3Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаОдобрено обвинението за фиктивни тендери- Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евраКривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката. Во обвинителниот акт стои дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ обвинетите, медицински и организациски директори, го извршиле со пречекорување на границите на своето службено овластување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствената заштита, Закон за здравствено осигурување, Статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки. Со овие дејствија тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари. Исто така, двајцата се обвинети за измама во службата бидејќи извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изврши незаконита исплата. На тој начин прибавиле значителна корист за добавувачите на лекови во вкупен износ од над 430 милиони денари. -Обвинетите, во постапките за јавни набавки на лекови – биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ за тоа, по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс, па без комплетна, веродостојна и вистинита документација обвинетите овозможувале верификација на реверсите преку јавните набавки. Со ваквите противзаконити дејствија обвинетите креирале противправни обврски на Фондот, кој бил доведен во заблуда дека условниот буџет кој го одобрува се однесува на законски креирани обврски, а не за намирување на противправно креирани обврски за лекови набавени на реверс, поради што Фондот на годишно ниво одобрувал условен буџет на Клиниката, од кој потоа биле исплаќани лековите набавени на овој начин, стои во обвинителниот акт. Воедно, обвинетиот медицински директор помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело – проневера во службата, бидејќи преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани, па така постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациент и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари. -Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани пет различни лекови. Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за вијали и таблети од вкупно девет лека – Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и Зелбораф со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари, појаснуваат од Обвинителството. Второто обвинение за случајот „Онкологија“ се однесува на четворица лекари, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката, Васев. Тој, заедно со уште една лекарка, се товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несоодветно лекување, при што кај 29 пациенти применил неподобна терапија спротивна на онколошките упатства. Дел од терапиите биле одобрени со факсимил и лозинка на втората обвинета. Другите двајца лекари се обвинети за несоодветно лекување, бидејќи давале напредна терапија на пациенти кај кои таа не можела да има ефект, со погрешно дозирање и без основни податоци што ја влошило состојбата на пациентите. Судењето за овој предмет беше насрочено за 11 јули, но се одложи за 5 септември поради отсуство на обвинетата Мери Пешевска. На обвинителна клупа тогаш седнаа само првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека, за Пешевска нејзиниот бранител до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште. Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина вели дека претстојната средба Си – Трамп – Путин е „историска“Кина денеска го истакна значењето на претстојната средба меѓу кинескиот, американскиот и рускиот претседател, опишувајќи ја како „историска“.Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекин Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се состанат в четврток на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во јужниот кинески град Шенжен. Кина годинава го има ротирачкото претседателство со АПЕК и е домаќин на самитот. Мао истакна дека ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу лидерите на трите земји. Зајакнувањето на комуникацијата, надминувањето на разликите и стабилизирањето на односите им служат на интересите на сите три држави и ги исполнуваат очекувањата на меѓународната заедница, рече таа, без да даде дополнителни детали за агендата. Вашингтон и Москва исто така ја потврдија средбата, при што САД соопштија дека напорите за неширење на нуклеарното оружје ќе бидат на дневниот ред. Други можни теми вклучуваат тензиите на Блискиот Исток, трговските политики и војната во Украина. Висок претставник на администрацијата на Трамп, говорејќи неодамна под услов на анонимност, ги намали очекувањата од разговорите, вклучувајќи ја и дискусијата што ја бара Вашингтон за евентуално намалување на глобалните нуклеарни арсенали, опишувајќи ја наместо тоа како почетна точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
КошаркаАмерикански кошаркар уапсен во Нигерија со речиси 34 кг канабисАмериканскиот кошаркар Да'монте Кајри Грин е уапсен во Нигерија, откако во неговиот багаж на главниот аеродром во Лагос биле пронајдени речиси 34 килограми канабис. Нигериската национална агенција за спроведување на законите за дроги (NDLEA) соопшти дека станува збор за 28-годишник од американската сојузна држава Џорџија. Тој пристигнал во Нигерија од Тајланд, патувајќи преку Обединетите Арапски Емирати. Според Агенцијата, осомничениот тврдел дека играл професионална кошарка во Тајланд и дека дошол во Нигерија за да „воспостави деловни контакти“ за својата кариера. Тој сè уште нема дадено јавна изјава во врска со обвинувањата. Уапсен е во средата, откако аеродромските службеници забележале дека оставил две парчиња чекиран багаж, а се обидел да излезе од терминалот носејќи само рачен багаж. Во двете торби – на кои било испишано неговото име – властите пронашле 32 пакети од дрога позната како „Loud“ (Лауд), што претставува моќен вид на канабис. Вкупната тежина изнесувала 33,95 килограми, а меѓу содржината бил пронајден и уред за следење. Од Агенцијата дополнително наведоа дека прегледот на неговиот мобилен телефон открил материјали кои укажуваат на „негово знаење за активности поврзани со трговија со дрога и учество во нив“. На страниците на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) се појавува играч по име Дамонте Грин, кој последен пат играл на 26 септември на Пукет Елит Купот во Тајланд. Според Обединетите нации, Нигерија, која некогаш се сметаше првенствено за транзитна земја за шверц на дрога, сè повеќе станува земја на производство, потрошувачка и дистрибуција. Неодамнешните операции на NDLEA открија неколку лаборатории за производство на метамфетамин во индустриски размери. Ова предизвика загриженост за врските меѓу нигериските производители на дрога и мексиканските нарко-картели кои се обидуваат да произведуваат и извезуваат дрога таму. Тагови: канабис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветПотопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на БугаријаБугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата. Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението. Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55