Одобрена финансиска поддршка за проекти од спортот во Карпош

Членовите на Советот ја изгласаа и програмата за изменување и дополнување на активностите на Општина Карпош во областа на спортот, а беше усвоена и измената на распоредот на средствата на буџетот на локалната самоуправа за оваа година.

Општина Карпош одобри финансиска поддршка на проектите „ Школа за пливање" и „Преку игри без граници за разрешување на конфликти", а беа одобрени и финансии за „Забавни спортски игри". Одлуките се донесени на денешната седница на Советот на општината.

Членовите на Советот ја изгласаа и програмата за изменување и дополнување на активностите на Општина Карпош во областа на спортот, а беше усвоена и измената на распоредот на средствата на буџетот на локалната самоуправа за оваа година.

На седницата беше донесена и одлука за отпочнување со работа на објектот со проширени просторни услови на ЈУОГД „Мајски Цвет" во објектот „Јасмин" на улицата „Женевска".

Правилниците за систематизација на работните места во четирите детски градинки „Мајски Цвет", „Распеана Младост", „Орце Николов" и „Пролет" што функционираат на територијата на локалната самоуправа, исто така беа изгласани од мнозинството од советниците.

Како што информираат од Општината, на седницата се донесоа и одлуките за давање согласност за започнување на постапка за издавање под закуп на спортските сали на општинските основни училишта од територијата на општината за наредната учебна година и согласност за започнување постапка за издавање под закуп на училишен простор: училници, холови, продавници, магацински простор, помошни училници и подрумски простори на основните училишта од територијата на локалната самоуправа за учебната 2019/2020 година.

Со одлука на Советот беа одобрени средства за плаќање надоместок за персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица и ангажирани за вршење на јавни работи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер