Одмазда за убиената Александра: Маскирани банди нападнаа деца бегалци на железничката во Стокхолм! - Канал 5

Одмазда за убиената Александра: Маскирани банди нападнаа деца бегалци на железничката во Стокхолм!

Банда маскирани мажи синоќа се втурнале во и околу железничката станица во Стокхолм во потрага по мигранти - пред нападите биле делени ксенофобични летоци со содржина „доста беше“! Во летоците е објаснето дека нападите с еодмазда за убиената девојка во бегалскиот центар, 22 годишната Александра, која беше убиена во обид да спречи тепачка меѓу две мигрантски деца. Шведските медиуми јавуваат дека маскираната банда, чии членови веројатно доаѓаат од хулиганските фудбалски фанови, таргетирале деца меѓу бегалците на железничката станица...

Одмазда за убиената Александра: Маскирани банди  нападнаа деца бегалци на железничката во Стокхолм!
Група маскирани се собрале на главната железничка станица за да напаѓаат деца бегалци - изјави полицискиот портпарол во Стокхолм, Тои Хаг.

Полицијата потврдува дека нападите ги вршеле 50-60 лица кои претходно делеле летоци, а медиумите пишуваат за бројка од 200 маскирани.

Mob of black-clad masked men went on a rampage in and around Stockholm's main train station targeting refugee children

- Видов најмалку тројца претепани. На мета беа бегалците. Се исплашив и избегав - изјави сведок на насилството.

Во летоците кои биле делени во најава на нападите, пишувало:

- Полицијата низ целата земја веќе не се снаоѓа во превенцијата и истрагата во врска со криминалите кон шведскиот народ. Во некои случаи, како со девојката која беше убиена во центар за малолетни бегалци без придружба, работите одат дотаму што полицијата покажува повеќе симпатии за убиецот отколку за жртвата. Одбиваме да ги прифатиме нападите и малтретирањата на шведските жени. Одбиваме да ја прифатиме деструкцијата на нашето некогаш безбедно општество. Кога нашата полиција и политичко водство покажуваат повеќе симпатии за напаѓачите отколку за жртвите, нема повеќе простор да се дозволи тоа да продолжи без протетсти. Кога шведските улици не се безбедни за движење на Швеѓаните, наша должност е да го решиме проблемот! Затоа денеска 200 шведски мажи се собраа да се спротивстават на северно - африканските улични деца ...



Во летокот понатаму се повикува „секој шведски маж да се крене против увезениот криминал“

- Тие што денес се собраа не се вашите политичари, полицајци и новинари. Ние сме вашиот маж, татко, брат, колега, пријател и сосед.Ѓведските мажи и жени заслужуваат да бидат безбедни и ние ги повикуваме сите во Стокхолм и пошироко да ни се придружат, за подобра заедничка иднина.

Минатата недела полицијата предупреди дека железничката станица не е безбедна бидејќи ја населиле криминални банди составени од амрокански бегалци. Некои од нив имаат само по 9 години и одбиваат каква било помош од шведските власти. дел од нив избегале од сгрижувачките центри и семејствата кај кои биле доделени на чување.

Полицијата во Стокхолм проценува дека најмалку 200 марокански сираци или напуштени деца живеат на железничката станица и преживуваат со криминал. Немоќни да го решат проблемот, полицајците почнале да ги апсат за пијанство за барем неколку часа да ги тргнат од улиците. Нивната вкупна бројка во Шведска е 80 000.

/ извор: Дејли меил


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Јемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“.

„Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер