Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надомест за градинка во Аеродром - Канал 5

Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надомест за градинка во Аеродром

 Општина Аеродром денеска соопшти дека ги ослободува од плаќање надомест одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“. 

Одредени категории родители ослободени од плаќање месечен надомест за градинка во Аеродром

Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница.

Од плаќање се ослободуват следните категории: Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете, самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата, двајца родители без приходи или самохран родител без приходи, двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата и родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата.

- Ослободувањето се однесува за периодот до 31 декември 2025 година, а има цел да им се олесни на најранливите категории граѓани. Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер