3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
БалканОдложени локалните избори во најпогодените општини од поплавите во БиХ- Се одложува спроведувањето на локалните избори во општините во Босна и Херцеговина кои беа најпогодени од поплавите, одлучија денеска членовите на Централната изборна комисија, јави Хина.Како што потврдија од ЦИК во Сараево, изборите ќе бидат одложени или подоцна ќе се одржат во Јабланица, Коњиќ, Кисељак и Крешево. Во наведените општини во недела нема да биде отворено ниту едно избирачко место, иако не сите делови беа подеднакво погодени од поројните поплави. Изборите ќе се одложат и во Фојница, но само на три избирачки места. -Врз основа на тоа што утринава го добивме како информација и откако ја разгледавме општата состојба на теренот, донесовме одлука за одложување на изборите, рече претседателката на ЦИК, Ирена Хаџиабдиќ, објаснувајќи дека одлуката за тоа кога ќе се организираат изборите во овие четири општини ќе се донесе дополнително. Во сите други делови на Босна и Херцеговина изборите ќе се одржат во согласност со претходните планови. Граѓаните на Босна и Херцеговина утре имаат можност да изберат нови градоначалници и шефови на општини, како и нови свикувања на градските и општинските совети, како и ново собрание на областа Брчко. За изборите се пријавени 110 политички партии, а на изборните листи има над 26.000 кандидати. Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денеска ги повика сите граѓани во БиХ да го остварат своето право на глас и на тој начин директно да влијаат врз креирањето на политиките во локалните заедници. Тој потсети дека во март лично интервенираше со измена на Изборниот закон, обидувајќи се да обезбеди поголема транспарентност и регуларност на гласањето и утврдувањето на изборните резултати. За таа цел, употребата на нови технологии ќе се тестира на одреден број избирачки места. Таму електронски ќе се проверува идентитетот на гласачот, а резултатите од гласањето ќе се обработуваат со скенирање на гласачките ливчиња. „Вашето учество (на изборите) придонесува за напредок, стабилност и подобро утре. Вашиот глас е важен и вашето мислење е важно“, се вели во пораката на Шмит./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter