Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
МакедонијаОдржан Денот за високи гости на вежбата „БЛЕСОК 26“Денес, 27 април 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“ беше реализиран Денот за високи гости на вежбата „БЛЕСОК 26“.На настанот присуствуваа: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување-Грција генерал-потполковник Григориос Боунтлиакис, началникот на Ј-9 на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол контраадмирал Торстен Маркс, генерали од Армијата, воено-дипломатскиот кор, претставници од локалната самоуправа и други гости. Во своето обраќање претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече: „Нашата Армија е фактор на стабилност и чувар на глобалниот мир. Денес повеќе од 180 припадници на Армијата, под македонското знаме, се вклучени во мировни мисии и операции. Таа додаде и дека „Силата на една современа Армија не се мери само со опремата којашто ја поседува, туку и со меритократијата во регрутирањето и унапредувањето, постојана стручна надградба и достоинствени услови за живот и за работа на луѓето во униформа“. Претседателката на државата нагласи дека „Вежбата БЛЕСОК 26 е охрабрувачка и инспиративна потврда дека македонската Армија ја разбира природата на времето во кое живееме и сериозно се подготвува за соочување со предизвиците што ги носи“. Министерот Мисајловски по изведувањето на показната вежба истакна дека присутните „беа сведоци не само на демонстрација на способности, туку и на дисциплина, прецизност и висок професионализам“, укажувајќи на тоа дека оценката „борбено подготвена“ е резултат на мотивираноста и способностите на армиските припадници, како и интензивниот процес на модернизација и опремување на македонската Армија. „Македонската Армија прави историски чекор напред во поглед на своите капацитети. Оперираме со нова, софистицирана опрема, како и секоја друга НАТО – армија. Нашите припадници се на исто ниво со останатите од Алијансата. Имаме целосна интероперативност, која ни овозможува заеднички да го одбраниме она што ние нам најсвето, а тоа е слободата, татковината, демократијата. Да ги одбраниме нашите вредности кои се вкоренети во македонското општество“, истакна министерот. Мисајловски упати честитки до сите армиски припадници вклучени во организацијата и реализацијата на оваа вежба, за која рече дека е исклучително сложена имајќи предвид дека над 1.500 армиски припадници работеа на фиктивно сценарио со 25 настани и над 100 инциденти. Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во своето обраќање наведе: „Нашата најголема НАТО цел на способност, Лесната пешадиска баталјонска група се здоби со статус „mission capable“ или „борбено подготвена“. Огромен успех којшто е резултат на јасна стратегиска насока и напорна работа. Успех којшто се темели на одржлив и систематски процес на планирање, подготовка, обука, опремување и модернизација, реализиран во согласност со највисоките НАТО стандарди“. Генералот притоа дополни „Зад ова достигнување стои колективниот напор на сите припадници на Армијата. Достигнување коешто е резултат на исклучителната синергија помеѓу Армијата и Министерството за одбрана, јасно дефинирана преку стратешки насочената мисија и кохезија“. Контраадмиралот Торстен Маркс во своето обраќање потенцираше дека нашата држава е силен и доверлив НАТО сојузник наведувајќи: „Од приклучувањето кон НАТО во 2020 година, вие значително ја подобривте вашата одбранбена позиција. Инвестирате над 2 проценти од БДП во одбраната и придонесувате во мисиите на НАТО, вклучувајќи ги КФОР и борбените групи на НАТО. Ова покажува вистинска посветеност на Алијансата и нашата заедничка безбедност, оценувајќи ги единиците според стандардите на НАТО“. Притоа тој истакна: „БЛЕСОК 26 јасно ја демонстрира интероперабилноста на дело“, потенцирајќи го задоволството што Лесната пешадиска баталјонска група е оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“. Вежбата „БЛЕСОК 26“ е продолжение на серијалот вежби „Македонски Блесок“. На оваа вежба, на која учествуваа над 1.500 припадници од Армијата, се изврши и оценување на НАТО целта на способност - Лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), при што од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, единицата се стекна со статусот „борбено подготвена за извршување на својата мисија“. Со оцената, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците.Тагови: БЛЕСОК 26 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 21. август 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 21. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете се што доаѓа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Сѐ што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
МакедонијаВладо Мисајловски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести плус гостува Владо МисајловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОбјавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот Слепата претскажувачка Баба Ванѓа почина пред речиси три децении, но интересот за нејзините „предвидувања“ продолжува со несмалена мера.Меѓу приказните што се пренесуваат, особено се издвојуваат оние за далечната иднина - споменувајќи неверојатни научни достигнувања, вонземски живот, разговори со Бога и границите на познатиот универзум. Таа самата не запишала ништо Според толкувањата на нејзините следбеници, Баба Ванѓа оставила „предвидувања“ што датираат „илјадници години нанапред“. Едно од најдалечните е поврзано со годината 5078, за која се тврди дека го означува „крајот на светот каков што го знаеме“. Важно е да се нагласи, сепак, дека овие „предвидувања“ не можат со сигурност да се припишат на самата Ванѓа. Таа самата не ги запишала, па затоа голем дел од информациите стигнале до јавноста преку други луѓе, преку последователни толкувања и прераскажувања. Поради оваа причина, скептиците со години се прашуваат колку се точни денешните верзии на „предвидувањата“ на Баба Ванѓа. Следбениците тврдат дека таа „предвидела“ откривање на „универзален лек“ за годината 4302, додека 4308 треба да донесе „промена во човековото однесување“. Толкувањата што ѝ се припишуваат на Ванѓа, исто така, наведуваат дека до 4509 година, луѓето ќе можат да „комуницираат со Бога“, додека моралот на човештвото ќе достигне „повисоко ниво“. „Временска линија“ Таа наводно „предвидела“ дека „бесмртноста ќе стане вообичаена“ за годината 4599, додека за 4674 година се вели дека претставува „врв на човековата благосостојба“. Според истата „временска линија“, населението тогаш „ќе достигне дури 340 милијарди“, а луѓето ќе стапат во „контакт и ќе се мешаат со вонземјани“. Потоа доаѓа годината 5076, кога човештвото ќе ја открие „границата на познатиот универзум“, објавува Unilad. И потоа доаѓа „последната година“ на оваа необична „временска линија“ - 5078. Според толкувањето што ѝ се припишува на Ванѓа, тогаш треба да се случи „крајот на светот каков што го знаеме“. Следбениците на наследството на Ванѓа често ја цитираат „приказната“ дека бугарските и советските научници процениле дека предвидувањата на Ванѓа „биле околу 85 проценти точни“. Сепак, нема доволно сигурни докази за ова да се земе како утврден факт.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook