ЗдравјеОдморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болницаОдморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, а се подобруваат условите за пациентите и во кочанската болница, беше соопштено на денешната прес-конференција во Владата.Доктор Катерина Паниќ - Мирчовска, в.д. директор на Општата болница - Кочани, информираше дека во соработка и со Владата донесени биле потребните креми за апликација на изгорениците - првата пратка веќе пристигнала во болницата и дел од неа во одморалиштето на Пониква. Стигнати биле и лепенки што пациентите долго ги барале, првата пристигната тура броела 95 лепенки. Веќе биле потпишани договори со ГОБ „8 Септември“ за пулмолози, се работело на списоци со пациенти на кои им е неопходен преглед кај пулмолог. Паниќ - Мирчовска нагласи дека ќе се направи список на потреби, распоред за пулмолошки прегледи, што ќе се одвиваат во Општата болница - Кочани. - Во однос на компресивната облека, можам да ги кажам првите искуства од терен. Значи, веќе на 58 повредени им е дадена компресивната облека и тие ја носат. Веќе имаме видливи позитивни промени на самите лузни, истакна таа. На плус други 14 лица им биле направени мерења за носење компресивна облека. - Најавата на претставниците од компанијата од Германија и на претставниците од претставништвото во Бугарија, ни е дека за две недели повторно ќе дојдат, да ги видат позитивните или негативните забелешки што ги имаат повредените во однос на компресивната облека, во однос на мерките и доколку се соодветни кај сите, ќе почне процесот на изработка на вториот пар на компресивна облека, а ќе им биде доставена и првиот пар компресивна облека на тие на кои им се направени мерки во текот на оваа недела, појасни Паниќ - Мирчовска. Таа рече дека компресивната облека им дозволува да можат да ги извршуваат вежбите на физикална медицина, овозможува да се вршат секојдневни активности, а додаде и дека тоа е дополнителна заштита и од сончева светлина, бидејќи тие користат заштитен фактор 30 во самиот материјал од што се изработени. Во текот на престојот на Пониква, за оние кои се во училиште, во план е да има средба и со нивни наставници, педагози и психолози од нивните училишта. Владината портпаролка Марија Митева рече дека во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите бил предвиден во наредните три до четири недели. - Сакам да информирам за тоа како оди текот на реконструкцијата. Работите започнаа со поставување на нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжува. Хидроизолација на објектот, поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа што ги поврзува и горните оддели над физикална медицина - конкретно хирургија, гинекологија и неврологија, порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати. Особено важно што цениме како Влада дека е потребно да се нагласи е дека по долги години се оспособува хидрантската мрежа што беше целосно нефункционална и во тек е поставување на нов противпожарен систем, неопходен елемент за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал, рече Митева. Ова не е само реконструкција, нагласи таа, ова е „јасен сигнал дека Кочани добива системска грижа“. Таа се осврна и на подобрувањата што биле извршени во Пониква. - Исто така, таму се преземаат сериозни чекори за подобрување на условите во одморалиштето што веќе, морам да најавам од утре ќе ги прими и пациентите. Министерството за спорт целосно ги опреми двете игралишта за рекреација. Поставени се комарници, што се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза. Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје - Кочани. За разлика од времето кога институциите беа оставени сами на себе, без основни средства и без визија, денес имаме како Влада - системски пристап, вложуваме во инфраструктурата, во безбедноста и во достапноста на здравствениот систем, додаде Митева. Таа рече дека Кочани е приоритет и ќе продолжи да биде. - Граѓаните имаат право на современи услови, а институциите имаат обврска истите да ги обезбедат. И ова што денес го гледаме, е, уште една потврда за нашата посветеност на Кочани, подвлече портпаролката на Владата. Митева беше прашана околу ветувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе ги укине придонесите за новинарите, ако дојде во власт, до каде била оваа процедура и дали било разговарано за ова во Влада. - Да и ова е една од состојбите за што разговараме со сите синдикати и верувам дека во периодот што следи, ќе излеземе и со официјален став за тоа како и кога ова ќе биде реализирано, одговори Митева. Во врска со комисиите за историски прашања, таа беше прашана зошто не е соопштено за смената на членовите на комисијата за историски прашања со Грција, кои се новите членови на оваа комисија од македонска страна и зошто се држат во тајност средбите и на историската комисија со Грција и со Бугарија. - Можам само да потврдам дека да, на затворена седница е направена промена на историската комисија со Грција. Меѓутоа, со оглед на фактот што станува збор за одлука што е донесена на затворена седница, ве замолувам деталите околу причините и кои се лицата, да бидат добиени од страна на надлежното министерство - тоа е Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, одговори владината портпаролка.Тагови: здравствени работници Општа болница - Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook