МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
1МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираат
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
ФудбалОдредени полуфиналните двојки во ФА КупотОбјавени се полуфиналните двојки за ФА Купот 2024/25.Полуфинални парови во ФА Купот: Нотингем Форест – Манчестер сити Кристал Палас - Астон вила. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на стадионот „Вембли“ во Лондон на 26 и 27 април. Актуелен носител на трофејот е Манчестер јунајтед. Во 2024 година Јунајтед во финалето го победија Манчестер сити со 2:1. Тагови: фудбар ФА куп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното, расходите редовно се сервисираатПриходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%. Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4% од планот и бележат раст од 10,3%. Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5% повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година. Имено податоците за реализацијата на овие изворни приходи упатуваат на одржување на тренд на стабилност и раст во економијата, на што упатуваат и за последните податоци објавени за индустриското производство во јуни кога е забележан раст од 6,5% во споредба со истиот месец минатата година. На расходната страна значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што е раст од 39,6% во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година. Исто така, за поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка. Исто така, извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалАрсенал договори големо засилување Англискиот шампион Арсенал го финализираше еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, договарајќи го ангажманот на Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед. Актуелниот англиски шампион ќе плати 75 милиони фунти за бразилскиот играч за врска, кој уште во јули го известил раководството на Њукасл дека сака да ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Арсенал ги започна преговорите со значително пониска понуда, додека Њукасл првично одбиваше дури и да размисли за продажба на својот капитен. Ставовите се приближија по неколку рунди разговори, а на играчот му беше дадена дозвола да го реализира трансферот. Гимараеш беше со тимот на подготовките во Шпанија, но го чекаше „зеленото светло“ за да ги изврши лекарските прегледи. Неговиот поранешен клуб, Лион, има право на 20 проценти од сумата што Њукасл ќе ја оствари од овој трансфер. Според тоа, францускиот клуб ќе добие меѓу седум и осум милиони фунти. Бразилецот пристигна во Њукасл во јануари 2022 година, во трансфер вреден околу 50 милиони евра. Тој има одиграно 153 натпревари во Премиер лигата, при што постигнал 30 гола и забележал 26 асистенции. Минатата сезона, тој запиша девет гола и осум асистенции на 41 настап, а исто така беше асистент за четири гола на пет натпревари за Бразил на Светското првенство. Неговото заминување е продолжение на значителното осипување на играчкиот кадар. Менаџерот Еди Хау, како и Ентони Гордон и Сандро Тонали, веќе го напуштија клубот ова лето, додека се очекува Матијас Јајсле да ја преземе тренерската функција. Како дел од процесот на реконструкција, Њукасл ги ангажираше Шон Стјур од Ајакс и Алаџи Бамба од Монако, но клубот сè уште бара дополнителни засилувања во средниот ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСојузот на синдикатите бара работодавачите да ги заштитат работниците од топлотниот бранСојузот на синдикатите бара работодавачите да ги заштитат работниците од топлотниот бран кој ја зафати земјава.Оттаму бараат работодавците да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички . Значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството“,се вели во нивната реакција. Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работниците дека доколку не се почитуваат нивните права, тоа може да го пријават кај синдикалниот претставник, претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, во државниот инспекторат за труд, како и во самиот сојуз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook