МакедонијаОдложено судењето за таткото на Васил Јованов поради отсуство на обвинителотСудењето против Зоран Јованов, обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, денеска беше одложено во Основниот кривичен суд во Скопје поради отсуство на обвинителот Александар Марковски. Според информациите, Марковски најавил присуство на Варшавската конвенција, поради што не присуствуваше на рочиштето. Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако Обвинителството врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“. Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место. Обвинителството тврди дека преку родителска попустливост, таткото придонел за создавање на опасната состојба. Адвокатот Сашко Дуковски го оцени обвинението како правно неосновано и најави барање за детално образложение за секој поднесен доказ, нарекувајќи го случајот „правен преседан незабележан во македонската правна историја“.Тагови: Фросина Кулакова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски се соочува со сериозна криза,протестите во Киев траат веќе пет денаЗеленски се соочува со сериозна криза. Притисокот од улицата и од војската расте. .Претседателот на Украина Володимир Зеленски се соочува со една од најсериозните политички кризи од почетокот на руската инвазија, поради протестите против разрешувањето на министерот за одбрана Михаило Федоров. Протестите во Киев траат веќе пет дена, поттикнати од смената на популарниот министер, кој честопати влегуваше во судири со военото раководство околу прашањето за модернизација на армијата. Според „Киев пост“, ова се најдолгите непрекинати протести директно поврзани со војната. Минатата недела илјадници луѓе се собраа во главниот град, носејќи импровизирани транспаренти и пеејќи ја државната химна. Стотици демонстранти повторно се собраа во понеделникот, иако бројноста беше помала по руските напади за време на викендот. Зеленски со денови одржува состаноци со клучни советници и воени команданти, обидувајќи се да најде решение што ќе ги задоволи сите страни и ќе спречи продлабочување на поделбите додека војната продолжува. Според украинските медиуми и аналитичките проценки, во тек се разговори за враќањето на Федоров на функцијата, како и за судбината на врховниот командант Олександр Сирски, чија позиција станува сè понесигурна. Портпаролот на Зеленски синоќа изјави дека засега не се очекува никаква одлука. Сè почести се повиците за разрешување на Сирски. Во четвртокот наутро спонтано започнаа протести за поддршка на Федоров, млад министер кој се залагаше за технолошка модернизација на вооружените сили – потег на кој военото раководство често се спротивставуваше. „Ситуацијата несомнено е сериозна; гледаме како списокот со барања се зголемува“, изјави Олександр Салиженко, експерт од движењето „Чесно“. На подоцнежната, мошне бурна прес-конференција, Федоров изјави дека Сирски му поставил ултиматум на Зеленски, со што всушност изнудил негово разрешување. Федоров потоа повика на отстранување на Сирски; неговите поддржувачи се организираа на социјалните мрежи и на улиците, гласно извикувајќи: „Сирски, заминувај!“Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиноќа невреме го погоди Стар Дојран, паднати дрвја, оштетени игралиша... поред информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои синоќа први излегле на терен да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање.Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои синоќа први излегле на терен да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање кое пред неколку години го направи Агенцијата за млади и спорт. Паднати дрвја имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето, кај хотелот „Романтик”, пицеријата „Вавилон”, на главниот пат поради што извесен период патот бил прооден само во една сообраќајна лента, а неколку часови во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини. Во синоќешното невреме во Стар Дојран според очевидци откорнати се десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации . Инаку невремето во Стар Дојран покрај со силен ветер било проследено и со поројни дождови,грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Тагови: невреме Стар Дојран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево до 37 степени, попладне можен пороен дождВремето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе достигне до 37 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, а попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи, грмежи и засилен ветер. До петок времето ќе остане променливо и нестабилно под влијание на влажни воздушни маси. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а локално и краткотрајно невреме со силен ветер и град. Поради продор на постудена воздушна маса од север, од крајот на неделата се очекува значително опаѓање на дневните температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter