универзална сала, излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“, трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, пешачките и велосипедските патеки на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, адреналинскиот парк кај Старо Лагово... „Грижата“ на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски за економски развој на градот, за подобар стандард на прилепчани, навистина е видлива на секој чекор и во секој сегмент од општественото живеење на граѓаните на општина Прилеп! Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица Нилска треска потврдена кај угинат гавран во центарот на Скопје, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Птицата ја пријавиле граѓани во агенцијата за храна и ветеринарство и било веднаш реагирано. Теренското прскање продолжува и се бара од граѓаните да не стопираат во прскањето, бидејќи се работи за квалитени и ефикасни средства што не се штетни по здравјето на луѓето. Исто така општествени одговорни компаии учестуваат со 12 возила за прскање. Она што треба во иднина да се превземе е да се направи регионално прскање на комарците кои поради топлите зими преживуваат, но и праскањето да биде порано и навремено одржување на одводните канали и септичките јами. Не може една општина да прска,а друга не. Комарците не познаваат општини. На Инфективна болница хоспитлизирани се 43 пациенти, пет од нив се на интензивно лекување. Освен што има пациенти од Драчево, Илинден има потврда на пациенти од општина Центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
БалканВучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомвриПо повеќенеделни калкулации, српскиот претседател Вучиќ потврди дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат во октомври, односно дека во игра се два датума – 18-ти или 25-ти октомври.Тој во интервју за српскиот јавен сервис, рече дека за неколку дена ќе го објави точниот датум, по што ќе ги распише изборите. Вучиќ не сакаше да ја коментира одлуката на неговиот коалциски партнер, Српската социјалстичка партија на Ивица Дачиќ самостојно да настапи на изборите, особено по шпекулаците во јавноста дека Дачиќ наводно планирал да се кандидатира за претседател на Србија. Вучиќ пак, претходно пројави амбиции за премиерското место, со оглед дека нема право на трет мандат како шеф на државата..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter