Одложено асфалтирањето на дел од бул.Партизански одреди поради временските услови

Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој, инфомираат од Град Скопје, ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа.

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди", на дел од мостот „Обединети Нации" до ул. „Московска", во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.

Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој, инфомираат од Град Скопје, ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.

– Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот, стои во информацијата од Град Скопје.

Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека економиите на Кина, Јапонија, Русија и Индија немаат раст бидејќи тие земји се „ксенофобични кон имигрантите“.

„Зошто Кина заостанува економски толку далеку, зошто Јапонија е во неволја, зошто Русија, зошто Индија, затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти. Имигрантите се тие што не прават силни“, рече Бајден на настанот за собирање средства во Вашингтон за неговата претседателска кампања.

„Една од причините зошто нашата економија расте е поради вас и многу други. Зошто? Затоа што им овозможуваме добредојде на имигрантите“, додаде Бајден. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

притисни ентер