Одржан 55. Шампионат во традиционално карате

 Во Будо центарот „Недеви“ во Скопје викендот се одржа 55. Државен шампионат во традиционално карате во кихон, џиу ипон кумите, кого-кумите, кумите и фукуго за сениори, јуниори, кадети и деца.

Најуспешни каратисти кои станаа државни шампиони со освоени по два златни медали беа: Сашо Спасовски-кумите сениори:

Мила Младеновска во кого-кумите и фукуго за јуниорки

Марта Димковска во џиу ипон кумите и кихон за кадетки

Матеј Мангаровски во кихон и џиу ипон кумите за кадети

Камелија Недев во кихон и џиу ипон кумите за деца 10-11г.

Филип Недев во кихон и кихон кумите

Лука Крстевски во кихон и џиу ипон кумите за деца 10-11 г.

Лука Билбилов во кихон и џиу ипон кумите за деца 12-13

Григориј Митов во кихон и кихон кумите за деца 8-9г.

Војдан Паламидовски во кихон и кихон кумите за деца 6-7г.

Максим Чучков во кихон за деца 10-12г.

Ива Спасеновска во кихон и кихон кумите за деца 8-9г.

Дарија Попова во кихон и кихон кумите за деца 8-10

Марија Атанасовска во кихон и џиу ипон кумите за деца од 10-13г.

Божидар Ѓеорѓиевски во кихон и кихон кумите за деца 6-7г.

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ поднесе оставка

Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на Белград, за да почнат да се создаваат законски услови за одржување на изборите кои покрај парламентарните и покраинските избори, на 17 декември ќе се одржат и на ниво на град Белград.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, изјави дека формално поднесува оставка од таа функција, но дека посветено ќе работи и ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка за довербата на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

-Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на Белград, за да почнат да се создаваат законски услови за одржување на изборите кои покрај парламентарните и покраинските избори, на 17 декември ќе се одржат и на ниво на град Белград, рече Градоначалникот Александар Шапиќ.

Шапиќ е и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС).

-Кога Владата на Србија ќе воведе привремено тело... Очекувам како претседател на тоа тело да продолжам да го водам Белград, до денот на изборите и конечната проверка на довербата за се што направивме во претходната година и пол и што допрва планираме да направиме за доброто на Белград, рече Шапиќ.

Денес продолжи бранот оставки на градоначалници во Србија, за да се стекнат услови за одржување и на вонредни локални избори, па така оставки поднесоа и градоначалникот на Крагуевац, Никола Дашиќ и градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ.

Вчера оставки поднесоа градоначалниците на Краљево Предраг Терзиќ, на Лесковац Горан Цветановиќ, на Нови Пазар, на Кучево, Трстеник и Смедерево.

Градоначалниците и претседателите на општитните почнаа од вчера да поднесуваат оставки, што е во корелација со изјавата на претседателот Александар Вучиќ, дека „парламентарните, покраинските и белградските избори ќе се одржат заедно, како и во некои општини и може да се одржат и на 17 декември“.

Белгиските зелени предлагаат неофицијална декриминализација на абортусот

Поддршка на измените изрази белгискиот огранок на организацијата Лекари на светот (МДМ), која оцени дека е потребна „итна реформа на Законот за абортус за најранливите жени“. 

Двете водечки белгиски еколошки партии, валонската Еколо и фламанската Зелени, поднесоа Предлог-законот за измени на Законот за абортус во Белгија, со кои, меѓу останатото, се предвидува продолжување на законскиот рок до кој може да се изврши абортусот од 12 на 18 недели, укинување на шестдневниот период на чекање пред да може да се спроведе зафатот, како и негова неофицијална декриминализација.

Со измените се предлага абортусот да биде експлицитно наведен како зафат опфатен со здравствената заштита, што практично би значело декриминализација на делото доколку се изврши по законски дозволениот рок.

Пратеничката Северин де Лавеле од Еколо, која заедно со нејзината колешка Ева Плато од Зелените, се официјални предлагачи на законските измени, изјави дека тие се подготвени врз основа на Извештајот со 25 препораки изработен пред шест месеци од страна на посебна експертска комисија по нарачка на пратеници од владејачкото мнозинство.

- Овој извештај во никој случај не може да остане во фиока. Затоа, овие препораки ги преточивме во закон за да го зајакнеме правото на жените да го контролираат своето тело и сопственото здравје, нагласи Де Лавели.

Поддршка на измените изрази белгискиот огранок на организацијата Лекари на светот (МДМ), која оцени дека е потребна „итна реформа на Законот за абортус за најранливите жени“.

МДМ-Белгија, исто така, се залага за продолжување на законскиот рок за абортус на 18 недели, за укинување на задолжителниот шестдневен период што им е оставен на жените „да размислат дали сакаат да ја прекинат бременоста“, како и за подигање на свеста на жените и поедноставување на пристапот до абортус и усогласување на постапката.

Предлозите ги поддржа и здружението Секуларна федерација на центрите за планирање семејство (ФЛЦПФ), кое за залага за легализација на абортусот во Белгија.

- Иако абортусот е одобрен под неколку услови повеќе од 30 години, ова право не е ниту целосно ефективно, ниту целосно декриминализирано, порача ФЛЦПФ.

Еколо и Зелените се дел од седумпартиската белгиска владина „Вивалади“ коалиција, предводена од премиерот Александер де Кро, во која засега нема целосна согласност за ваквите законски измени.

Слична иницијатива претходно беше покрената и од владејачката валонска Социјалистичка партија (ПС), но таа не помина поради блокадата од страна на партијата Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ), исто така членка на владината коалиција. Тогаш, ЦДВ се согласи на продолжување на законскиот рок до кој може да се изврши абортусот наместо од 12 на 18, на само 14 недели, освен во случаи на силување или инцест и се спротивстави на укинување на шестдневниот „рок за размислување“, туку само за негово скратување на 48 часа.

Согласно договорот за формирање на „Вивалди“ коалицијата, еден законски предлог може да се достави на усвојување во Парламентот само доколку со него се согласуваат сите седум коалициски партнери./МИА

Амбасадорот Марковски учествување на меѓународен собир во Тирана посветен на јазиците

Прво, македонскиот јазик многу одамна е присутен и се говори во Албанија од страна на Македонците кои што живеат на овие простори.

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците, Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана организираше меѓународен собир на тема „Перспективите на странските јазици и култура во албанскиот контекст“ на кој учествуваа амбасадори и културни аташеи од петнаесетина држави.

Амбасадорот на Република Македонија, Данчо Марковски зборуваше во однос на перспективите на македонскиот јазик и култура.

- Кога говориме за македонскиот јазик и култура во албански контекст потребно е да имаме во предвид неколку значајни компаративни факти кои ќе ни овозможат полесно да дојдеме до саканиот одговорот и заклучоци: Прво, македонскиот јазик многу одамна е присутен и се говори во Албанија од страна на Македонците кои што живеат на овие простори, исто како што Албанците говорат албански јазик на просторот на Македонија. Од друга страна, овие две национални заедници говорат и македонски и албански, со оглед на близината на границата која само физички ги дели териториите на двете држави. Така било со години наназад, рече Марковски, информираа од Амбасадата.

Второ, според него, изучувањето на македонскиот јазик во образовниот систем на Република Албанија е воведен во основните и средните училишта веднаш по завршувањето на Втората светска војна во пограничните области на Гора, Голо Брдо и Мала Преспа.

Оцени дека слична е состојбата со албанскиот јазик во споменатиот период, но за разлика од Албанија во Македонија денес албанскиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование.

Додаде дека во Македонија постојат два државни и еден приватен универзитет, за разлика од тука каде што имаме ограничено основно и средно образование само во една општина Пустец.

Трето, демократските процеси овозможија интензивна билатерална соработка на сите полиња и значително патување и меѓусебна комуникација на населението во едната или другата држава.

Според Марковски, во последните години забележлив е трендот на културната соработка.

- Согледувајќи ја потребата за натамошно збогатување на овој вид соработка Северна Македонија пред скоро три години во Тирана го отвори Културно информативниот центар, чија улога е приближување на македонската култура пред албанската јавност. Постигнато е високо ниво на етаблираност за успешен развој на македонскиот јазик и култура, посочи тој.

Според него, потребно е да се исправи екстремниот дисбаланс во образованието.

- Но, во однос на образованието потребно е да се исправи актуелниот дебаланс, нешто на што убеден сум дека албанските образовни власти ќе поработат во блиска иднина. Во оваа смисла примерот на Факултетот за странски јазици искрено го поздравувам. Отворањето на класови во сите три степена на образование, како и давањето можност за воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во училиштата во голема мера ќе ја промени сегашната слика, изјави Марковски на споменатата активност.

притисни ентер