Одложена седницата во Апелација за убиствата на Вања и Панче поради здравствената состојба на Видевски - Канал 5

Одложена седницата во Апелација за убиствата на Вања и Панче поради здравствената состојба на Видевски

Видевски е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите.

Одложена седницата во Апелација за убиствата на Вања и Панче поради здравствената состојба на Видевски

Јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје за жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска беше одложена поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите, Боре Видевски, кој во моментот се наоѓа на болничко лекување.

Како што информира неговиот бранител, адвокат Бојан Манев, Видевски е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите.

- Лицето живее со еден бубрег, кој му е дониран, континуирано не е лекувано во затворското одделение и затоа не може соодветно да се лекува бидејќи има континуирана потреба од дијализа. Тој од август првпат е однесен на лекарски преглед на 17 март оваа година, каде што, според параметрите, неговиот креатинин - за кој нормалните вредности се од 50 до 100 - изнесувал 600, а пред два дена бил 850. Во такви услови буквално се влошила неговата здравствена состојба во притворското одделение и бил однесен на Клиниката за нефрологија при Клиничкиот центар во Скопје, каде што моментно е на болничко лекување - изјави адвокатот.

Прашан доколку Видевски не биде во можност да дојде на наредниот термин, дали ќе се обезбеди согласност за да не се одложи рочиштето, одговори потврдно.

- Јас ќе се обидам да обезбедам согласност, меѓутоа проблемот овде е системски, бидејќи доколку лицето има соодветен болнички третман и соодветно лекување, нема да има проблем да присуствува на рочиштата. Моментно обвинетиот е во притвор, но притворот може да биде и во Шуто Оризари и во болнички услови, како и куќен притвор. Во сите случаи за него најважно е да добие соодветен болнички третман. Доколку го има тоа, тој ќе присуствува. Што се однесува до согласноста, таа не е проблем - ќе ја обезбедиме - рече адвокатот.

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите. Денешната расправа беше одложена за 11 мај 2026 година.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, а Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази.

Според обвинението, обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило за да го користат за грабнување на девојчето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно во топлес

Славната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно привлече внимание со провокативни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. 

Фото: Хајди Клум повторно во топлес

Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“.

Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето.

За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување.

Манекенката и претходно има објавувано свои фотографии на кои се сонча топлес, а во минатото објаснила дека ваквиот начин на сончање е прилично вообичаен во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

-Мини-фустанот малку криеше.

Фото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини

Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг.

Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание.

Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња.

Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките.

Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации.

Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед.

Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Организираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. 

СДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во Србија

Касно е за перење.

Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ.

Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО.

Граѓаните паметат и знаат.

Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап.

Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште.

Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија.

Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски .

Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.

Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот.

Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ.

Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО.

Но ние знаеме зошто е паниката.

Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност.

Скопје, 27.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер