Одлуката за привремениот наследник на Коцевски одложена за понеделник - Канал 5

Одлуката за привремениот наследник на Коцевски одложена за понеделник

Јавното обвинителство до понеделник ќе остане без в.д шеф откако Советот на Јавните обвинители ја одложи денеска закажаната седница. 

Одлуката за привремениот наследник на Коцевски одложена за понеделник

Единствена точка на дневен ред беше определување на вршител на функцијата државен јавен обвинител по оставката на Љупчо Коцевски, но отсустна беше обвинителката Јелена Догазанска Колева, како што кажаа нејзините колеги бидејќи имала други работни активности. Дел од членовите предложија изборот да се одложи бидејќи е важно прашање за кое треба да се одлучува во полн состав.

-Според мене, се работи за највисока институција во државата. Ние немаме технички помагала да можеме да ја вклучиме, за жал. Дали евентуално би можело да се одложи за ден-два, за да дојде колешката, за да може Советот кога ќе излезе со став секој член да си го каже својот став. Ако можеме тоа да го направиме. Предлагам да ја одложиме седницата до понеделник,- изјави – Ермон Незири – Член на Совет на ЈО.

Предлогот за одлагање беше едногласно усвоен и претседателот на Советот нова седница за изор на вд државен обвинител закажа за во понеделник. Тој треба да биде избран од редот на обвинителите во Јавното обвинителство на РМ во кое има девет обвинители - Анита Тополова-Исајловска, Исмаил Дарлишта, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Со оставката на Коцевски треба да започне и процедурата за избор на негов наследник, со што на потег е Собранието кое треба да објави оглас но се уште, како што потврдија оттаму, не ја добиле предлог одлуката од Влада. Откако ќе биде распишан огласот 15 дена рок ќе имаат кандидатите за поднесување на пријавите.

Посебните услови предвидуваат кандидатот да биде обвинител со најмалку 10 години непрекинат работен стаж или судија кривичар. Од оние кои ги исполнуваат условите и добиле позитивно мислење од Советот, Владата избира еден и ќе предложи до Собранието каде се избира со просто мнозинство или најмалку 61 глас ЗА.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави:

„Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“

Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде:

„Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање.

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова

Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер годинешниот лауреат на МФФ Киненова вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него.

-Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа преспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите нои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер.

Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм.

Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди не подготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови.

Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема ВИ или автентична филмска креација? на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Капитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !

Капитенот на англискиот фудбалски великан, Челзи, Рис Џејмс, успешно беше подложен на помал хируршки зафат на коленото, потврди лондонскиот клуб во официјално соопштение. 

Капитенот на Челзи го оперираше коленото,клубот издаде официјално соопштение !

Тој го пропушти првенствениот натпревар и убедливата победа на „сините“ над Борнмут.

Дваесет и шестгодишниот десен бек го пропушти првенствениот натпревар – во кој „сините“ остварија убедлива победа од 5:1 против Борнмут на „Стемфорд Бриџ“ – додека траеја деталните медицински прегледи за повредата здобиена за време на тренинг. Дополнителните прегледи од страна на медицинскиот тим на клубот потврдија дека операцијата е единственото неопходно решение за санирање на проблемот со коленото.

„Рис веќе го започна процесот на закрепнување и во оваа фаза од рехабилитацијата ќе ја има целосната поддршка од медицинскиот тим на клубот во тренинг-центарот ’Кобем‘.

Сите во Челзи му посакуваат на Рис брзо закрепнување и ќе го поддржат на неговиот пат кон враќање на теренот“, соопштија од англискиот гигант.

Иако клубот не прецизираше колку точно ќе отсуствува капитенот, се очекува текот на рехабилитацијата да покаже кога точно англискиот репрезентативец повторно ќе ѝ биде на располагање на стручниот штаб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер