Одржана е конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО

Националната комисја за УНЕСКО на Република Македонија денеска ја одржа конститутивната седница, на платформата Зум.

По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура, Ирена Стефоска.

Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РМ, директори на државни институции и авторитети за областите кои се поврзани со светската организација.

Министерката Стефоска ги информираше членовите за начините на остварување на соработката со УНЕСКО на Националата комисија и координација со ресорните органи, институции, организации со Секретаријатот на Националната комисија. Беа посочени и приоритетите на Македонија пред следната Годишна конференција на светската организација, а кои се однесуваат на потребата за зајакнување на соработката на нашата земја со УНЕСКО во сите програмски области и на сите нивоа (комитети, одбори и сл.) и поголемо учество на младите во активностите на организацијата.

Комисијата беше информирана и за поднесената апликација за поставување на црквата Св.Ѓорги во Курбиново на тентативната (пробна) листа на УНЕСКО. Ова е прва апликација за запишување на листата за светско културно и природно добро од нашата земја до УНЕСКО по 1978 година, кога Охридскиот регион бил впишан на оваа листа.

Членовите на Националната комисија беа запознаени со трите македонски проекти од областа на културата, науката и заштитата на животната средина кои се одобрени во рамките на Програмата на УНЕСКО за партиципација за 2020-2021 година.

На следната седница Националната комисија ќе го разгледа Извештајот за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот за спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на неговата 43 сесија (Баку, Азербеџан, 2019), како и финалниот извештај по Реактивната мисија во Охридскиот регион кој ќе биде официјализиран на почетокот на февруари.

Министерство за култура

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер