Одржан спортски настан во чест на јубилејот – 1000 години Бигорски манастир - Канал 5

Одржан спортски настан во чест на јубилејот – 1000 години Бигорски манастир

Група спортисти, во пресрет на празникот „Раѓање на свети Јован Крстител" – Иванден своите спортски подвизи ги посветија на големиот јубилеј, 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Одржан спортски настан во чест на јубилејот – 1000 години Бигорски манастир

Денес, на наша голема радост и во пресрет на празникот „Раѓање на свети Јован Крстител – Иванден“, група спортисти, кои многу години наназад практикуваат различни спортски дисциплини во прекрасниот Мавровски регион, ги посветија своите спортски подвизи на големиот Јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Учество зедоа спортско-качувачките клубови од нашата земја (СКК Екстрем – Скопје, СКК Карпош – Скопје, СКК Вертикал – Битола, СКК Астибо – Штип, СКК Карпи за секој – Демиркапија), членови на Спортско Качувачката Федерација, под раководство на претседателот г. Владимир Трповски, а нивни предизвик беше да ги качуваат атрактивните и светски познати насоки во Мавровската пештера.

Во четвртокот, пак, во попладневните часови, од граничниот премин Стрезимир, тројцата искусни планинари и алпинисти: Марио Шаревски, Маја Бошкоска и Војкан Недковски, за првпат во историјата на македонското планинарење поминаа трансверзала по планинскиот венец Кораб-Дешат-Крчин по следниов правец на движење:

Шерупа – Зиберова кула – Голема Корабска Врата (камп)- под Бел Врв и Црна Чука – Кепи Бард – Кобилино Поле (камп 2)- Голем Кораб – Мал Кораб – Боази – Изгревно Езеро – под Дерза, Црн Камен, Шупла Стена – Шкртец (камп 3) – Плоча – Високо брдо – Иноска – Веливар – Св. Недела – Крчин. Притоа, тие поминаа растојание од 70 км, со искачена надморска висина од 4377м., во времетраење 31:48 ч., од кои во активно одење 22:21 ч.

Посебно беше задоволството овие храбри атлети во текот на спортувањето да ги носат јубилејните маици на Бигорскиот манастир, во знак на поддршка и нескриена радост за големината и значењето на 1000-годишнината од основањето на Бигорската Обител. На крај, тие го посетија древното Бигорско светилиште и се поклонија пред чудотворната икона на светиот Јован Крстител, а нешто подоцна сите беа поздравени од нашиот возљубен Старец, архимандрит Партениј, кој со особена љубов, задоволство и восхит за нивниот спортски подвиг во чест на Јубилејот, од срце им се заблагодари и ги благослови за нови успешни духовно-телесни искачувања и спортски достигнувања.

Бог да ги благослови сите оние кои зедоа учество и дадоа придонес за реализирањето на овој навистина прекрасен настан, кој успеа да се одржи и во услови на зголемени мерки за заштита и превенција од коронавирусот, притоа не отстапувајќи од наведените владини препораки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница.

Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

А одговорност од власта досега нема од никого.

Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото.

Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а никој да не сноси одговорност.

Не може институциите да потфрлат и да не го заштитат здравјето на луѓето и никој да не одговара.

Со последната изјава Клековски призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“.

А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна.

Ако водата билна полна со бактерии како тврдеа дека е исправна и може да се користи како „техничка“?

Никогаш не беше објавена анализа, извештај за водата, кој дозволил и дал одобрение.

Само затоа што „експертот“ што соопшти беше Мицкоски.

Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните.

Ова ова е здравствена катастрофа, тотален хаос и распад на институциите.

И одговорност мора да има!

Доста молчи Јавното обвинителство. Савески наместо на еккурзија мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

​Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

Талогот од СДС си го покажа вистинското лице.

Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт.

Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС.

И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче.

Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија.

Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водата

Голема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница.

Потрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водата

Случајот бил пријавен во СВР Битола вчера околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните двајца сопатници останале на езерото. Според пријавата, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не излегол на површината. Во меѓувреме, силниот ветер го однел чамецот со другиот рибар на околу 1.000 метри од брегот, во правец кон Крани.

Во акцијата за пронаоѓање и спасување вклучена е и специјализирана нуркачка екипа од специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер