Одмазднички порно сајтови – љубоморни манијаци ги понижуваат поранешните партнери

Маријана Ташингер(23) од Тексас, пред извесно време се сликала гола и сликите му ги испратила на своето тогашно момче, кое ветило дека ќе ги чува само за себе. Но, откако ја прекинале врската, нејзините разголени фотографии се нашле на еден од таканаречените, „одмазднички“ порно сајтови.

Маријана ги тужила поранешното момче и сајтот за нарушување на приватноста. Но, во меѓувреме, поради објавувањето на фотографиите, таа морала да си ја напушти работата, а била и прогонувана од еден манијак.

Вакви сајтови никнуваат како печурки, а не подлежат на кривичен прогон поради што последиците се ужасни. Жртвите остануваат без работа, стануваат предмет на потсмев и омаловажување, а некои се принудени дури и да си го сменат физичкиот изглед.

Активистите за човековите права во САД се обидуваат да издејствуваат законска заштита од ваквите сајтови и за сега, Њу Џерси е единствената држава која има таков закон. /Извор: Блиц/

Тухел го критикуваше Ким за примените головите на дуелот со Реал

„Беше премногу алчен и агресивен“.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го посочи Ким Мин за неговиот настап на натпреварот против Реал Мадрид.

Баерн вчеравечер одигра нерешено со мадридскиот клуб во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите (2:2).

- Тој двапати беше премногу алчен. При првиот гол против Винисиус премногу рано тргна во дуел па Тони Крос го искористи тоа со додавање. Вториот гол – за жал, тоа беше уште една негова грешка. Ние бевме петмина тие двајца. Немаше потреба да се брани толку агресивно против Родриго и без потреба направи пенал. Токму кога Ерик Дајер сакаше да помогне, Ким го фаулира Родриго. За жал, со оглед на квалитетот на противникот, овие грешки се казнуваат. Но, мораме да продолжиме понатаму, рече Тухел.

Реваншот во Мадрид е закажан за 8 мај. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

притисни ентер