„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
1„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаОдложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката ПулсСудењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни .Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите. Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од Судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице што е најавено да прави вештачење. Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа. -Имајќи предвид дека одбраната има доставено дел од листата на докази со прилози, дел од одбраната денеска доставува докази, а голем дел се со барања од институции од кои не им е одговорно и бара од Судот таквите барања да им бидат одговорени, Обвинителството по тие ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа - рече обвинителката. Одбраната на Димче Аврамов, бараше од Обвинителството и Судот да се обезбеди доказ од предмет за кој веќе е запрена постапката, а како што посочи докажува дека обвинетиот три години барал увид во документацијата за Пулс и не давал согласност и дека ја потпишал по наредба на повисок старешина. -Само тој доказ го бараме да биде обезбеден, изјави одбраната. ОЈО-ГОКК ги товари сите деветмина за "Злоупотреба на службената положба" за тоа што во период од една година пропуштиле да преземат службени дејствија и неопходни проверки од аспект на јавната безбедност и сообраќајните решенија, а кои биле неопходни од аспект на обезбедувањето на одобрение - лиценца за работа на дискотеката Пулс.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook