БалканОдложено првото рочиште за Илир Мета, упати жестоки навреди кон првиот човек на СПАК- Ме уапсивме по наредба на нарко државата, примајте наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвини Мета.Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, денеска се појави пред Специјалниот суд, но првата сеанса, која се карактеризираше со жестоки навреди упатени од него кон обвинителите, беше одложена за попладне. - Ме уапсивме по наредба на нарко државата, примајте наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвини Мета. Нему денеска требаше да му се определи безбедносна мерка. Неговите адвокати побараа дополнително време да се запознаат со досието, а Мета жестоко се расправаше со обвинителите во судницата, упатувајќи навредливи зборови кон првиот човек на СПАК, Алтин Думани. Како што објавија албанските медиуми, на седницата биле тројцата обвинители кои го потпишале неговото апсење - Алтин Думани, Арбен Краја и Сотир Клапи. Поранешниот претседател беше уапсен во понеделникот попладне во Тирана, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, под обвинение за перење пари, пасивна корупција и непријавување имот. Доколку биде осуден може да добие казна затвор од 15 години. Тој се враќал со автомобил од Косово, додека на влезот во Тирана интервенирале агенти и полицајци, кои го спровеле до полициската управа во Тирана. Заедно со Мета, во судот биле и неговата сопруга Моника Круемади, за која има изречено мерка редовно јавување, Ема Чоку и Пиро Џиџо. Сите, вклучително и Мета, негираат вина, оценувајќи дека е политички мотивиран процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
КултураНедела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влезОд 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм. Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен. Програмата ќе биде отворена во среда, на 4 ноември, со „Чекор“ на режисерот Кен Иизука, емотивна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Низ нивното секојдневие, филмот зборува за родителството, загубата и силата на семејната блискост. На 5 ноември ќе биде прикажан „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, напнат трилер за лекар кој се соочува со опасен натрапник и со тајните на болницата. На 6 ноември следува „Речиси чудо“ на Јуја Ишии, приказна за младоста, добрината и првите љубовни чувства. На 7 ноември на програмата е „Деца на морето“ на Ајуму Ватанабе, визуелно впечатлива анимирана авантура што ја истражува поврзаноста на човекот со морето и природата. Циклусот продолжува на 9 ноември со „Банана? Во ова време од ноќта?“ на Тецу Маеда. Инспириран од вистинска приказна, филмот ја следи решеноста на човек со мускулна дистрофија да живее самостојно и неговите односи со волонтерите кои му помагаат во секојдневието. Неделата на јапонски филм во Скопје ќе заврши на 10 ноември со „Иване: Меч на спокојот“ на Кацухиде Мотоки, историска драма за самурај кој се обидува да започне нов живот, но се вплеткува во опасен заговор во периодот Едо. Преку различни жанрови и авторски пристапи, програмата отвора простор за запознавање со јапонската култура и со приказни за семејството, љубовта, солидарноста и личната слобода. На 11 ноември програмата ќе продолжи во Центарот за култура во Битола, со проекции на „Деца на морето“ и „Чекор“. Сите проекции во Кинотеката се во 19:00 часот. Влезот е бесплатен, без резервации.Тагови: Кинотека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
НБАВидео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијатаЕден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ продолжи со своите спектакуларни настапи на почетокот од НБА сезоната. Словенечкиот кошаркар со 42 поена, 13 асистенции и седум скока, ги предводеше Лејкерси до убедлива победа од 138–117 над Мајами Хит. Лука погоди шест тројки, што беше негов петти натпревар по ред со најмалку 37 постигнати поени. Ова беше четврти натпревар на Дончиќ со најмалку 40 поени во неговите последни пет настапи. Во тој период, тој имаше просек од неверојатни 43,4 поени, 8,6 скока и 9,2 асистенции. Само претходната вечер, против Торонто Репторс, тој постигна 45 поени и оствари 15 скока. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до учинок од 6 победи и 2 порази. Покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 27 поени, како и Вокер Кеслер, кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 15 скока. Словенечкиот кошаркар имаше одличен почеток на натпреварот, што полека но сигурно станува традиција. Само до крајот на првата четвртина, Дончиќ забележа 16 поени, пет асистенции и четири скока, а до полувремето стигна до 24 поени. Во првите четири и пол минути од второто полувреме, тој додаде уште девет поени, помагајќи им на Лејкерси да ја зголемат предноста на 93–74. Потоа, Мајами не успеа сериозно да се врати во натпреварот. Дончиќ, кој минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА, оваа сезона е особено доминантен во првите четвртини, со просек од 15 поени. Исто така, вреди да се напомене дека Дончиќ приреди вистинско шоу не само на теренот, туку и за време на прес-конференцијата по натпреварот. Тој им кажа на новинарите дека е подготвен да одговори на уште прашања, но откако го доби првото, со насмевка стана од столот и си замина. Luka Doncic : "Je veux répondre à plus de questions." Journaliste : "Pourquoi as-tu pris une faute technique ?" Luka : https://t.co/xYuQTYfW9f — TrashTalk (@TrashTalk_fr) November 3, 2026 Прашањето гласеше: „Зошто доби техничка грешка?“ Техничките грешки се чест проблем за Дончиќ; тој често ги добива поради своите реакции или расправии со судиите. Минатата сезона собра 16 такви грешки – само една помалку од Дилон Брукс, кој беше прв во лигата во таа категорија.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластувањеСпоред информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter