Одрони на патот Делчево - М.Каменица кај с.Очипала

Појава на одрони утрово се регистрирани на патот Делчево - Македонска Каменица во близина на с.Очипала.

Од подружницата на Македонија Пат информираа дека одроните редовни се чистат и апелираа внимателно движење долж овој патен правец кој е дел од магистралата А3.

-Знаеме дека се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави, а врнежите кои непрекинато паѓаат 24 часа дополнително влијаат за тоа. апелот е да се вози внимателно со препорака за ппочитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, информираа од Македонија Пат.

Поради дождот кој утрово започна да паѓа со посилен интензитет во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.

Потпретседателката на Филипините не се појави на сослушување за заканите кон претседателот

Потпретседателката на Филипините денеска не се појави на првото сослушување поврзано со заканите кон претседателот Фердинанд Маркос Јуниор, велејќи дека не мисли оти истрагата ќе биде правична.

Потпретседателката Сара Дутерте беше повикана да се појави пред Националното биро за истраги, но наместо тоа, го испрати својот адвокат, кој достави писмо во кое се вели дека неговата клиентка жестоко „негира дека упатувала сериозни закани“ според законот.

Дутерте се обиде да ги повлече своите коментари дадени за време на онлајн прес-конференцијата на 23 ноември. На тоа, таа јавно им се закани со смрт на Маркос, неговата сопруга и претседателот на Претставничкиот дом Мартин Ромуалдез. Таа подоцна рече дека тоа е повеќе од грижа за сопствената безбедност, тврдејќи дека добивала смртни закани.

Маркос и Дутерте се во лоши односи од нивната победа на изборите во 2022 година. На Филипините, претседателот и потпретседателот се избираат одделно, што може да доведе до тоа двајца ривали да ги заземат двете највисоки политички функции во земјата.

Дутерте е 46-годишна ќерка на поранешниот претседател Родриго Дутерте, кој е под истрага од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за злосторства против човештвото поради крвавите репресии за време на неговото претседателствување. /MИА

OJO Велес поведе предистражна постапка за ученичко насилство во велешко училиште

Основното јавно обвинителство Велес поведе предистражна постапка за ученичко насилство во велешко училиште. 

Во постапката се преземаат повеќе дејствија за овој случај од страна на повеќе лица и институции. Јавноста ќе биде известена за одлуката на Јавното обвинителство Велес, информира денеска за медиумите Цветанка Боговеска, јавна обвинителка за подрачјето на Општина Велес.

Таа појасни дека СВР Велес во петокот, 6 декември, во Јавно обвинителство Велес испратил известување за случен кривично правен настан со предизвикана тешка телесна повреда на 12-годишно дете, ученик во ООУ„Блаже Конески“, од страна на врсник и соученик.

Известувањето за кривично-правниот настан на полицијата се темели на член 131 од Кривичен законик.

Станува збор за настан којшто на 20 ноември годинава се случи во ООУ„Блаже Конески“ кога за време на училишен одмор 12-годишен ученик повреди соученик и му нанесе тешка телесна повреда на главата.

Повредениот ученик од велешката Општа болница беше итно пренесен на Клиниката за неврологија во Скопје и по неколкудневно болничко лекување беше пуштен на домашно лекување.

ООУ „Мирче Ацев“ добива нов фудбалски терен со вештачка трева

Втор терен за нашите најмили во една седмица!

На вкупна површина од метри квадратни се поставува нов терен со вештачка трева. Подлогата ги исполнува највисоките критериуми согласно UEFA и ќе биде одлично место за рекреација. Најмладите остануваат врвен приоритет и фокус во работата на Општина Ѓорче Петров.

Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации! Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт.

Досега ги изградивме

Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска

Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски

Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски

Тартан подлога на спортски центар ГеГе

Тартан подлога на спортски центар Бранители

Терен со вештачка трева во ООУ СТРАШО Пинџур

Градиме спортска сала во Хром

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер