Одреден вид храна може да ја зголеми желбата за тутун (фото) - Канал 5

Одреден вид храна може да ја зголеми желбата за тутун (фото)

Ако сте решиле да ги оставите цигарите, внимавајте што јадете...

Одреден вид храна може да ја зголеми желбата за тутун (фото)

Кои се најдобри, а кои најлоши намирници за оние што се обидуваат да го остават овој порок.

Според статистичките податоци, 48,4 % од вкупното население во Македонија се пушачи. Ова за жал, ја прави нашата земја лидер во регионот, но и држава која влегува во светската топ 10 листа на земји со најмногу пушачи.

Овие поразителни податоци се од 2020 г. и се резултат од заедничкото регионално истражување на домашната тинк-тенк организација „Аналитика“ и Универзитетот во Чикаго.

Познато е дека пушењето е најголем ризик-фактор за добивање на смртоносниот канцер на бели дробови, а според статистиките, во однос на ова заболување, повторно сме на самиот врв во Европа и светот.

Откажувањето од тутунот не е лесно

Да ги оставите цигарите не е лесно, особено ако сте пушеле со децении. Покрај силната волја, според експертите, исклучително е важно и што јадете во периодот додека се обидувате да се ослободите од овој порок.

- Секој пушач ќе ви каже дека пушењето ги затапува сетилата за вкус и мирис. Чадот од тутунот содржи токсична мешавина од околу 7.000 хемикалии, од кои некои можат да им наштетат на неврорецепторите во устата. Добрата вест е што штетата не е трајна и дека во рок од само две недели по откажување на пушењето, сетилото за вкус и мирис се изострува - изјавил д-р Мајк Фиоре, директор на Центарот за истражување на штетноста на тутунот од Факултетот за медицина и јавно здравје на Универзитетот во Медисон, Висконсин.

Според него, многу е важно и каква храна јадете во периодот додека се обидувате да се откажете од пушењето. Одредена храна може да ги зголеми шансите полесно да се откажете од цигарите, додека друга може да го отежне откажувањето од оваа штетна навика.

1. Најдобро: млеко

Во ситуација кога ги оставате цигарите, секогаш е подобро наместо кафе да пиете млеко. Млекото и млечните производи го влошуваат вкусот на цигарите, па можат да ви помогнат да се ослободите од оваа лоша навика.

Најлошо: кафе

Од друга страна, кафето воопшто не е добро бидејќи ја зголемува желбата за тутун, бидејќи многу луѓе се навикнати да пушат цигари со кафе. Најдобро е да не пиете кафе барем некое време или да го замените со чај.

2. Најдобро: овошје и зеленчук

Пушачите имаат тенденција да јадат помалку овошје и зеленчук, што не е добро за нивниот организам. Студијата што го анализирала однесувањето на 1.000 пушачи покажала дека оние што јаделе повеќе овошје и зеленчук имале трипати поголеми шанси да се откажат од пушењето, бидејќи, слично на млекото, и овошјето и зеленчукот го влошуваат вкусот на тутунот.

Најлошо: алкохол

Алкохолот и тутунот одат рака под рака, па многу пушачи ќе признаат дека пушат повеќе кога ќе излезат со друштвото на пијачка.

- Овие работи се тесно поврзани, луѓето не размислуваат дали да запалат цигара додека пијат пиво, тоа го прават автоматски – објаснил д-р Фиоре. Тој советува да се обидете да не пиете алкохол барем првиот месец по откажувањето на цигарите.

3. Најдобро: пуканки

Кога ќе се откажете од пушењето, можеби постојано ќе сакате нешто да грицкате, најчесто зашто сте навикнале рацете и устата да ви бидат зафатени со цигара. Ако треба да ставите нешто во уста за да го избегнете нагонот за пушење, пробајте несолени пуканки, така рацете ќе ви бидат зафатени, а и ќе бидете сити некое време.

Најлошо: месо

Месните производи, слично како кафето и алкохолот, го подобруваат вкусот на цигарите, па обидете се барем на кратко од вашето мени да го исклучите месото, а особено месните преработки.

4. Најдобро: грав

Откажувањето на цигарите честопати се поврзува со зголемување на телесната тежина бидејќи многу пушачи ги заменуваат цигарите со храна. Покрај тоа, никотинот го потиснува апетитот, кој сега се менува. За да не се здебелите, јадете грав. Оваа храна е богата со растителни влакна и ќе ве држи сити подолго време, а покрај тоа, ќе ви го подобри варењето.

Најлошо: зачинета и слатка храна

Според Американското здружение за борба против канцер, зачинетата и слатка храна треба да се избегнува колку што е можно повеќе доколку се обидувате да се откажете од пушењето. Слатките и зачинетата храна ја зголемуваат желбата за цигари, пишува „Everyday health“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)

Ретко видео од мистичната јасновидка Баба Ванѓа кружи на социјалните мрежи веќе неколку дена.

Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)

Во гореспоменатото видео, Баба Ванѓа зборува за „прекрасни црвенокоси самовили кои се насекаде околу нас, но кои ние не можеме да ги видиме“, објави Телеграф.

Потоа тврди дека наводно „животните сè уште можат да ги видат и дека самовилите не се чисти“.

Ванѓа, исто така, тврди дека овие „самовили“ биле присутни ноќта кога го изгубила видот.

Баба Ванѓа, чие вистинско име било Вангелија Пандева Гуштерова, била слепа пророчица и билкарка, позната низ целиот Балкан и Источна Европа. Родена е во Струмица во 1911 година, која тогаш била дел од Отоманската империја, и поголемиот дел од својот живот го поминала во Бугарија, околу Петрич и Рупита. Починала во 1996 година.

Според најпознатата верзија на нејзината биографија, го изгубила видот како тинејџерка по силна бура. Едно време се школувала во училиште за слепи во Земун, каде што научила Брајова азбука, музика и домашни вештини.

Таа стана позната по своите тврдења дека може да предвиди идни настани и да ги „види“ судбините на луѓето. Со текот на времето, таа беше заслужна за бројни предвидувања за големи светски настани, вклучувајќи го 11 септември, распадот на Советскиот Сојуз и други историски настани.

Баба Ванѓа остави зад себе „предвидувања“, според нејзините следбеници, кои датираат „илјадници години нанапред“. Едно од најдалечните е поврзано со годината 5078, за која се тврди дека го означува „крајот на светот каков што го знаеме“.

Сепак, важно е да се нагласи дека овие „предвидувања“ не можат со сигурност да се припишат на самата Ванѓа. Таа не ги запишала лично, па затоа голем дел од информациите стигнале до јавноста преку други луѓе, преку последователни толкувања и прераскажувања.

Во годината 4599, таа наводно „предвидела“ дека „бесмртноста ќе стане вообичаена“, додека во 4674, се вели дека претставува „врв на човековата благосостојба“. Според истата „временска рамка“, населението потоа „ќе достигне дури 340 милијарди“, а луѓето ќе стапат во „контакт и ќе се мешаат со вонземјани“. Следбениците на наследството на Ванѓа често ја цитираат „приказната“ дека бугарските и советските научници процениле дека предвидувањата на Ванѓа се „околу 85 проценти точни“. Сепак, нема доволно сигурни докази за да се земе ова како утврден факт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика морници кај корисниците ширум светот.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

Видеото доаѓа од Колумбија, каде што камера за надзор го снимила мотоциклистот како со полна брзина „удира“ во вратата на автобус што минува, ја пробива и на тој начин влегува во автобусот.

Истиот инцидент е снимен и од камера од друг агол, имено од внатрешноста на автобусот. Видеото покажува дека, за среќа, автобусот бил речиси празен, а возачот на автобусот и патникот кој бил на самиот крај останале неповредени.

Најголемото чудо е што мотоциклистот станал веднаш по несреќата и се чинело дека е свесен, а неговите повреди не биле сериозни.

Сепак, ако го удрел автобусот само момент подоцна, исходот можел да биде многу поинаков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати, објави ABC News.

Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, а досега се спасени 17 Американци, соопшти претходно американскиот Стејт департмент.

Спасувачките операции во регионот продолжуваат и досега, благодарение на меѓународната помош, околу 12.000 луѓе се спасени, додека повеќе од 5.000 повредени добиле медицинска помош.

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август беа предизвикани од уривање на огромно парче глечер, широко околу 600 метри, кое се лизнало од висина од околу 5.200 метри со брзина од повеќе од 100 километри на час, а чие влијание во долината предизвикало земјотрес со јачина помеѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, кој го регистрирале сеизмолошките центри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер