Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
СветОдржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободатаНа преполн стадион во Глендејл, во американската сојузна држава Аризона, вчера се одржа комеморација за убиениот десничарски активист Чарли Кирк кого претседателот Доналд Трамп во својот говор го нарече херој и маченик за американската слобода.Трамп на комеморацијата изјави дека Кирк е „маченик за американската слобода“ и вети дека ќе ја продолжи неговата работа. Тој повторно ја обвини „радикалната левица“ за убиството на Кирк, без да наведе никакви докази. - Насилството доаѓа главно од левицата, рече Трамп. - Тој не ги мразеше своите противници, тој г сакаше најдоброто за нив. Тука не се согласувам со чарли. Јас ги мразам своите противници и не го сакам она што најдобро за нив, рече Трамп. На комеморацијата присуствуваа и потпретседателот Џеј Ди Венс и други високи републикански функционери кои дојдоа да му оддадат почит на убиениот десничарски активист. Комеморацијата беше организирана од конзервативната младинска организација на Кирк, Turning Point USA. Настанот привлече десетици илјади ужалени, облечени во црвено, бело и сино, кои го исполнија стадионот State Farm во Глендејл. Пријателите и колегите конзервативци на Кирк го пофалија како инспиративен христијанин кој основал политичко движење, а тие ветија дека ќе го негуваат. Неговата сопруга Ерика, која го презеде водството на Turning Point, му оддаде почит на својот покоен сопруг, гледајќи во небото и безгласно изговарајќи „Те сакам“. Таа зборуваше за неговата посветеност на христијанството, семејството и активизмот. - Сакам сите да знаете, иако Чарли почина прерано, тој беше подготвен да умре. Го напушти овој свет без жалење. Правеше 100 отсто од она што можеше секој ден, рече таа. Таа, исто така, му понуди прошка на 22-годишниот маж кој е обвинет за убиството на Кирк. - Моето срце е скршено, но јас простувам. Чарли сакаше да ги спаси младите луѓе, како оној што му го одзеде животот. На тој човек, на тој млад човек – му простувам. Му простувам затоа што Христос го направи тоа и затоа што Чарли би го направил тоа, изјави таа. Ерика Кирк зборуваше и за нејзината одлука да не бара смртна казна за обвинетиот Тајлер Робинсон. - Искрено, му реков на нашиот адвокат дека сакам владата да одлучи. Не сакам крвта на тој човек да биде на мојата совест. Затоа што кога ќе отидам во рајот и Исус ме праша: 'Око за око? Дали е тоа начинот на кој ги правиме работите?', а тоа ме спречи да бидам во рајот, да бидам со Чарли?“, рече Ерика Кирк. Потпретседателот Џеј Ди Венс го пофали Кирк за неговата помош во изборот на Трамп за претседател на САД минатата година преку мобилизирање на младите гласачи. - Целата наша администрација е тука, но не само затоа што го сакаме Чарли како пријател, туку и затоа што знаеме дека немаше да бидеме тука без него, рече Венс. Кирк (31) беше убиен на 10 септември со еден куршум додека одговараше на прашања од публиката во кампус во Јута. За неговото убиство е обвинет 22-годишен студент од технички факултет, а истражителите велат дека во пораките до својот партнер признал дека го убил Кирк затоа што му било „доста од неговата омраза“. Групите за граѓански права го критикуваа Кирк поради реториката која ја опишаа како расистичка, антиимигрантска, трансфобична и мизогина. Неговите поддржувачи велат дека тој бил бранител на конзервативните вредности и застапник на слободата на говорот.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветНеочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од ТрампАмериканскиот потпретседател Џ. Д. Венс во понеделникот одби да каже дали го поддржува реизборот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, иако претседателот Доналд Трамп неодамна јавно му даде поддршка на израелскиот лидер.„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека се наоѓаше во авионот „Ер форс ту“ . Сепак, претходно оваа година, Венс отпатува во Будимпешта за да му даде поддршка на Виктор Орбан – кого исто така го поддржа Трамп – пред изборите во Унгарија. Долгогодишниот унгарски премиер ги загуби тие избори. Венс изјави дека не е ниту „за“ ниту „против“ давањето поддршка за Нетанјаху. „Не сум против тоа да го поддржам. Но, не сум ниту ’за‘. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс. И Трамп претходно избегнуваше да му даде поддршка на Нетанјаху. „Веќе не се мешам во израелската политика“, изјави Трамп за списанието „Тајм“ претходно овој месец. Сепак, во саботата, Трамп отворено го поддржа Нетанјаху, нарекувајќи го „премиер-голем воин“ во објава на социјалните мрежи. Очигледното дистанцирање на Венс од Трамп – кое се манифестира преку неговото одбивање да го поддржи израелскиот премиер – доаѓа само неколку дена пред изборите во Израел. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пристигна во земјата во ненајавена посета, според два извори запознаени со ситуацијата и еден американски функционер. Во понеделникот вечерта, Хегсет се сретна со Нетанјаху и со израелскиот министер за одбрана Израел Кац, што го потврдија еден израелски извор запознаен со деталите од средбата, како и уште еден извор запознаен со разговорите. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Џеј Ди Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЕвропаГерманија има милијарди, но нема кој да работиГерманија планира големи инвестиции во инфраструктурата, одбраната и дигитализацијата. Сепак, студија на Германскиот институт за економија предупредува дека веќе постои недостиг од околу 148.000 квалификувани работници потребни за реализација на овие проекти, пренесува „Дојче веле“. Германија располага со огромна сума од половина трилион евра во посебен фонд за модернизација на инфраструктурата, но недостигот на квалификувана работна сила го попречува трошењето на овие средства. Парите сами по себе не се доволни, се наведува во студијата на Германскиот институт за економија (IW) со седиште во Келн, објавена во понеделникот, 19 октомври. Недостигот е најизразен во техничките професии „Успехот на овие проекти во голема мера зависи од тоа дали ќе има доволно квалификувани стручњаци за нивно планирање, изградба и управување“, се вели во извештајот. Токму тука се појавуваат неизвесности, особено во однос на занимањата во областите на инфраструктурата, енергетската транзиција и дигитализацијата. „Ако занимањата што се преклопуваат се бројат само еднаш, во периодот од јули 2025 до јуни 2026 година постои просечен недостиг од 148.047 квалификувани работници, кои се потребни за спроведување на инвестициската програма. Овие три групи на занимања сочинуваат 44 отсто од вкупниот недостиг на квалификувана работна сила.“ Особено голема е побарувачката за електричари, машински техничари и монтери Според истражувачите од Келн, најголем недостиг има во техничките професии. „Тука спаѓаат електричните инсталации во градежништвото, санитарните системи, греењето и климатизацијата, електротехниката за индустриски објекти, како и машинството и одржувањето на постројки.“ Авторите на студијата истакнуваат дека постои особено акутен недостиг на работници со стручни квалификации. Тие предвидуваат дека огромните инвестиции дополнително ќе го влошат недостигот на работна сила, бидејќи потребните кадри нема едноставно да се појават сами од себе, освен ако државата не преземе соодветни мерки. Германија очекува економски раст поттикнат од државни инвестиции Владата – заедно со водечките економисти и Меѓународниот монетарен фонд – неодамна значително ги зголеми своите прогнози за растот на германската економија. Ова се должи на зајакнувањето на извозот, но првенствено на обемните државни инвестиции во инфраструктурата и одбраната, кои во текот на наредните години ќе достигнат вкупна вредност од еден трилион евра. Се предвидува дека БДП ќе порасне за 1,3 отсто оваа година и за 1,1 отсто во 2027 година. До 2028 година, се очекува растот да забави на 0,6 отсто. Стареењето на населението дополнително го усложнува проблемот Недостигот на работна сила е последица на стареењето на населението и недостигот од помлади генерации – јаз што може само делумно да се надомести преку имиграција. Германскиот институт за економија (IW) го смета ова за еден од најзначајните структурни предизвици за Германија. „На краток рок, непополнетите работни места значат изгубено создавање вредност, на долг рок, тие доведуваат до послаб иновациски потенцијал и побавен економски раст“, се наведува во анализата. Минатата година, 54.000 места за стручна обука во различни професии останаа непополнети, додека речиси 40.000 кандидати не успеаја да обезбедат место за обука во областа што ја посакуваа. Приватниот сектор заостанува со инвестициите „Сосема е соодветно државата да го надомести недостигот од инвестиции“, вели Михаел Гремлинг, раководител на одделот за истражување на економските трендови при Германскиот институт за економија (IW). „Сепак, јавната потрошувачка не може да ги замени приватните инвестиции кои се неопходни за одржлив раст.“ Според него, владиниот самит за инвестиции – кој започна во понеделникот – претставува чекор во вистинската насока, бидејќи има за цел да привлече приватен капитал во Германија. Според друго истражување на „IW“, подготвеноста на приватниот сектор за инвестирање е слаба во последните години. Истражувањето покажува дека, од почетокот на 2020 година, германската економија се соочува со недостиг од инвестиции во вредност од стотици милијарди евра, предизвикан од пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток. Германија се соочува со инвестициски јаз од 420 милијарди евра Компаниите инвестирале приближно 470 милијарди евра помалку отколку што би можело да се очекува врз основа на долгорочните трендови. За разлика од нив, државата инвестирала околу 50 милијарди евра повеќе. Сè на сè, ова резултира со проценет недостиг на инвестиции од околу 420 милијарди евра. Во вториот квартал од оваа година, приватните инвестиции останаа за повеќе од десет отсто под годишниот просек забележан во 2019 година. Јавните инвестиции, пак, беа за околу 20 отсто поголеми отколку тогаш. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМосква го обвинува Сеул за лошите односи, бара обнова на соработкатаРусија би поздравила конкретни чекори од страна на Јужна Кореја кон обновување на билатералните односи, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко.https://www.index.hr/vijesti/clanak/moskva-krivi-seul-za-lose-odnose-zeli-ponovno-suradjivati/2847631.aspxЗа време на брифинг за медиумите во Москва, Руденко нагласи дека Русија не ги поврзува своите односи со другите држави со конфликтот во Украина. „Забележавме дека јужнокорејските власти, во одредени изјави, изразуваат желба за нормализирање на односите, сепак, истовремено тврдат дека тоа е можно дури откако ќе се промени геополитичката ситуација – односно, откако ќе заврши конфликтот во Украина“, рече тој. Тој додаде дека Москва не е одговорна за влошувањето на врските со Сеул, туку одговорноста ја префрли врз Јужна Кореја поради нејзината одлука да се приклучи кон санкциите против Русија. „Не бевме ние тие што ги нарушија односите со Јужна Кореја. Сеул самиот избра да се приклучи кон санкциите воведени против Руската Федерација“, изјави Руденко. Јужнокорејската политичка фигура Ли Џае-мјунг претходно истакна дека Сеул го смета односот со Москва за важен и има намера да ја одржува комуникацијата. Преговори за директни летови Руденко потврди дека воздухопловните власти и авиопревозниците од двете земји разговараат за повторно воспоставување на директни летови. Сепак, тој напомена дека е сè уште прерано да се зборува за какви било конкретни договори. На прашањето за можна средба меѓу претставници од Русија, Кина и САД во врска со Украина, Руденко одговори дека сите три страни покажале интерес, но дека досега не се воделе суштински разговори. Прашан за претстојната посета на американскиот министер Марко Рубио на Индија, Руденко рече дека Москва нема да ја коментира. Тој нагласи дека Индија е независна земја која води суверена надворешна политика. Извор: Индекс.хрТагови: москва Сеул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter