„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
1„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
2Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
БалканОдложена средбата Мицотакис – Ердоган во ЊујоркНа барање на турската страна, одложена е денешната средба на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.На барање на турската страна, одложена е денешната средба на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а грчки владини извори брифираа дека се бара нов термин за средба во наредните денови, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите извори, средбата закажана за денеска нема да се одржи денес, на барање на турската страна, поради учеството на Ердоган на средбата на лидерите на арапски и муслимански земји, што ја организира американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаНов план за проширување на ЕУ – ќе се спречат ли нови билатерални условувања?Не се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во ЗагребНе се предвидуваат нови критериуми за членство во Унијата во планот кој еврокомесарката Марта Кос го претстави пред Конференцијата на амбасадори во Загреб, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови ќе го испорачаме и ќе бидеме најдобри во тоа, уверува тој. -Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон Европската унија на земјите кандидатки, сега за сега, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици кои што стојат на располагање и се пред нас не само како држава туку и на самата Европска Унија,- -Христијан Мицкоски, претседател на влада. Планот на Кос за сеопфатна реформа на проширувањето за Македонија подразбира етапен процес на интеграција каде од нас се бара целосна усогласеност со европските политики и активно исполнување на реформската агенда, оценува аналитичарот Тони Поповски. Според него, не се работи за предлог кој предвидува т.н. членство од втор ред, туку како што вели, се нудат можности за постепено интегрирање до финалната цел – подготвеност за полноправно членство. -Европската комисија прави напор да формулира еден концепт кој би овозможил некакви заштитни механизми во услови на т.н постепено интегрирање на државите кандидатки за членство. Истовремено се тангира и процесот на одлучување од причина што Комисијата смета дека на тој начин би се зголемила ефикасноста во носењето на одлуките што за нас е особено значајно бидејќи како што сите знаеме, не само за нашата држава, има процеси каде што постојат тенденции за билатерални условувања,- - Тони Поповски, Аналитичар. Според Поповски иако за нас новиот план нема да го промени условот за уставни измени, сепак, тој може да предвиди политички механизам кој би спречил билатерални условувања надвор од Копенхашките критериуми. Во таа смисла , може да се дадат политички насоки, да се овозможи повлијателна улога за Европската Комисија како чесен брокер и оценувач на напредокот на секоја држава кандидат и кога ЕК ќе препорача да се отвараат поглавја од преговорите па се до финалето, тие препораки да се примарно испочитуваат,- - Тони Поповски, Аналитичар. Според планот еврокомесарката Кос кој се очекува да биде усвоен кон крајот на следниот месец, ЕУ треба да се прилагоди на идното проширување, преку внатрешни реформи во Унијата, посилни заштитни механизми против назадувањето на демократијата во новите земји членки , како и поамбициозен пристап кон постепената интеграција за земјите-кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денeска намалени цени на училишниот прибор низ книжарниците Почна примената на владината мерка училишна кошничка.Почна примената на владината мерка училишна кошничка - ранците, тетратките, блоковите, колажи, моливи, пенкала, боички, фломастери, острилки, гуми, футроли, лепила, папки, дигитрони, односно сите неопходни материјали за почетокот на новата учебна година од денеска во книжарниците се продаваат со попуст. По објавувањето на одуката во службен весник, министерот за економија Бесар Дурмиши вели трговицте ќе имаат неколку дена да се прилагодат и да ги променат цените, од понеделник стартуваат контролите. Доколку ДПИ утврди непочитување или злоупотреба на одлуката ќе има соодветни казни... „Mерката е донесена на седница на влада и заедно со ДПИ ќе излеземе ќе ги контролираме сите книжари и сите маркети трговци кои продаваат овој вид на производи. Таму каде што ќе видиме дека не се почитува мерката или се злоупотребува нормално дека во рамки на законот ДПИ ќе постапува....“ - Бесар Дурмиши – министер за економија. Со мерката, која ќе важи до крајот на месец септември, трговците не големо се задолжени цените на училишниот прибор да ги намалат најмалку 10, додека пак, оние на мало се задолжени да обезбедат попуст од најмалку 15 проценти. - Трговците се должни, покрај новата намалена цена на производот, да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето. Во септември засилени контроли Друмиши најави и кај цените на храната. Растот на цената на горивата очекува да влијае и на другите цени но засега вели инфлацијата е стабилна и два месеци по ред имаме намалување на цените на храната. Доколку, инспекторите забележат девијантно однесување, вели како надлежно министерство веднаш ќе реагираат. „Сега за сега стабилна е ситуацијата, ја мониторираме, ако се зголемуваат цените без економска оправданост од страна на трговците, како што сме постапиле и во минатото ќе постатиме и сега. Ние ја гледма ебруто профитанта маржа на трговцеот поради тоа што ако на берза се зголемува цената на нафта тоа ќе влијае и кај другите цени и ние со ДПИ правиме контроли на целиот синџир... “- Бесар Дурмиши – министер за економија. На брифингот со новинарите Дурмиши рече дека во периодот кој следи можни се и измени во законот за нефер трговски практики, а зборуваше и за минималната плата – прашање кое рече дека во наредниот период ќе се отвори во рамки на ЕСС, бидејќи вели сите индикатори досега покажуваат дека таа во март повтроно ќе се згоелми, но исто така рече дека како институција се отворени за разговори и за смена на формулата за пресметка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзградба на дата центри – државен интерес или енергетски ризик?Изградбата на дата центри е од државен интерес за Македонија, секоја висока технологија во иднина ќе биде зависна од нив и доколку создадеме сопствена база ќе ги елиминираме безбедносните ризици на податоците- оценува за Канал 5 деканот на ФИНКИ.Изградбата на дата центри е од државен интерес за Македонија, секоја висока технологија во иднина ќе биде зависна од нив и доколку создадеме сопствена база ќе ги елиминираме безбедносните ризици на податоците- оценува за Канал 5 деканот на ФИНКИ, Петре Ламески. Според него, во ера на напредна вештачка интелигенција воопшто не треба да има дилема за овие инвестиции, единствено вели треба да се направи добра стратегија за потрошувачката на струја како клучен ресурс за работа на дата центрите. -Имањето на сопствени дата центри на територија на државата гарантира донекаде суверенитет на сопствените податоци. Доколку ние немаме сопствени капацитети ќе бидеме увозно зависни и ќе мора нашите податоци да одат некаде во странство да се процесираат и да се враќаат и тоа е безбедносен ризик и ризик по внатрешните капацитети за иновација. Не става под ризик на индустриска шпиуниажа. / Веќе е државен интерес да имаме и на наша територија, секако тоа да биде направено со добро планирање на енергетските ресурси и со добро менаџирање со отпадот,- Петре Ламески – декан на ФИНКИ. Дата центрите се објекти во кои се сместени голем број на моќни комплјутери и сервери кои чуваат, обработуваат и разменуваат огромни количини податоци. Ламески вели дека тие трошат струја како големите компании, но секогаш постои опција за снабдување од обновливи извори за да не се загрозат постојните количини со кои располагаме. И во однос на водата смета дека нема простор за загриженост бидејќи тие можат да користат т.н. затворени системи кои не ја доведуваат во опасност животната средина. -Во зависност од големината, тие знаат да бидат потрошувачи на електрична енергија во ранг на една поголема фабрика. Како таков објект, мора добро да се испланира мрежната инфраструктура за снабдување со електрична енергија, а имаме и дата центри кои користат електрична енергија и за самото процесирање, меѓутоа и за нивното ладење или да користат вода којашто во помодерните системи е затворен систем којшто овозможува помали загуби или да имаат од помодерните енергетски ефикасни решенија кадешто топлината од дата центрите којашто се ослободува се реискористува во некои други процеси,- Петре Ламески – декан на ФИНКИ. Изградбата на дата центри не е нова, ниту пак сме единствени во намерата, потенцира Ламески, кој вели дека многу држави од регионот и светот веќе ги користат и ги надградуваат. -Во Грција, Србија, Бугарија веќе се градат големи вакви центри како државни. Во Грција има и приватни како инвестиции.. Романија планира во стотици мегавати да се градат на нејзина територија во наредниот период, и Словенија планира исто такви капацитети, се градат и во Хрватска. Сите држави од регионот, во Европа, Америка и Кина веќе се наптпреваруваат во тоа кој ќе има поголеми капацитети. Петре Ламески – декан на ФИНКИ. Власта пред неколку месеци ги изгласа измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, со што дата-центрите станаа објекти од национално значење, и е воведена забрзана постапка во која стручна ревизија и јавна анкета не се задолжителни. Тагови: дата центри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56