Одредени двојките за осминафиналето на Лига Европа - Канал 5

Одредени двојките за осминафиналето на Лига Европа

Во седиштето на УЕФА по Лигата на шампионите со извлекување беа одредени и двојките за Лига Европа. 

Одредени двојките за осминафиналето на Лига Европа

Најинтересен секако може да биде дуелот на двете италијански екипи Болоња против Рома, додека Лил го пречекува премиер лигашот Астон Вила.

Двојки за осминафиналето:

Ференцварош – Брага

Генк – Фрајбург

Штутгарт – Порто

Болоња – Рома

Панатинаикос – Реал Бетис

Селта – Олимпик Лион

Нотингем Форест – Митјиланд

Лил – Астон Вила

Термин за првите натпревар е на 12.март, додека на 19.март се играат реванш дуелите. Финалето е закажано за 20.мај во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-сведочеше мајката на судијата Ристов

Парите најдени заѕидани во ѕид во домот на родителите на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов  не биле негови, туку заштеда на неговите родители која ја стекнале работејќи уште од  уште од седумдесеттите години на минатиот век.

Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко-сведочеше мајката на судијата Ристов

Вака денеска пред судот сведочеше Донка Ристова, мајка на судијата Ристов, која пред судот рече дека секој спечален денар го ставала во дупката од ѕидот зад шпоретот, каде наводно таа и сопругот ги чувале парите. Ристова рече дека нејзиниот син не само што немал контакт за парите, туку воопшто не ни знаел за нив.

-Тоа е во горната кујна, позади шпоретот. Плочката беше залепена само на 4 места за да падне, за да се отвора. Од 1975 година си ја направивме куќата и сeкоја паричка што ќе ми остане си ја ставав таму. Парите се од земјоделие - продававме бостан, пиперки кајсии, а потоа имавме и лојзе и имавме голема добивка од лозјето. Никој не знаеше за парите, ниту децата,- – Донка Ристова, мајка на обвинетиот судија Ѓоко Ристов.

Во судницата потоа се појави и таткото на Ристов чие сведочење одеше во линија на неговата мајка – парите ги чувале дома затоа што не верувале во банки, а Ѓоко Ристов немал контакт со парите. За обвинителството пак ваквите сведочења не се целосно релевантни бидејќи доаѓаат од неговите родители, но и бидејќи вештачењето покажало дека директен контакт со парите имал и самиот Ѓоко Ристов, а не само родителите.

– Така низ една итерпејовска ќе си дозволам естетика, зборуваа и сведочеа за настани и за факти, но тие исти не наоѓаат никаква поткрепа во останатите докази и материјали, сите други обезбедени. Но, повторувам тоа се родители, таму маргината на веродостојност и емоција е јасна, станува збор за родители и дете,- изјави тонско Искра Хаџивасилева, обвинителка.

Покрај родителите на Ристов, пред судот денеска се појави и крим техничар кој бил присутен за време на еден од двата претреси во домот на Ристови, а кој сведочеше дека не е сигурен колку луѓе биле во домот за време на претресот и дали сите носеле заштитна опрема. За одбраната, токму ова сведочење укажува на тоа дека се случило конфузија со трагите од ДНК, земени за време на самиот претрес.

– Вас денес ви кажа крим техничарот дека заштитна опрема не носеле, дека не се земени брисеви и траги како контролно обезбедување за контаминација на трагите. Ви кажаа дека на 29.12 Ѓоко Ристов бил присутен и помагал при тогашниот претрес и оставал траги, па нашите вештаци ќе ви објаснат зошто нема едни траги, зошто има други траги.... изјави Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот судија Ѓоко Ристов.

Следното рочиште со испитување на нови сведоци на одбраната ќе продолжи на 22 октомври. Сега веќе суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов седна на обвинителната клупа откако во јануари годинава во два претреси во домот на неговите родители беа пронајдени 350.000 евра, сокриени и соѕидани во ѕид. Против него има обвинение за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење на пари, а на почетокот од ова судење Ристов не призна вина и рече дека ќе докажува оти парите се на неговото семејство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија министерска конференција за развојот и стратешкото значење на Коридор 8

Коридорот 8 ќе стане стратешка артерија која ќе го поврзе Балканскиот регион со Европа во економска, енергетска и безбедносна смисла.

Во Софија министерска конференција за развојот и стратешкото значење на Коридор 8

Коридорот 8 ќе стане стратешка артерија која ќе го поврзе Балканскиот регион со Европа во економска, енергетска и безбедносна смисла, но секој од партнерските земји мора да го заврши својот сегмент од изградбата – порача шефот на македонската дипломатија – Тимчо Муцунски од Софија, каде домаќин на конференцијата посветена на Коридорот е неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова.

-Затоа, нашата посветеност е јасна - договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел меѓу нашата нација и Бугарија, кој стапи на сила овој март, е многу важен чекор напред, како што се и неодамнешните состаноци на заедничката комисија во Софија и во Скопјe. Сега е време оваа политичка посветеност да се претвори во конкретни резултати на терен. Ние ја унапредуваме потребната инфраструктура и ќе продолжиме тесно да соработуваме со Албанија, Бугарија, ЕУ.- – Тимчо Муцунски министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Петрова Чамова потврди дека сега во Бугарија има политичка волја и импулс заедничкиот тунел со земјава да биде завршен во како што вели, рок од пет до шест години.

-Од наша страна, ја презедовме одговорноста да работиме во најкраток можен рок. Апсолутно сме свесни за потребата од поврзувањето и сметаме дека во моментов ја има потребната политичка волја од наша страна ова да се случи што е можно поскоро,- -Велислава Петрова Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

Коридор 8 не е билатерален проект туку Европски а од голема важност е и за проширувањето на ЕУ, потенцираше еврокомесарката Марта Кос.

-Токму ова сакаме да го направи Коридорот 8 - да го поврзе Јадранското Море со Црното Море и да им донесе придобивки на луѓето од Бугарија, С.Македонија, Албанија и пошироко. Затоа во Македонија и Албанија со заем од ЕУ го поддржува Коридорот 8 со 319 милиони евра во финасирање. -Марта Кос, еврокомесарка за проширување .

Откако и се заблагодари за гостепримството на својата колешка Петрова Чамова, Муцунски најави дека следната меѓународна конференција за стратешкиот Коридор 8 ќе се случи во Скопје следната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Според најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. 

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години.

Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон.

Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување.

Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата.

Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката.

Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер