Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман - Канал 5

Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман

Клубот за македонско овчарско куче караман е формиран во 2004 година, но раните почетоци датираат од 1998 година кога браќата Влатко и Марјан Костовски ги симнуваат првите карамани од македонските планини.

Одржана 10. државна изложба на македонско овчарско куче караман

Во организација на Кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче „Караман“ и во соработка со македонскиот Кинолошки сојуз и Бигорскиот манастир вчера во селото Битуше беше одржана 10-тата државна изложба за македонското овчарско куче караман.

- Одлучивме изложбата да се одржи токму во Битуше заради тоа што откако станав претседател на клубот најубавите карамани кои од работната дивизија мигрираа во урбаната, беа пронајдени тука затоа што сточарството тука сеуште егзистира за разлика од источниот дел на државата што ни се испразни. Втората, не помалку битна работа, е еден човек а тоа е отец Порфириј Бигорски, кој со благословот на неговиот старец, ја препозна благородната мисија на клубот и се приклучи и ја формира една од најстабилните и несомнено најголема одгледувачница за македонското овчарско куче караман која егзистира во склоп на манастирот, изјави Илија Ико Каров, претседател на Кинолошкиот клуб.

За победници беа прогласени Арија од Бигорскиот манастир, млад клупски победник, Лара на Иван Цветковски од кумановското село Тромеѓа, зрел клупски победник, Бабуш на Валентин Митанов од Прилеп, млад клупски победник и Блеки на Даме Стојановски од Скопје зрел клупски победник.

- Овој значаен настан нема да се случи доколку не ни дадеше целосна поддршка Бигорскиот манастир, поточно цело братство со благослов на неговото преосвештенство г. Партениј, за што искажуваме голема благодарност сите што сме присутни тука, како и кинолошкиот сојуз на Македонија, и секако кинолошкиот клуб за македонско овчарско куче караман, истакна Каров.

Клубот за македонско овчарско куче караман е формиран во 2004 година, но раните почетоци датираат од 1998 година кога браќата Влатко и Марјан Костовски ги симнуваат првите карамани од македонските планини.

- Караманот е старо нова раса. Најраните референци на расата се пронајдени уште во неолитот на овие простори, потоа следи средновековието, каде што се оние најконкретните на логотипот. Кучето што е издвоено на нашето лого всушност е детал од фреската рождество Христово во Курбиново од 1191 година. Македонското овчарско куче караман сеуште егзистира во етничките граници на Македонија, значи не само во географските. Значи се среќава на сите страни, посочува Каров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер