Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
1Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
КошаркаОдом : Нов почеток во Каха ЛаборалПоранешниот кошаркар на ЛА Лејкер, ЛА Клипер и Далас 34 годишниот ламар Одом сезонава ќе биде големо засилување за шпанскиот прволигаш Каха Лаборал.Контроверзниот Одом по лошиот период во кариерата но и во животот, остана без клуб но и се раздели од сопругата Клоуи Кардашиан изјави дека дошол во Шпанија во Каха Лаборал за да се врати на вистинскиот пат . -Тука сум поради кошарка , поради животот и секако за да тргнам се од почеток. Сакам само да си ја вратам желбата и љубовта кон кошарката ,а на светот нема подобро место за тоа од Виторија и Баскија. Се чуствувам добро, секој ден сум се поблиску до максималната форма. Долго бев надвор од теренот и сега треба да бидам стрплив, изјави 34 годишниот Одом. Новиот крилен центар на Лаборал изјави дека клучно за неговото доаѓање во Виторија бил разговорот со неговиот пријател некогашниот соиграч од Лејкерс Пау Гасол. „Разговарав со Пау , кој има извонреден однос со тренерот Скариоло и тоа беше пресудно. Покрај тоа Виторија е е совршено место за да си го поедноставам животот и да си го поставам прашањето „Кој е Ламар Одом“. Не брзам , можеби во Шпанија толку многу ќе ми се допадне што ќе останам и по крајот на кариерата. Иако Ламар Одом е има репутација на проблематичен кошаркар , искусниот крилен центар порача дека не треба да се верува во се што ќе напишат новинарите за него. „Не треба да верувате на се што ќе видите на телевизија. Мислам дека ќе ви се допаднам како личност. Играчите се поинакви на теренот и надвор од него. Ако ме запознаете надвор од теренот мислам дека ќе ме цените повеќе како што јас ве ценам вас. Од она што се пишува и зборува за мене многу малку е вистина. . Добар човек сум воспитан од родители кои ме научија да ги почитувам другите луѓе. Сепак , некогаш во животот ќе изгубите компас кој сте и што сте“, заклучи Одом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна срединаОпштина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување. „Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски. Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38