3 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги
КултураОдржана онлајн-комеморација за Благој Стефановски- БагеУметничкиот совет на фестивалот „Актерот на Европа" одржа онлајн-комеморација за Благој Стефановски-Баге.Уметничкиот совет на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа", во кој членуваат истакнати театарски дејци од Балканот, Европа и светот, одржа онлајн-комеморативна седница посветена на животот и делото на Благој Баге Стефановски (1953-2020), поранешен министер за култура, кој долг период беше директор на Битолскиот театар и беше еден од основачите и долгогодишен селектор на овој фестивал. Ректорот на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима" Јордан Плевнеш му посвети беседа „Последното патување на Баге Стефановски во земјата Театрофилија" во која го нарече „еден од најголемите градители на театарски мостови на Балканот во Европа и во светот". – Неговото име ќе биде запишано како продуцент на рекорден број претстави што никој досега не ги направил ни пред него ни по него. Неговата животна и творечка кариера се одвиваше во земјата без граници – Театрофилија, вели Плевнеш во беседата. Тој се сеќава на придонесот на Стефановски во иницијативата за создавање на фестиалот „Актерот на Европа" во 2003 година, кога при официјална посета на Париз како министер за култура го посетил театарот „Комеди Франсез" и се сретнал со неговиот тогашен директор, француски актер Марсел Бозоне. – Тие денови Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк во самата „Комеди Франсез". Во разговор со Марсел Бозоне и митскиот лик на француската литература Жак Лакариер, му предложивме на министерот Стефановски да се формира иницијативен одбор за првиот Интернационален театарски фестивал – „Актерот на Европа", кој ќе ја вреднува индивидуалната театарска биографија како врвен критеруим на европската цивилизација, се сеќава Плевнеш за почетоците на овој фестивал на кој оттогаш во Преспа, како што вели, дојдоа плејада европски актерски ѕвезди. По петнаесет години по средбата на Стефановски и Бозоне во Париз, лично Баге му ја врачи наградата за животно дело „Актерот на Европа 2017" на Марсел Бозоне на бреговите на Преспанското Езеро, а истата вечер, додава Плевнеш во беседата, Баге го доби признанито „Големата повелба – Балканот е срцето на Европа". По повод смртта на Стефановски, поранешниот министер за култура на Романија Јон Карамитру, прв министер во таа земја по падот на Чаушеску и претседател на Академија „Балканика Еуропеана", рече дека во историјата на Балканот досега не се појавил таков градител којшто преку меѓународната театарска асоцијација НЕТА, по крвавите војни во бивша Југославија обедини 66 театари од целиот Балкански Полуостров. Благој Стефановски-Баге почина пред една недела на 67-годишна возраст. Тој беше министер за култура, во еден мандат пратеник и долги години директор на Народниот театар-Битола. Стефановски остави богата професионална кариера поврзана со културниот живот во Битола и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето", „Војдан Черондрински" и „Ристо Шишков", како и репрезентативно учество во асоцијацијата НЕТА. Добитник е на голем број признанија и награди, а последната беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата за животно дело./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степенВремето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСаша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицетоМегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи. Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката. Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето. „Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.Тагови: Саша Ковачевиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter