Одложено Собранието на Македонската кошаркарска федерација - Канал 5

Одложено Собранието на Македонската кошаркарска федерација

Македонската кошаркарска федерација денеска донесе одлука Собранието закажано за сабота, 23 април да биде одложено на неопределено време.

Одложено Собранието на Македонската кошаркарска федерација
Ваквата разврска на ситуацијата во мак-баскетот уследи по денешната средба на која во просториите на куќата на кошарката присуствуваа Претседателот на МКФ, претставници на клубовите од Прва и Втора лига мажи, претставникци од Прва женска лига, клубовите од младинска лига, претседателот на регистрациска и арбитражната комисија при МКФ, комесарот за натпреварување на сениорски лиги и потпретседател на Федерацијата, одговорен за надзор на функционирањето на сениорските лиги.

Причина за ваквата одлука се несогласувањата на клубовите со предлогот на канцаларијата на МКД за измени на Статутот и регистрацискиот правилник на МКФ, со кои безмалку сите ингеренциии требаше да минат во рацете на УО на федерацијата.

Во продолжение го пренесуваме соопштението објавено на веб страната на МКФ.

„На ден вторник 19.04.2016 година во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа состанок меѓу претседателот на МКФ Петар Наумоски со претставниците на клубовите од Прва лига мажи, Прва лига жени, Втора лига и младинските лиги на кои се разгледуваа предложените промени на Статутот и Регистрацискиот Правилник на МКФ. По состанокот заеднички беше донесен заклучок Собранието закажано за ден 23.04.2016 година, на кое требаше да се расправа за промените на Статутот и Регистрацискиот правилник, се одложи, а се со цел добивање на Нормативни акти во интерес на сите заинтересирани страни.

На состанокот заеднички се донесе Заклучок да уште еднаш сите членки на Собранието на МКФ, преку своите Здруженија и Асоцијации, ги разгледаат предложените промени на Статутот и Регистрацискиот Правилник на МКФ.

На состанокот исто така заеднички се донесе Заклучок да сите Здруженија и Асоцијации, во писмена форма ги дадат своите забелешки, примедби и сугестии, се со цел да се изготват Статутот и Регистрацискиот правилник кои ќе ги задоволи потребите на МКФ и сите негови членки.

Поради ова, заеднички беше донесен заклучок да Собранието закажано за ден 23.04.2016 година, на кое требаше да се расправа за промените на Статутот и Регистрацискиот правилник, се одложи, а се со цел добивање на Нормативни акти во интерес на сите заинтересирани страни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. 

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници.

Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер