ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
2ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
КултураОдложено за еден ден отворањето на литературната манифестација „Илинден 2015“Поради прогласениот ден на жалост Општина Илинден го одложи отворањето на Литературната манифестација Илинден 2015 најавено за утревечер во 19 часот. Наместо утре отворањето ќе биде вторник во 19 часот, кога ќе се одржи програмата предвидена за понеделник и тековната за во вторник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл. Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди. Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИнтер и Баерн Минхен изненадени во Лигата на шампионитеНеколку изненадувачки резулати во синоќешната програма во Лигата на шампионите. Секако најголемо внимание привлекоа неочекуваните резулати на фаворитите Баерн Минхен и Интер Милано. Баерн Минхен одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Викинг во Норвешка. Викинг приреди вистинско шоу вечерва и по 38 минути водеше со 2:0, иако во натпреварот влезе како апсолутен аутсајдер. Тимот на Винсент Компани некако успеа да се „врати во игра“ и да изведе „блицкриг“ – во периодот од 54-тата до 71-вата минута беа постигнати три гола (два на Кејн и еден на Дијас) за целосен пресврт. Но, тука не заврши драмата. Олисе успеа да добие два жолти картони еден по друг во 73. минута и да го остави својот тим со играч помалку, што Хауген го искористи во 90. минута и сепак им донесе (барем) еден бод на „Викинзите“. Сепак нејголемото изненадување синоќа го направи тимот на Интер ов Милано кој на Џузепе меаце претрпе пораз од Бриж. Интер доживеа еден од најстудените тушеви во поново време, откако Бриж победи во Милано со 4:3! Гостите поведоа преку Тресолди од пенал во 30-тата минута, а Лаутаро Мартинез израмни во 44-тата. Потоа Тресолди продолжи со својата одлична игра – со уште два гола до 74-тата минута го комплетираше хет-трикот и го одведе Бриж до голема предност од 3:1. Мартинез потоа го намали заостанувањето, но во 87-мата минута Вермант зголеми на 4:2. Бони успеа повторно да го намали резултатот во 93-тата минута, по асистенција на Александар Станковиќ, но немаше време за чудо. Лига на шампиони, 2. коло вторник Ленс - Спортинг 0:2 (0:1) Суарез 22, Думбија 74 Сабах - Славија Прага 2:0 (0:0) Перис 49, Микелс 88 Арсенал - Лил 3:0 (0:0) Тимбер 64, Езе 67, Сака 71 Атлетико - М. Јунајтед 2:0 (1:0) Бариос 1, Лукман 79 Галатасарај - Барселона 1:4 (1:1) Батраков 28 – Кансело 43, Фермин 50, Гордон 53, Адејеми 65 Интер - Клуб Бриж 3:4 (1:1) Мартинез 44, 81, Бони 90+3 – Тресолди 30п, 63, 74, Вермант 87 Лајпциг - ПСВ 1:0 (0:0) Грутка 75 Викинг - Баерн Минхен 3:3 (2:0) Стенс 2, Кристијансен 38, Хауген 90 – Кејн 54п, 60, Диас 71 Виљареал – Наполи 3:1 (2:1) Микаутадзе 23, Мурињо 26, Олувасеји 86 – Рахмани 8 среда 18.45 Феенорд - Комо 18.45 ЛАСК - Ливерпул 21:00 Рома - Реал Мадрид Астон Вила - Фенербахче Бетис - Порто Боде/Глимт – Борусија Дортмунд Ман. Сити - ПСЖ 21.00 Шахтјор - АЕК Слован - ШтутгартКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаЛДП: „Туристичка агенција МВР“ – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода!Додека државната граница функционира како пропустлив синус каде што со обична македонска лична карта и без евиденција се преминува во странство, се поставува клучното прашање: Го видел некој премиерот? Човекот кој обично свечено отвара трафики, пиљари и коментира кога ќе се прска за комарци, за овој мегаскандал во кој се заглавени повеќе министерства и служби го нема никаде! Да не избега и тој нелегално во Бугарија?! Или си премиер и лидер што сноси одговорност, или те нема кога гори државата! Ова веќе не е институционален колапс, туку сурова црна трагикомедија во која системот е целосно парализиран. Истиот ден кога судот и обвинителството побараа нов притвор за бегалката Ива Михаилова, од притвор насмеан и раат излезе бившиот бегалец Артан Груби. Додека министерот Панче Тошковски признава дека лицето нелегално ја напуштило Македонија и дека се проверуваат снимките на границата, граѓаните сведочат како правдата во Македонија е целосно згазена, а законите важат само за оние кои немаат партиски штит. Додека милиони евра од државната каса се истураат за помпезни прослави, концерти со светски ѕвезди и споменици со милионски хонорари по стара „стевановска“ матрица, институциите напредуваат само во дисциплината како да се ослободат од одговорност. Пораката која се испраќа е претерано опасна: ако ви се може, кршете ги мерките, бегајте преку граница без пасош со лична карта, прошетајте се во странство и сликајте се како жртви, бидејќи обвинителствата се разбудија дури кога птиците веќе одлетаа. ЛДП повторно јасно порачува: Доста е од евтин политички театар, национал-шовинистички манипулации и префрлање на топката врз грбот на човечки трагедии. Ако премиерот, министрите и раководителите на безбедносните служби не можат да ја чуваат сопствената државна граница ниту да воспостават владеење на правото, најмалку што можат да сторат е да си поднесат оставки и да отворат приватна агенција за „VIP бегства без печат“. Време е за итна ревизија на целиот правосуден систем, пред државата целосно да ни се претвори во приватна агенција за бегалци со државен благослов!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter